Прекината седница во Струга

Струшките седници никако да влезат во нормален колосек. Пратениците и овој пат повеќе време посветија на низа забелешки во врска со дневниот ред на 40 есетата седница отколку на расправата по точките.

 |  Николоска Биљана  | 
sednica
седница

Урбаната опрема, зголемувањето на цената на водата и незаконското работење на паралелките во Подгорци, главни теми на менито забелешки на струшките советници, кои денес ги изнесоа на 40 есеттата седница на советот. Јулијана Зуноска координаторот на ВМРО – ДПМНЕ, вели дека неможе во континуитет да се предлагаат точки кои се за покривање на претходно донесени незаконски одлуки и точки кои се спротивни на интересите на граѓаните на општина Струга.

sovеtnici struga„Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ загрижена од состојбата со поставувањето на поставувањето на урбаната опрема, од начина на распределба, загрижена од хаосот кој владее во оваа област уште еднаш на советот на општина Струга ќе му предложи да формира анкетна комисија со мандат и надлежности за средување состојбите . Сведоци сме дека секојдневно без никаква согласност без никакво одобрување никнуваат објекти кои не само што го менуваат автентичниот лик на градот туку се повеќе стануваат опасност како за гераѓаните на Струга така и за туриститие кои го посетуваат нашиот град“.

Ќазим Иљази пак, вели дека предлогот не е лош, но дека веќе во рамките на Советот веќе функционира партиципативно тело, кое можеби време е да се ангажира. тој додава дека во составот на тоа тело има експерти кои добро си ја познаваат работата.

sovetniciПосле неговата изјава во дискусија со конкретно прашање, каде било тоа партиципативно тело цели три години, се впушти Момчило Аврамоски советникот на ВМРО ДПМНЕ. Тој рече дека остануваат на партискиот став, за формирање на анкетна комисија, со цел да се има поголема контрола во целата состојба.

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, не го гледа хаост кој го посочи Зуноска, туку напротив вели дека има простор за поставување и на повеќе од предвидената урбана опрема, бидејќи годинава туристичката сезона ветувала многу.

На денешната седница советникот на ПЕИ Јонуз Мирсад, побара да се констатира оставката на Адријана Асоска, Абдула Ќазимоски од Нова Демократија повторно побара одговор од градоначалникот зошто се одлага точката во врска со каменоломите во струшкото село Лабуништа, а седницата беше прекината на 9 тата точка на дневен ред која се однесуваше на незаконскот работење на паралелките во село Подгорци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top