Мерко:Рамномерен регионален развој на југозападниот плански регион

Рамномерен регионален развој на југозападниот плански регион оваа година ќе биде приоритет за струшкиот градоначалник. Мерко како претседател на овој регион ќе се залага парите од граѓаните рамномерно да се распоредуваат за сите населени места.

 |  Валентина Неловска  | 

Центарот на југозападен плански регион работи 10 -тина години и со Стратегијата за рамномерен развој до 2019 година се предвидува да се зголемуваат средствата за планските региони, информира Рамиз Мерко претседател на југозападниот плански регион. Годинава, тоа ќе биде приоритет за струшкиот градоначалник кој е на чело и на овој плански регион.

„Законот за рамномерен регионален развој е со европско знаме. Европа е заинтересирана да се унапреди и имплементира Законот. Тоа е 1 процент од бруто домашниот прозивод, некаде од 80 до 100 милиони денари годишно да се делат на регионите за да има рамномерен регионален развој“, појаснува Мерко.

Во Стратегијата има 3 програми од кои 70 посто се наменети за развој на урбаните средини, 20 посто отпаѓаат на руралните средини и 10 посто на средините со специфични потреби. На овој начин парите од граѓаните ќе се враќаат во сите места и нема да се развива само еден град или село, туку подеднакво ќе се инвестира во развојот на местата каде што се живее, кажува Мерко.

 

„Во рок од 5 години ќе биде имплементирана во целост. Со парите од граѓаните да не се прави политика во министерствата, туку средствата да дојдат во планските региони кај градоначалниците, на соодветните места каде ќе се диструбиураат подеднакво за сите места, градови, села и до секаде каде што има куќа“, непоменува Мерко.

Наша интенција е секоја година да се зголемуваат средствата за рамномерен развој за да се реализираат проекти од Локалните самоуправи преку одделенијата за локален економски развој и планските региони, вели Мерко. Додава, потребно е градоначалниците да се координараат и да си помагаат при спроведувањето на проектите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top