Post Views: 0
Согласно Законот за заштита на личните податоци, личните податоци можат да се обработуваат единствено доколку постои законска основа или согласност од субјектот на личните податоци.
Исто така, во согласност со Законот за заштита на личните податоци, обработката на личните податоци за цели на директен маркетинг е дозволена само по претходно добиена согласност од субјектот на личните податоци. Во таа смисла, согласноста треба да биде дадена од страна на субјектот на личните податоци, односно треба да му биде дадена можност да избере дали ќе ја даде или не својата согласност...
Post Views: 17
16 екипи од Охрид , Струга и Скопје учествуваа на Оhrid sealing cup. Едрењето имаше натреварувачки карактер, а меѓу едриличарите за прв пат се натпревруваше и женски екипаж од Скопје. Се пловеше на потегот Пристаниште – Канео – Куба Либре – Пристаниште. Стевчо Ставрев претседател на Здружението за спортови на вода Акватика јахтинг укажува на нивните идни планови.
„ Тенденција е „ Оhrid sailing cup“ да прерасне во манифестација препознатлива за Охрид. Развивање на едрењето , на наутичкиот туризам и искористување на најнеискористениот спортски терен...
Post Views: 3
Последните испитувања на мостри со вода за пиење од градскиот водовод и површинските води во Охрид покажале дека се со добар квалитет. Во охридската водоводна мрежа нема индикатори за нарушување на квалитетот на водата за пиење, информира Сашо Точков директор на ЦЈЗ. Она што загрижува, а не е ново, што во водоснабдувањето со водата за пиење се селските водоводи продолжува практиката да не се употребува средство за хлорирање. Во селските водоводи 70 посто од водата е со добар квалитет, но 30 посто од земените мостри во селата покажауваат дека нема средство за хлорирање...
Post Views: 11
Од улична анимација до поголема социјална инклузија. Младински организации од 10 европски земји, меѓу кои и домаќинот Македонија, учеа вештини како жонглирање, цртање на лице, а правеа и кловновски точки. На овој начин тие не само што се забавуваа, туку во исто време учеа како да работат со млади, како да едуцираат и работат со локалното население. Некои од овие младински организации како Арт Мрежа од Србија се повеќе посветени кон примена на уметноста, но велат отворени се кон нови хоризонти.
„Ова е можност да се добијат некои нови идеи и методи, и да се сретнат луѓе...
Post Views: 2
Нашата мисија е да бидеме достапни, отворени за сите граѓани и транспарентни. Создаваме општина која ќе биде услужна и ќе одговори на секој граѓанин. Функционирањето на една локална самоуправа се огледув преку функционирањето на јавните услуги, преку работата на јавните претпријатија кои треба да обезбедат соодветни услуги. Тие постојат за да им служат на граѓаните“ најави на денешната прес конференција Јован Стојаноски – кандидат за градоначалник на СДСМ и коалицијата „За живот во Македонија“.
„Токму затоа обезбедуваме висококвалитетни комунални услуги и поставуваме...
Post Views: 0
Споделената данска студија во постот го тврди спротивното, односно дека зголемена трансмисија на омикрон сојот има повеќе кај невакцинираните лица во однос на вакцинираните. Најдовме зголемена трансмисија кај невакцинираните лица и намалена трансмисија кај лицата кои се бустер-вакцинирани, во споредба со целосно вакцинирани лица, пишува во студијата.
Во пост на Фејсбук се изнесени лаги и манипулации дека вакцинирните најмногу заболуваат од омикрон, што е неточно.
Двојно и бустер вакцинираните се магнет за омикрон. Многу појке од НЕвакцинираните. Данска студија.
Comparing...
Post Views: 0
Квалитетно изработена урбанистичко-планска документација овозможува заштита и унапредување на животната средина, а пак уредувањето на просторот и неговото планирање во дослух со граѓаните креира пософистициран лик на Општината и овозможува нејзино просторно искористување, изјави на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на ВМРОДПМНЕ и коалицијата „За подобар живот“ Др. Митко Тилевски.
„Со цел да се прифатат и да бидат вградени барањата за бесправно изградени објекти, континуирано се изработува ДУП за сите населени места, доколку, како дел од постапката,...
Post Views: 6
ГФК Охрид Лихнидос утре на гостински терен против Кадино ќе го одигра вториот натпревар во Втората македонска фудбалска лига-Запад. Натпреварот започнува во 16 часот, на фудбалскиот терен на ФК Кадино.
„Рибарите“ новата сезона од ВМФЛ ја стартуваа со победа над тимот на Беса на домашен терен со резултат 4:1.
Post Views: 0
„Дали Јован Стојаноски знае дека вработувањата во охридската Пожарна кои ги ветува низ цел град, а најмногу во Велгошти нема да може да ги реализира бидејќи за тоа постои законска препрека“, јавно запраша Снежана Стефаноска, кандидат за советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Во Пожарната во Охрид целосно е исполнет дозволениот законски број на вработени и во никој случај не ќе може да има нови вработувања. Единствено е можно да се вработи некој само ако има лице кое исполнило законски услови за пензија или некој да биде отпуштен од работа“, кажа Стефаноска на денешната...
Post Views: 1
Времето на празни ветувања и продавање магла заврши. На граѓаните им е потребен градоначалник кој ќе ги решава нивните проблемите и ќе работи во нивен интерес, а не градоначалник кој што со од ракав истресени и слаткоречиви ветувања се обидува да ги прелаже граѓаните, истакна кандидатот за советник од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, Дејан Шикоски. Тој рече:
„ВМРО-ДПМНЕ јавно го прашува кандидатот за Градоначалник на СДС Јован Стојаноски дали тој и неговата партија го променија ставот околу раздолжувањето на Охрид, за кое во медиумите тврдеа дека цитирам...
Post Views: 0
DLR, институтот за вселенски системи дизајнирал футуристички авион на ракетен погон кој би можел патниците од Австралија да ги превезе во Европа за само 90 минути.
Иако е малку веројатно дека овој систем ќе биде изработен до 2050 година, идејата е секако импресивна. Спрема SpaceLiner концептот, авионот на ракетен погон би бил лансиран во земјината стратосфера на висина од 80 километри каде поради густината на воздухот би можел да лета со брзина од 13.300 километри на час, пишува News.com.au.
Двостепениот концепт на конфигурација на вертикално полетување потпомогнат со...
Post Views: 3
Охридскиот центар за јавно здравје обезбеди 3000 вакцини против сезонски грип. Од нив 1500 се наменети за Охрид ,а останите 1500 за Струга и Дебар. Центарот годинава воведе новина, со претходно закажување на термини во домашна посета бесплатно ќе се врши вакцинирање за граѓаните кои неможат да дојдат во просториите на епидемиолошкото одделение во Центарот, информира Сашо Точков директор на ЦЈЗ.
„ Мобилни екипи на ЦЈЗ да ја направат имунзиацијата поефикасна за телесните инвалиди и немоќните лица , наши екипи ќе одат по домовите по 30 октомври и ќе вршат вакцинирање“,...