И за „тупење“ со реклами преку телефон, треба согласност

Согласно  Законот за заштита на личните податоци, личните податоци можат да се обработуваат единствено доколку постои законска основа или согласност од субјектот на личните податоци.

privatnost
приватност

Согласно  Законот за заштита на личните податоци, личните податоци можат да се обработуваат единствено доколку постои законска основа или согласност од субјектот на личните податоци.

telefonИсто така, во согласност со Законот за заштита на личните податоци, обработката на личните податоци за цели на директен маркетинг е дозволена само по претходно добиена согласност од субјектот на личните податоци. Во таа смисла, согласноста треба да биде дадена од страна на субјектот на личните податоци, односно треба да му биде дадена можност да избере дали ќе ја даде или не својата согласност за цели на директен маркетинг.

Имено, компаниите не смеат лажно да се претставуваат и да користат лажни електронски адреси за вршење директен маркетинг, туку рекламите да ги дистрибуираат само во мрежата на контакти што се согласиле да добиваат пораки за директен маркетинг од нив.
И Европратениците усвоија резолуција за начинот на кој се спроведува директивата 2005/29/ЦЕ за нелојалните комерцијални практики.
Европскиот парламент бара од Европската комисија да спроведе истрага за распространетоста на оваа практика во ЕУ, која води до нелојална конкуренција и претставува злоупотреба на личните податоци на корисниците, за да на крај предложи соодветен законски текст за заштита на потрошувачите.

Кога станува збор за користењето на лични податоци од некоја пробрана база – без корисникот да дал дозвола неговите податоци не смеат да се користат за промовирање маркетинг. Потребна е јасна согласност на корисникот за тоа, тоа треба да биде правило, а не исклучок .

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top