На 14.03.2022 година околу 14 часот во ОВР Струга пријавен е пожар на трска покрај брегот на Охридското езеро, во атарот на струшкото село Калишта, во кој нема повредени лица.
Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. Истиот ден, пријавено е дека на 13.03.2022 година околу 19 часот настанал пожар во месноста „Краста” во атарот на струшкото село Делогожда. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Струга – информираат од СВР Охрид.
Пораснаа цените на становите во Струга. Еден метар квадратен се движи од 700 до рекордни 1300 евра на поатрактивните локации на брегот на Охридското езеро и кејот на реката Црн Дрим. Најевтините станови, кои денес може да се најдат во постари станбени објекти, се движат од 500 до 700 евра зависно од локацијата.
Во последните две години во пандемијата цените на недвижностите во струшко бележат 20% зголемување.
Последните две години имаме еден раст на цените до 20 % на становите во Струга. Тоа не е само по желба на градежната индустрија и изведувачите. Тука влијаат повеќе фактори градеж…
По двегодишна пауза, повторно се активира механизацијата на каменоломите во струшко Лабуништа. И покрај одземените концесии, деновиве се врши ископување и експлоатација. Со години еколозите бараа затворање на каменоломите, кои поради минирање и ископување предизвикуваат големи количини прав, кој го труе населението.
Мештаните бараат итно да се стопира, во спротивно повторно најавуваат масовни протести, бојкот на настава и граѓанска непослушност.
Се што се работи на терен бараме во најкраток рок да се забрани, односно да се стопира. Ова го апелираме за да не дојде повторно до несакани после…
На 10.03.2022 година во 17.50 часот во ОВР Струга, приведен е Ф.Л.(20) од Дебар.
При извршен преглед врз патнички автомобил „Фолксваген” со дебарски регистарски ознаки во кој се превезувал, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа вкупно 100 парчиња сигнални куршуми калибар 9 милиметри што, нелегално ги поседувал. По целосно документирање, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
На 06.03.2022 година во 23.50 часот, пред угостителски објект лоциран на улицата „Владо Малески” во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување извршено од И.М.(33) од Струга.
Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Синоќа околу 20.30 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај место викано Равење се случила сообраќајна несреќа помеѓу „ауди” управувано од А.Ц.(26) од село Јабланица и возило „ровер” управуван од Е.К.(20) од село Лабуништа.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „ровер” О.К.(41) од с.Лабуништа констатирани во Општата болница-Охрид, а со телесни повреди се здобил возачот А.Ц. констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга.
Пораснаа цените на становите во Струга. Еден метар квадратен се движи од 700 до рекордни 1300 евра на поатрактивните локации на брегот на Охридското езеро и кејот на реката Црн Дрим. Најевтините станови, кои денес може да се најдат во постари станбени објекти, се движат од 500 до 700 евра зависно од локацијата.
Во последните две години во пандемијата цените на недвижностите во струшко бележат 20% зголемување.
Последните две години имаме еден раст на цените до 20 % на становите во Струга. Тоа не е само по желба на градежната индустрија и изведувачите. Тука влијаат повеќе фактори градежните …
На 09.03.2022 година во 13.30 часот, во ОВР Струга пријавено е дека K.К.(81) од Струга е пронајден починат во својот дом.
При увидот, извршен од Јавен обвинител и полициски екипи, било констатирано дека, во собата каде бил пронајден претходно настанал пожар, кој не се проширил во другите простории. Лекар констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција – информираат од СВР Охрид.