Во општинската администрација нема нова систематизација на работни места

Во општинската администрација нема нова  систематизација на работни места туку само нова  реорганизација. Од досегашните 12 се споени во 9 сектори и 4 одделенија.  За оваа година во општинската администрација не се планирани нови вработувања. 

 |  Валентина Неловска  | 

Од неодамна општинската администрација работи според нова реорганизација со одлука на седница на Совет од месец декември. Со таа одлука од 12 сектори сега се работи во 9 , а се формирани 4 одделенија. Со тоа се обидуваме да направиме поефикасна општинска администрација и концентрација на човечките ресурси во интерес на граѓаните , информира Томе Џамтоски портпарол на ЛС.

„ Не се укинати туку е направено спојување на одредени сектори. На пример како посебен сектор за заштита на животната средина сега е одделение во Секторот за урбанизам, такви се две спојувања. Направени се 9 сектори и 4 засебни одделенија. Тоа се одделенијата за инспекциски надзор , одделението за управување со човечки ресурси, одделението за внатрешна контрола и одделението за територијална против пожарна единица на општина Охрид, вели Џамтокси.

Одредени сектори кои подолго време немаат раководители и понатака се под надлежност на секретарот на општината. Новите раководители ќе се назначат по изготвување на новата систематизација на работните места која се очекува во претстојниот период. Во меѓувреме, општината го усвоила годишниот план за вработување, напоменува Џамтоски.

„За тековната 2108 година не се предвидени нови работни места туку нови 13 хоризонтални разместувања. Кога ќе се донесе систематизацијата тогаш ќе се види потребата од вработувања во општинската админситарција кој ќе ги пополнат работните места на одделенијата или секторите“ , укажува портпаролот Џамтоски.
Во моментов општинската администрација брои 254 вработени вклучувајќи ги и пожарникарите од територијалната противпожарна единица.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top