Македонија и Словенија започнуваат стратешко партнерство во одбраната

Техничка и материјална поддршка на нашиот противпожарен систем ќе биде во фокусот на стратешко партнерство во одбраната помеѓу Македонија и Словенија. Ова на заедничката прес конференција во Охрид го соопштија министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот словенечки колега Матеј Тонин.

 |   | 

Македонија и Словенија започнуваат стратешко партнерство во одбраната. До крајот на годинава ќе биде потпишан амбициозен договор за стратешка соработка меѓу министерствата за одбрана на двете земји, а се надевам нашиот пример ќе го следат и двете влади, кажа министерката Радмила Шеќеринска по билатералните разговори во Охрид со министерот за одбрана на словенија Матеј Тонин. Посакувајќи му добредојде на својот колега, Шеќеринска рече дека го поканила во Охрид кој е еден од 28-те градови во светот кои УНЕСКО ги прогласи за светско културно и историско наследство за преку најубавото од Македонија да ја искаже благодарноста до народот во Словенија за помошта која таа земја ни ја дава изминатите 30 години и до миниситерот лично за помошта во најтешките мигови кога земјата се справуваше со огнени стихии. Она за што денеска најдетално разговаравме беа пожарите кои ја зафатија државата и значењето на системите за заштита и спасување и управување со кризи, кажа министерката.

Во владата донесовме одлука дека на системот му требаат сериозни реформи и ние како Министерството за одбрана ја добивме задачата на таков предлог на закони којшто ќе значи реформа не само на финанисирање туку и начинот на кој системот ќе функционира. 8: 19  8:42 Се договоривме двете министерства да започнат поблиска соработка во делот на реформите на тој систем, со фокус врз противпожарната заштита каде Словенија има огромно искуство и позитивни резултати – истакна Шеќеринска.

Министерот Тонин изјави дека посебно го радува посетата на Охрид и дека се заљубил во охридските убавини. Тој посочи дека Словенија е посветена на продлабочување на соработката со Македонија и градење блиски пријателски односи, изразувајќи поддршка за нашите евроинтеграции.

Убеден сум дека веќе и денес, партнерството помеѓу Словенија и Северна Македонија е некој вид стратешко и верувам дека во блиска иднина, тоа ќе се формализира со потпис на договор за стратешко партнерство помеѓу двете земји. Подготвени сме во иднина уште повеќе да го зацврстиме нашето партнерство и пријателство, да понудиме обуки, да донираме техника и опрема за Македонија полесно да се справува со разни предизвици – изјави министерот Тонин.

Словенечкиот министер кој истовремено е и вицепремиер на земјата актуелен претседавач со ЕУ рече дека со нетрпение го очекува денот кога Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ, а Словенија ќе направи сè што е во нејзината моќ тоа да се случи побрзо.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top