Post Views: 2
Ј.П.„Охридски Комуналец„ не ги заборави нашите најмали сограѓанчиња. Дежурните служби од раните утрински часови ги расчистија влезовите и пристапните патеки до сите објекти на детската установа ЈОУДГ „Јасна Ристеска„ .
Патеките се посипани со абразивни средства за да им обезбедиме на дечињата безбеден пристап доградинките.
Абразивни средства се нанесени на тротоарите и пешачките патеки во поширокото градско подрачје.
Post Views: 5
Под мотото „Болести кои се пренесуваат преку вектори или вектор преносливи болести“ со напомена „Мал убод, голема закана“ денеска се одбележува 7 Април, Светски ден на здравјето.
Светската здравствена организација препорачува дека потребна е контрола на векторите или преносителите кои се живи организми (комарци, крлежи, песочни муви, болви) или нивно уништување, превенција на болести и ограничување на нивно ширење во вид на епидемија.
По повод Светскиот ден на здравјето, Министерството за здравство организира бесплатни превентивни прегледи во сите градови во државата.
За...
Post Views: 4
Снегот не ги изненади екипите на ЈП “Охридски Комуналец„. Директорот Љупчо Грданоски вели дека екипите од ова претпријатие во изминативе два дена 24 часа се на терен и го чистат снегот кој наврна. Патиштата се посипени со околу 100 кубици песок и ризла. Освен што се чистени улиците во централното градско подрачје интервенирано е и во околните села, а снегот се чистел и од тротоарите.
Отсечени места нема, но според категоријата на улиците најпрво реагиравме во стариот дел од градот и во населбата „Гоце Делчев“ бидејќи според местоположбата таму е и најкритично бидејќи...
Post Views: 15
Заедно за едно. НВО „Езерка“, Струга во соработка со наставниот кадар од образовните институции како и со нивните родители, континуирано работат на проблематиката за заштита на децата.Драгица Павлеска Попеска претседателот на Езерка вели, одбележувањето на денот на детето е само уште еден настан во низата активности кои тие ги спроведуваат во врска со децата. Ни руралните средини не се поштедени од пороците на 21 век.-додава Попеска.
„Затоа мораме да бидеме будни, имаме и најавувања на вакви случаи кои се кажуваат страмежливо во едно семејство, кај комшијата, кај пријателот...
Post Views: 0
Единицата за спасување на планина и непристапни терени на ОО ЦК е подготвена за интервенции. Волонтерите ќе одговорат на потребите од сограѓаните кои во овие зимски денови ќе се јават во нивниот центар и ќе побараат помош. Од денешната координација помеѓу Црвен крст и Центарот за управување со кризи било утврдено дека во моментов нема одсечени села во околината и жители во ризик, информира Сашо Точков.
„ До нас не се пристигнати никакви барања нити јавувања од ЦУК за дејствување на нашата единица за спасување на планина и непристапни терени или за она што го објавивме...
Post Views: 4
НАТО соопшти дека се испраќаат дополнителни бродови и борбени авиони во источна Европа поради трупањето руски војници во близина на Украина.
НАТО ќе продолжи да ги презема сите неопходни мерки за заштита и одбрана на сите сојузници, вклучително и со зајакнување на источниот дел на Алијансата. Ние секогаш ќе одговориме на секое влошување на нашата безбедносна средина – се вели во соопштението на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Алијансата соопшти дека го зајакнува своето „застрашувачко“ присуство во областа на Балтичкото Море, бидејќи неколку членки...
Post Views: 5
Локалната самоуправа прави сообраќајна анализа за решавање на проблемите во сообраќајот и за воведување смс систем на паркинзите во градов. Планирано е поставување рампи во стариот дел на градот на двата негови влеза со што ќе се регулира сообраќајот во летниот период.
Овај пат Локланата ќе се потруди да понуди издржливо решение кое во најголем дел ќе одговори на она што значи предизвик за зголемениот сообраќај и зголемениот број возила во текот на летниот период. Во тек се анализи што нам како на локална ќе ни биде попрактично и финансиски поисплатливо, вели Томе Џамтоски,...
Post Views: 0
Сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, денеска ќе биде во прекин меѓу 11:00 и 14:00 часот во времетраење од 15 до 20 минути.
Како што информира АМСМ, прекинот на сообраќајот е поради изведување градежни работи на пат (минирање).
Post Views: 2
Планинскиот туризам во нашата земја сеуште не е доволно развиен. За неговиот развој потребна е професионализација и стандарди, посочуваат од Македонската асоцијација на Интернационални водичи во планина. Професијата водич во планина, е една од најтешките професии во светот. Водичите на планина сметаат дека потребно е да се направи разлика помеѓу спортска планинарска активност и туристичка активност на планина.
„Во туризмот ние имамe едни стандарди, работиме многу често со луѓе кои што воопшто не се искусни за таа работа и одговорноста за организирање на целата тура е...
Post Views: 4
Само во првите два месеци од оваа година во НУ библиотека „Григор Прличев“ се запишани 200 нови членови. Директорката на оваа установа Гордана Змејкоска вели дека радува овој податок бидејќи библиотеката повторно си го добива своето вистинско значење како место на книгата каде се спојуваат минатото и сегашноста. Уште повеќе влева надеж тоа што младата читателска публика се враќа.
Во последно време почнува да се враќа младата читателска публика. Во еден период имавме многу млада читателска публика, потоа еден период малку тоа замре, па се зголеми бројот на читатели кои...
Post Views: 2
Ако сте сонувале за пиење кафе со поглед на земјината топка од вселената, сонот наскоро би можел да ви се отствари. Компанијата World View Experience објави дека е при крај со тестирање на капсулата во која ќе биде сместено првото вселенско кафуле и која наскоро ќе полета на првото патување во земјината орбита.
Сите заинтересирани за пиење на пијалоци во вселената ќе мора да издвојат 48.000 фунти, а од World View чие седиште е во американската држава Аризона, известија дека веќе потпишале неколку договори со првите заинтересирани гости.
Капсулата со шест патници и два...
Post Views: 2
Извештајот на Владата на РМ во кој му го објаснува на УНЕСКО напредокот во имплементацијата на препораките од Реактивната мониторинг мисија на организацијата за заштита на природното и културното светско наследство, пред очите на јавноста. Македонската влада во овој извештај на 22 страници кој содржи 3 анекси, објаснува дека презела соодветни мерки и активности со кои е отстранета опасноста Охридскиот регион да го загуби статусот на светско културно наследство на УНЕСКО. Владата се откажува од проектот за изградба на ски центар на Галичица, се стопира и проектот за изградба...