Локалната ќе го поддржува спортот во Охрид

 Локалната ќе го поддржува спортот во Охрид. Ветуваат финансиска поддршка за сите клубови иако засега пари се одобрија за ракометниот клуб и фудбалскиот градски клуб.  Ќе се разгледуваат сите барања на спортските клубови за финансиска поддршка по завршување на јавниот повик. 

 |  Валентина Неловска  | 

Охридските спортски клубови годинава ќе добијат финансиска поддршка од Локалната самоуправа. Апсолутно да, ветува охридскиот градоначалник на прашањето дали ќе се поддржуваат другите спортски активности или тоа ќе бидат само ракометот и фудбалот. Барањата на спортските клубови ќе се разгледуваат по завршување на јавниот повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот за 2018 година, напоменува градоначалникот Стојаноски.

„ Ние тие предлози ќе ги отценуваме дали се во функција за развој на спортот и дали се во функција на развој на младите и граѓанското општество во рамките на општина Охрид“, вели Стојаноски.

На последната седница на совет, градските избраници одобрија предлог одлука за финансиска поддршка на два клуба, на еден од најуспешните градски клубови во моментов, ракометниот клуб Охрид 2013 и на градскиот фудбалски клуб Лихнидос. Со одлука на советот на РК се одобрија средства во висина од 4,5 милиони денари, а на фудбалскиот клуб 600.000 денари.

„Досега беа пристигнати овие две барања. Заради ургентноста од продолжување на сезоната ги одобривме овие две барања. Во наредниот повик кој завршува овие денови ќе ги разгледаме пристигнатите проекти од страна на спортските асоцијации и ќе одобриме дополнителни средства во доста голем износ“, изјави градоначалникот Стојаноски.

Во буџетот на општина Охрид за 2018 година во ставката спортски трансфери се планирани 8.500.000 денари, пари со кој ќе се финансираат градски спортски клубови.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top