Post Views: 15
По неколку месечна забрана отворен, патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево, за сообраќај на сите возила.
Потсетуваме дека на овој патен правец, од клучката Трпејца до зимскиот центар Отешево во двата правца, дозволен е сообраќај само за патнички возила и минибуси со вкупна маса до 3,5 тони.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Од неодамна општинската администрација работи според нова реорганизација со одлука на седница на Совет од месец декември. Со таа одлука од 12 сектори сега се работи во 9 , а се формирани 4 одделенија. Со тоа се обидуваме да направиме поефикасна општинска администрација и концентрација на човечките ресурси во интерес на граѓаните , информира Томе Џамтоски портпарол на ЛС.
„ Не се укинати туку е направено спојување на одредени сектори. На пример како посебен сектор за заштита на животната средина сега е одделение во Секторот за урбанизам, такви се две спојувања. Направени...
Post Views: 4
Струшките вмровци ќе ја преиспитуваат поддршката што му ја дале на актуелниот претседател на Советот на општина Струга,Џеваир Беќири. Претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Струга, Перо Петкоски во име на својата партија изјави оти го осудуваат според нив недоличното однесување на институцијата, Претседавач на совет кој на последната седница каде се водеше жестока битка за одлуката за покачувањето на цената на водата, дозволи седницата да биде прекината на сред поединечно гласање.
„При последното гласање за одлуката за покачување на цената на водата каде Претседателот...
Post Views: 6
Триесеттина градежни работници, ангажирани од скопската компанија „Бауер“ која работи на затворениот пливачки базен во Охрид денеска излегоа на штрајк, незадоволни што компанијата не им исплатитла две плати, регрес и хранарина. Уште од вчера тие ги бојкотира редовните активности, бидејќи компанијата не го исполнила ветувањето дека ќе им ги исплатат платите пред новогодишните и божиќни празници.
„Плати немаме, регрес не… не лажеа дека ќе имаме регрес и дека најдоцна до 31 јануари ќе ни биде исплатен, а сега ни велат дека нема односно дека не ни следува“.
Работниците...
Post Views: 0
Продолжуваат бројните активности за зголемување на видливоста и помош на лицата со ретки болести. Се’ побројни се Амбасадорите на овие лица, кои преку своите дела го свртуваат вниманието на јавноста за нивните потреби и потребата од гласност и апелирање до релевантните институции за брза идентификација, правилно дијагностицирање и соодветно лекување.
Младиот охридски херој – пливачот Марко Пејчиноски, денеска повторно пливаше во водите на Охридското Езеро, овојпат во знак на поддршка на Децата со ретки болести.
Под мотото „Весламе за ретките“, по втор пат, струшките...
Post Views: 2
Охрид има идеални услови за развој на спортски туризам. Моментално на терените на СРЦ „Билјанини извори“ тренираат 11 фудбалски екипи од земјава и околните држави. Подготовките се веќе на средина, а поради поволните временски услови започнале порано од вообичаеното.
Охрид како град можи да нуди многу во однос на зимските подготовки и за развој на спртскиот туризам. Потребна е работа, нам како јавно претпријатие ни треба да ги подобриме условиоте, да направиме уште еден терен со природна трева, Гордана Јованоска- директорка на ЈП „Билјанини извори“.
Македонските екипи...
Post Views: 2
Деновиве се рехабилитира дел од регионалниот пат Охрид – Св Наум. Станува збор за санација на 6 км коловоз од бензиската пумпа Билјанини извори до Коњско, информираат од Градежното претпријатие Илинден, Струга, кои ги изведуваат зафатите, по претходно добиен тендер од ЈП за Државни патишта.
Директорот на компанијата Раде Трајкоски за ТВМ информираше дека во моментов го чистат патот, ги гребаат и пополнуваат дупките за да може да се стави нов слој на асфалт на овој потег. Трајкоски кажа дека според предвидената динамика до крај на месец април ќе завршат со реализација...
Post Views: 5
Охридските спортски клубови годинава ќе добијат финансиска поддршка од Локалната самоуправа. Апсолутно да, ветува охридскиот градоначалник на прашањето дали ќе се поддржуваат другите спортски активности или тоа ќе бидат само ракометот и фудбалот. Барањата на спортските клубови ќе се разгледуваат по завршување на јавниот повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот за 2018 година, напоменува градоначалникот Стојаноски.
„ Ние тие предлози ќе ги отценуваме дали се во функција за развој на спортот и дали се во функција на развој...
Post Views: 0
Минатонеделната одлука на американската централна банка за уште едно одложување на подигнување на каматите веројатно ќе предизвика ново привремено слабеење на американскиот долар што значи дека валутната војна продолжува. Имено, скоро сите најважни централни банки во светот директно или индиректно заговараат слабеење на своите валути.
САД – Главниот аргумент за одложување на зголемувањето на каматите беше спориот раст во глобалното стопанство, но Janet Yellen, претседателката на FED, ја напомена и опасноста од пресилниот долар. Поради одложувањето на затегање на монетерната...
Post Views: 1
Градоначалникот Јован Стојаноски не обелодени колкав е долгот на општината. Тој рече дека се знае точно колку општината должи, но дека сега не е вистински момент за да се каже тој податок бидејќи во тек се преговорите со доверителите за опростување на дел од долгот или на дел од каматите.
Ние дневно како општина губиме по 10 000 евра. Толку растат долговите на општината. Или претворено во број на вработувања секојдневно губиме по две вработувања во рамките на општината, кажа градоначалникот.
Стојаноски посочи дека покрај финансискиот долг проблем на општината преставуваат...
Post Views: 1
Нема повеќе опција „Сам плаќа“. МЈП Проаква Водовод Охрид ја укина оваа одлука и донесе нова. Наместо досегашната пракса на уплата за вода во наплатните центри и банките, корисниците на услуги од 1 ви февруари треба да пријават состојба за изготвување на сметка да побараат инкасатор или контролор да ја прочита состојбата на броилото или лично да дојдат во Одделението за автоматска обработка на податоците во Дирекција, Билјанини извори. Директорот на претпријатието Владимир Алексијоски вели дека на ваков чекор се одлучиле од причина што сакале инкасаторскта служба на...
Post Views: 3
По повод кампањата – “Неделата за безбедност на пешаците во Република Македонија (од 01. до 07.04), што традиционално ја реализира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Денеска во 10, 30 часот на пешачкиот премин кај кружниот тек во Ѓорче Петров (во близина на СП “Планет“) министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска заедно со полициски службеници ќе дели едукативен материјал за пешаците, односно за правилно однесување на пешаците во сообраќајот.
{loadposition content9}