Post Views: 9
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска информира дека во наредниот период до изборите, сите документи ќе се разгледуваат во брза постапка.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска информира дека во наредниот период до изборите, сите документи ќе се разгледуваат во брза постапка односно веднаш ќе се одобруваат и изработуваат, со цел да им се излезе во пресрет на колку што е можно поголем број граѓани да го остварат своето гласачко право.
Притоа министерката Јанкулоска беше информирана дека евиденциите на начин како што тоа го бараат законските...
Post Views: 2
Охриѓани се свесни за потребата од водење здрав живот и здрава исхрана, како и за користењето на храната од органско производство. Се поголем број на граѓани се свесни за поврзаноста на правилната и здрава исхрана и здравјето, како и за се поголемата застапеност на генетски модифицирана храна на пазарот па затоа се подготвени да бараат да купат здрави органски производи. ТВМ ги анкетираше охриѓани околу тоа дали знаат што е органска храна, кој е бенефитот од истата и каде може да се набави. Во Охрид, големата фармацевска компанија Зегин има специјализирани продавници...
Post Views: 11
Образованието е клучен фактор за напредокот на градот Охрид. Знаењето е сила, знањето е моќ. Вложувањата во образованието се вложувања во иднината на нашите деца и нивно формирање како здрави личности, кои ќе бидат подготвени за современите предизвици на животот, истакна на денешната прес конференција кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ, Д-р Снежана Стефаноска.Изминатите 4 години покажавме максимална посветеност кон унапредувањето и развојот на образованието како и подобрување на образовната инфраструктура: реконструкција на училиштен објект ОУ „Григор Прличев“, реконструкција...
Post Views: 14
Дел од олимписките дисциплини од денес пред стружани. Започнува Спортското лето Струга 2012. Овој проект кој го организира и помага Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија годинава се одржува за прв пат, но од таму изразија надеж дека Спортското лето ќе продолжи и во иднина.
„Бевме на повеќе локации неколку пати, но ја избравме Струга. Мислам дека не згрешивме во изборот, бидејќи Струга е спортски град со голема традиција.“-рече директорот на агенцијата за млади и спорт, Лазар Попоски.
„Суштината и идејата е на едно место , граѓаните на Република Македонија...
Post Views: 0
Охрид како православен центар никогаш не се согласувал со обидот на територијата на Архиепископијата да се создаде нова црковна организација. „На сите нам ни се познати црковните прилики на Балканот, кои не се само идентификација на Црквите на овој простор, туку и низ целото Православие. Станавме заробеници на форми и празни дефиниции, на политики, на суети, на историски предности и некакви права, на национални желби и посакувања“, истакна Поглаварот на МПЦ Господин Стефан на на свеченоста која викендов се одржа во Охрид по повод 50 годишнината од возобновувањето на...
Post Views: 0
Се решава деценискиот проблем со водоснабдувањето во струшко. Започна реконструкција на водоводната мрежа и пумпната станица кај изворите во Шум. Ќе се заменуваат и азбесните цевки, а ќе биде поставен и систем за наводнување на обработливите површини, најави струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.
Со овој проект ќе се реши долгогодишниот проблем на стружани, кои постојано се соочуваат со недостиг на вода.
Со пренасочување на водата која доаѓа од резервоарите кај Заграчани со тоа што Струга како град посебно ќе се приклучи на нов цевковод и веќе имаме нов цевковод со осум...
Post Views: 1
Охрид е домот на брендираната „охридска цреша“ и на најубавите јагоди. Обработливото земјиште со кое располага охридскиот регион е одличен капацитет за развој на земјоделството. За да се постигнат видливи резултати, потребно е зголемување и на производството, но и на пласманот на производи, истакна на денешената прес конференција Јован Стојаноски кандидат за градоначалник на Охрид.
„Токму затоа предвидуваме изградба на откупно-дистрибутивен центар. Со ова создаваме услови за соодветно сортирани,пакувани и продадени земјоделски производи. Просториите за ладење и одржување...
Post Views: 1
Македонија и Словенија започнуваат стратешко партнерство во одбраната. До крајот на годинава ќе биде потпишан амбициозен договор за стратешка соработка меѓу министерствата за одбрана на двете земји, а се надевам нашиот пример ќе го следат и двете влади, кажа министерката Радмила Шеќеринска по билатералните разговори во Охрид со министерот за одбрана на словенија Матеј Тонин. Посакувајќи му добредојде на својот колега, Шеќеринска рече дека го поканила во Охрид кој е еден од 28-те градови во светот кои УНЕСКО ги прогласи за светско културно и историско наследство за преку...
Post Views: 4
Владата на Каталонија објави ноќеска дека 90 отсто од гласовите на вчерашниот референдум за независност се – за независност.
Портпаролот на Влдата, Жорди Турул изјави дека во референдумот учествувале 2,26 милиони луѓе и 2,02 милииона гласале за независност. На референдумското изјаснување учествувале околу 42,3 отсто од вкупно 5,43 милиони избирачи во Каталонија.
Post Views: 2
Во организација на Охридскиот Завод за кардиоваскуларни заболувања и оваа година, традиционално се одбележа Светскиот ден на срцето. Овој настан има за цел да ја направи што подостапна информацијата дека срцевите заболувања и мозочниот удар се водечка причина за смртност во светот и се одговорни за 17.3 милиони изгубени животи годишно. Денес тимови од Заводот за кардиоваскуларни заболувања мереа притисок, правеа ека-ге и други рутински прегледи на сите оние кои сакаа да го исконтролираат своето здравје. Беа прегледани околу 150 охриѓани, но и гости.
Онаму каде што нашите...
Post Views: 1
Еден од најголемите светски модни гиганти Hannes&Mauritz (H&M) промовирајќи рециклирани материјали се обидува да го намали загадувањето на човековата околина и апелира на недостаток на суровини.
За таа цел, веќе следната недела имаат намера да покренат линија за фармерки изработени од рециклиран памук, а ветуваат награда од еден милион евра за дизајнерот кој ќе им помогне да развијат нови техники за рециклирање на влакната кои ќе го задржат почетниот квалитет. Извршниот директор на H&M, Karl-Johan Persson и официјално ги потврдил овие најави.
Постоечките...
Post Views: 0
Со служење на света литургија и кршење на погача денес во елитната туристичка населба Лагадин беше одбележан празникот посветен на Вера, Нада, Љуба и мајката, великомаченица Софија. Голем број верници традиционално се собраа во малата црквичка на езерскиот брег и го одбележаа овој христијански празник. Тие со свеќа и молитва си посакаа здравје, љубов и благосостојба.
Прославата на овој верски празник во Лагадин започна пред 17 години на иницијатива на познатиот угостител Љупчо Патче. По повод 2.000 години од христијанството, Патче како ктитор, ја изгради малата црква...