Охридскиот новинар Милчо Јованоски ја доби наградата Најдобар новинар за 2017 година

Post Views: 3 Охридскиот новинар Милчо Јованоски е добитник на наградата Најдобар новинар за 2017 година. Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија, од Скопје, му го врачи ова признание на 27 декември, на годишната прослава на Европскиот институт во Скопје. За наградата Јованоски вели дека било изненадување кое не го очекувал, а драго му е што тоа е доказ дека сепак, некој го цени новинарскиот труд. Милчо Јованоски зад себе има долг стаж со кој го печел новинарскиот занает. За наградата ќе рече дека се должи на неговиот целокупен новинарски ангажман во изминативе 35 години. „Се...

Continue reading

Ковид 19

49 новозаболени од ковид-19 во Охрид, 12 во Струга

Post Views: 0 49 нови случаи на Ковид во Охрид и 12 во Струга во денешната статистика од Министерството за здравство. Во последните 24 часа направени се 7.123 тестови, а регистрирани се 1.822 нови случаи на КОВИД 19. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 173 реинфекции. Регистрирани сe 668 оздравени пациенти од кои 43 во Охрид и 5 во Струга.  Во земјава бројот на активни случаи е 13.478 лица.

Continue reading

Мерко:Рамномерен регионален развој на југозападниот плански регион

Post Views: 0 Центарот на југозападен плански регион работи 10 -тина години и со Стратегијата за рамномерен развој до 2019 година се предвидува да се зголемуваат средствата за планските региони, информира Рамиз Мерко претседател на југозападниот плански регион. Годинава, тоа ќе биде приоритет за струшкиот градоначалник кој е на чело и на овој плански регион. „Законот за рамномерен регионален развој е со европско знаме. Европа е заинтересирана да се унапреди и имплементира Законот. Тоа е 1 процент од бруто домашниот прозивод, некаде од 80 до 100 милиони денари годишно да се делат на...

Continue reading

Воска Спорт на „Грашница“ ќе ги одмери силите со Пелистер

Post Views: 22 Лидерот во ВМФЛ – ЗАПАД, екипата на Воска Спорт во сабота на пријателски меч ќе ги одмери силите со ФК Пелистер. Мечот ќе се игра на стадионот на “Грашница“ во Охрид со почеток од 16 часот. Секако дека ова ќе биде убава контрола за тренерите двете екипи, Раде Цицмиловиќ и Димитар Капинковски, да ја проверат моменталната форма на своите екипи во текот на првенствената пауза.

Continue reading

Во Охрид на пладне се роди машко бебе новиот жител во 2018 година

Post Views: 1 Во  11 часот и 49 минути на одделението на гинекологија на свет дојде првиот жител на Охрид во 2018 година. Мајката Катерина Глигороска роди машко бебе. Бебето е трето дете во семејството Глигороски. За текот на породувањето се погрижи медицинската екипа на чело со д-р Мимоза Влаши. „Првото бебе во 2018 е машко од мајка третородка спонтано породена со телесна тежина од 3520 грама и должина 51 цм. И бебето и мајката се во добра состојба. Има и второ новороденче женско од мајка третородка со царски рез. И двете родилки се во добра состојба“ кажа д-р Влаши. Два часа по...

Continue reading

Стартува скрининг програма за рано откривање на рак на дебело црево

Post Views: 7 Од денес стартува скрининг програма за рано откривање на карцином на дебело црево. Тестирањата ќе се спроведуваат во Центарот за јавно здравје, а упатите ќе ги издаваат матичните лекари, информира Сашо Точков директор на Центарот за јавно здравје. Тестовите со мостри кои го откриваат заболувањето ќе се предаваат во Центарот за јавно здравје секој работен ден од 8 до 13 часот, а резултатите ќе бидат готови за половина час. „Тестовите, тубите, епруветите каде што треба да се стават материјалите од три последователни столици се кај матичните лекари во амбулантите. За пациентите...

Continue reading

Можна одлука која ќе ја почувствува целиот свет

Post Views: 7 На состанокот на лидерите на американската централна банка кој ќе се одржи овој четврток ќе се одлучува за висината на референтните каматни стапки. Каматните стапки во САД веќе седум години се на најниско ниво во историјата па задолжувањето на граѓаните и компаниите беше изнимно евтино, што би можело сега да се промени. Меѓу инвеститорите на финансиските пазари, но и во економските институции како што е ММФ постои стравување дека глобалното стопанство сеуште не е спремно на раст на каматните стапки. Имено, во поголемиот дел на светот каматните стапки се исто така ниски,...

Continue reading

Стружани веќе нема да имаат проблем околу водоснабдувањето

Post Views: 1 Во текот на оваа година ќе се реши еден горлив проблем на стружани. МЈП „Проаква“ најавува поголеми градежни зафати на водоводниот систем во Струга. Со тоа ќе се подобри опфатноста на каптажата кај Шум со што стружани ќе имаат доволно количество вода за пиење, а ќе се реши и проблемот со заматеноста на водата при пообилни врнежи од дожд Искрено се надевам дека проблемот нема да се повтори. А поголема санација на каптажата ќе се направи кога ќе дозволат временските услови така што овој проблем нема да се повтори. Ние се што треба ќе направиме од наша страна, вели Владимир...

Continue reading

Годинава која е пред нас ќе биде просперитетна за Охрид

Post Views: 6 Годинава која е пред нас ќе биде просперитетна за Охрид, вели градоначалникот Јован Стојаноски. После 2017та која беше конфузна година, година на формирање на нова влада, локални избори, оваа година треба да биде помирна и постабилна, додава градоначалникот. Тој како прв човек на градов заедно со општинската администрација имаат цел да го направат Охрид поубаво место за живеење. Се надевам дека 2018та ќе ја поминиме онака како што планираме ние како нова локална самоуправа, а тоа е со правилно буџетско планирање, правилни буџетски програми и транспарентно работење. Веќе...

Continue reading

Vladika Petar

Владиката Петар ги тужи австралиските верници

Post Views: 0 Здружението на македонски заедници од Австралија утре во Скопје ќе одржи конференција за печатот на која ќе информира за најновата тужба која владиката Петар ја поднесе против 891 член на црковната општина Света Петка од Сиднеј, „со цел да ги протера од членство за да ги приграби имотите и парите на општината“. Здружението поднело и барање до Синодот на МПЦ за да конечно се стави крај на тужбите за приграбување на имоти кои станаа главна активност на македонската црква во Австралија од 1996 наваму. Синодот ќе се состане во четврток.Адвокатот на владиката Петар испратил...

Continue reading

Мирна новогодишна ноќ

Post Views: 3 Новогодишната ноќ мина мирно, без никакви инциденти, велат од СВР Охрид. Оваа информација ги радува сите бидејќи за празнициве во градов има многу домашни, но и странски гости, па можноста за инциденти е многу поголема од вообичаено. На безбедносен план новогодишната ноќ во Охрид помина беспрекорно. Не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир и не се евидентирани сообраќајни незгоди. Нашите службеници практично и да немаа работа оваа ноќ бидејќи се беше мирно, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Но, и покрај информациите од СВР Охрид дека новогодишната...

Continue reading

trgovija so luge

Трговците со луѓе делуваат на нов начин

Post Views: 8 НВО „Езерка“- Струга активни во борбата против трговија со луѓе. Трговијата со луѓе е присутен проблем кој што не може да се искорени но мора да се ублажи, потенцира Драгица Павлеска Попеска од оваа организација. Таа додава дека загрижува фактот што Македонија од земја на транзит, стана земја на потекло, посебно, со млади личности од источниот во западниот дел на државата. „Претежно жртвите на трговија со луѓе се до 14 години, бележани случаи од околината на Велес и Кочани во западните делови на Македонија. Но има уште една појава против која Езерка се бори со превенција...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top