Post Views: 10
Полни гледалишта, позитивната критика и задоволните уметници се доказ дека годинешново 57 издание на реномираниот фестивал „Охридско лето“, помина во беспрекорна организација, истакна директорката на оваа установа Сузана Вренцоска, на денешната завршна прес конференција. Вренцоска нагласи дека политиката што ја води установата е доближување на културата до граѓаните, збогатување на културните содржини со нови како и развој на културниот туризам со промоција на културното наследство.
„Со тимска работа, почитувајќи ја традицијата продолжиме да ја градиме вредноста на...
Post Views: 2
Aлександар Студзински од Германија во машка и Барбара Позобон од Италија во женска конкуренција се победници на 31виот Охридски пливачки маратон. Победата на двјцата пливачи беше мошне неизвесна и тесна, ги делеа секунди од останатите тројца маратонци. Девојките од Италија рамо до рамо се бореа со натпреварувачите во машка конкуренција и секунди одлучуваа дали годинава победник на маратонот ќе биде пливач или пливачка. Победникот Студзински до целта пристигна за 5 часа 15 мин 14 сек и 36 стот, а само 37 секунди по него доплива Барбара Позобон со време од 5 часа 15 мин...
Post Views: 1
Мерката за задолжително приложување сертификат за примена барем една доза вакцина или потврда за прележан Ковид 19 во последните 45 дена од оздравувањето го зголеми интересот на населението за вакцинација. Забраната за влез во угостителските објекти, затворени трговски центри молови, обложувалници, посета на организирани настани без ковид сертификат за дел од граѓаните беше причина да се имунизираат.
Секојдневно се објавуваат информации за одредени големи компании меѓу кои Google, Netfliks, Facebook, Washington Post кои побарале од нивните вработени да се вакцинираат...
Post Views: 2
58 милиони денари е вкупната проценета штета од серијата земјотреси што ова лето го погодија Охридскиот регион. Ова е бројка со која официјално излезе Општинската комисија за проценка на штети. До неа поднесени биле 854 барања за проценка на штети, 802 за индивидуални објекти и 52 за деловни објекти. Штетата кај индивидуалните објекти изнесува 48 милиони денари, а кај деловните 9 милиони денари. Извештајот на Оштинската комисија се најде и пред советниците во градскиот совет. Откога беше усвоен, истиот, ќе биде испратен до соодветната владина комисија. Во наредните 6...
Post Views: 8
Од Свети Наум, точно напладне, на маратонската патека Климе Савин беше означен почетокот на 31виот Охридски пливачки маратон. Организаторите велат дека стартот бил навреме и поминал во најдобар ред. Оваа година 22 -ца пливачи од Македонија и светот ја пливаат 30 километарската патека за стигнат на целта кај градскиот плоштад.
Во машка конкуренција има 15 пливачи меѓу кои се тројцата македонски маратонски пливачи Евгениј Поп Ацев, Александар Панчевски и Александар Илиевски. Покрај нив, на пливачката патека за првото место во машка конкуренција ќе се борат и пливачи од...
Post Views: 2
Многу земји воведуваат големи рестрикции кога се во прашање пушачите, како што е забрана на пушењето на јавни места, за да го заштитат здравјето на своето население.
Исто така, сѐ почесто се воведуваат високи даноци и акцизи на овие производи поради што цигарите стануваат сѐ поскапи.
Просечната цена на цигарите во поединечни земји е толку висока што едноставно граѓаните ги тера да престанат да пушат. На пример, во Австралија просечна цена на кутија цигари изнесува повеќе од 16 долари.
Ова е попис на земји каде цигарите се најскапи:
-Австралија 16,11 долари
-Нов Зеланд...
Post Views: 1
Во Охрид подолго време нема занаетчија бочвар. Бочки за чување вино се набавуваат по нарачка во други градови. Од ковачкиот и опинчарскито занает , пак по еден мајстор секој во својот занает жилаво се бори за опстанок на дејнсота . Ова се само неколку примери од многуте занаети кој се во изумирање, а се прават напори да опстанат. За таа цел во центрите за вработување тече оглас со кој се бараат занаетчии кои ќе ги пренесат тајните на занаетите на заинтересираните невработени лица. Сашо Богојески , претседател на регионалата занаетчиска комора, напоменува дека го поздравуваат...
Post Views: 3
ИО на опозицискиот СДСМ на попладневната седница закажана во 17 часот, ќе го предложи Стево Пендаровски за свој единствен кандидат на претстојните претседателски избори, потврдија за Дојче веле партиски извори.
За номинацијата на универзитетскиот професор Пендаровски се очекува во вторник прво да се изјасни Централниот одбор, а потоа и партискиот конгрес, чиј почеток е закажан во 19 часот. Според извори во партијата, нема дилема дека номинацијата ќе биде потврдена, бидејќи за Пендаровски имало најмногу предлози од општинските организации на опозицискиот СДСМ, водел...
Post Views: 3
На охридските советници очигледно иако се на крај на нивниот мандат сеуште не им недостасува енергија. На денешната 73та седница која воедно е и предпоследна во овој состав, три сати жестоко дискутираа само на една точка која не беше ниту предвидена во дневниот ред туку денес беше додадена на предлог од советничката група на ВМРО ДПМНЕ. Бурната дискусија се водеше за донесување или не на Заклучок за неприфаќање на нацрт стратегијата за интеграција на бегалци и странци во РМ за период од 2017 до 2027год. и акционен план произлезен од стратегијата донесена на Владата на...
Post Views: 10
Атрактивните туристички центри Охрид и Струга, покрај тоа што се магнет за туристите, посебно во лето се привлечни и за питачите. И оваа туристичка сезона во централното градско подрачје на Охрид регистрирано е присуство на питачи, додека пак во Струга сликата е драстично поалармантна, таму ги има насекаде. Граѓаните забележуваат дека покрај тоа што питачите се наметливи кон минувачите и туристите, често се случува доколку на питачите не им дадете по некој денар, тие да се и агресивни. Од СВР Охрид потврдуваат дека во летниот период бројот на малолетни лица што питачат...
Post Views: 1
Урбаната опрема, зголемувањето на цената на водата и незаконското работење на паралелките во Подгорци, главни теми на менито забелешки на струшките советници, кои денес ги изнесоа на 40 есеттата седница на советот. Јулијана Зуноска координаторот на ВМРО – ДПМНЕ, вели дека неможе во континуитет да се предлагаат точки кои се за покривање на претходно донесени незаконски одлуки и точки кои се спротивни на интересите на граѓаните на општина Струга.
„Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ загрижена од состојбата со поставувањето на поставувањето на урбаната опрема, од начина...
Post Views: 10
Нешто повеќе од една недела не дели до почетокот на новата учебна година, а родителите веќе на големо купуваат училишен прибор и ранци за децата. Трошоците поврзани со зимницата и секако со почетокот на учебната година месец септември го прават да биде меѓу најскапите месеци во годината. Ова особено ги загрижува семејствата кои што располагаат со минимални приходи. Според првичните пресметки што ги прават родителите, почетокот на учебната година за еден ученик семејството ќе го чини околу 6000 денари. Со овие пари како што велат родителите треба да се купат, тетратки,...