СДСМ Охрид: Охридските земјоделци заслужуваат откупно-дистрибутивен центар

СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“, предвидуваат изградба на откупно дистрибутивен центар на земјоделски производи, истакна на денешената прес конференција  нивниот кандидат за градоначалник на Охрид, Јован Стојаноски.

 |   | 

Охрид е домот на брендираната „охридска цреша“ и на најубавите јагоди. Обработливото земјиште со кое располага охридскиот регион е одличен капацитет за развој на земјоделството. За да се постигнат видливи резултати, потребно е зголемување и на производството, но и на пласманот на производи, истакна на денешената прес конференција Јован Стојаноски кандидат за градоначалник на Охрид.

„Токму затоа предвидуваме изградба на откупно-дистрибутивен центар. Со ова создаваме услови за соодветно сортирани,пакувани и продадени земјоделски производи. Просториите за ладење и одржување на откупно-дистрибутивот центар овозможуваат подобрување на валитетот на производите, а инвестицијата во ваков центар им помага на земјоделците од регионов за нивно окрупнување и организирање кластери на земјоделски производители“ најави Јован Стојаноски – кандидат за градоначалник од коалицијата „За подобра Македонија“.

Стојаноски кажа дека функционирањето на центар од ваков тип ќе придонесе за зголемување на конкурентноста на земјоделците на пазарите, но и заштита на откупните цени на замјоделски производи.

„Ваков откупно-дистрибутивен центар на земјоделски производи според потребите се предвидува во близина на Лескоец и велгошти. Истиот овозможува поголем удел на земјоделците во крајната цена по која ги продаваат своите производи. Тие добиваат поквалитетни производи, ги продаваат по повисоки цени и добиваат можност преку земјоделските кластери во поголеми колични да ги продаваат своите производи“ објасни Јован Стојаноски – кандидат за градоначалник од коалицијата „За подобра Македонија“.

Стојаноски рече дека со изградбата на овој центар ќе се намалат разликите помеѓу градските и селските средини.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top