Пчеларите стравуваат како ќе презимат пчелните семејства

Post Views: 0 Пчеларите се загрижени како пчелните семејства ќе ја презимат оваа зима. Ланската катастрофална година со крајно лошите приноси на мед лошо ќе се одразат врз развојот и опстанокот на пчелните семејста оваа пролет, кажува Ице Китанчев долгогодишен охридски пчелар. Китанчев очекува пчеларите да ги почуствуваат оваа пролет последиците од минатогодишните априлски мразеви кои направија ршум во пчеларството и овоштарството. Немаше доволно мед па во зимскиот период влеговме и со слаби пчели и со храна,а за да опстанат пчелите во живот посегнавме по нужно зло со прихрана , кажува...

Continue reading

alfi

Многу работа за „алфите“ во месец март

Post Views: 5 Припадниците на единицата за прв одговор и интервенија – Алфа во текот на минатиот месец при вршење на редовна мотопатролна дејност извршиле легитимирање на вкупно 1705 лица, преглед на 334 автомобили, а по разни основи приведени се вкупно 384 лица, соопштија од МВР. Лицата биле приведени по основ на телеграма -45 лица, Потраги, Гласник, Наредба од Основен суд – 9, под сомнение за извршено кривично дело –73, по извршено кривично дело – 34, на лице место во вршење на кд – 17, за издржување на казна затвор –5, утврдување на идентитет – 7, недозволени предмети – 7,...

Continue reading

Повисоката сметка за вода, актуелна во охридскиот Совет

Post Views: 1 Зголемувањето на цената на водата во целата држава сеуште актуелна тема. Охридските советници од опозициската ВМРО – ДПМНЕ на последната седница на Совет реагираа дека зголемувањето на сметките за вода по корисник е околу 130 денари, а не само за паушалните 70 денари. Координаторот на ВМРО – ДПМНЕ Кирил Пецаков истакна дека зголемената сметка на водата претставува најголем удар врз најсиромашните. „Дојде нова Локална самоуправа и некако многу лесно прифатија….Еве имаме примери градоначалникот на Скопје и Велес жестоко се спротивставуваат и борат со оваа одлука....

Continue reading

kniga

Најмладите ретки посетители во библиотека

Post Views: 5 Родителите многу ретко  од мала возраст ги носат своите деца во библиотека за децата да стекнат читачка навика. Најмалите читатели се ретки посетители  во националната библиотека, потврдува и директорката на установата,  Александра Белевска.  На детскиот оддел располагаат со над 30.000 книги, а  ги набавиле и најновите луксузни изданија на бајки. За да стекнат читачки навики неодамна во соработка со основните училишта се обиделе да реализираат проект организирано читање на бајки, вели Белевска. Со намера да допринесеме за најмладата популација и да допреме до нивната...

Continue reading

Арнаудовски: Во програмата за управување со отпад нема да го реши проблемот со отпадот

Post Views: 6 Конкретни датуми за чистење на дивите депонии, како и утврдување на бројот на такви депонии на територија на општина Охрид, побараа од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, од изготвувачот на програмата на денешната седница на Совет. Илија Арнаудовски истакна дека точката која се однесува на Предлог планот за управување со отпад на општина Охрид за период 2018 – 2020 е само замајување на јавноста дека ќе се реши проблемот со отпадот и смета дека јавноста мора да биде запозната со тоа. Додаде дека предложената мерка за санација на депониите со воведување на системот...

Continue reading

Американската агенција за храна и лекови не брише документи за вакцината на „Модерна“

Post Views: 1 Oвој документ постои и не е отстранет, ниту пак избришан. Станува збор за извештај насловен како The summary bases for regulatory action кој американската Агенција за храна и лекови го објавила на 30 јануари 2022 година. Оттаму, ниту ФДА отстранила некакви докази од својата веб страница, а кои се поврзани со вакцината на Модерна, ниту пак го крие фактот дека ризик за миокардитис и перикардитис постои кај млади мажи и тоа со проценета стапка од 148 случаи на милион администрирани втори дози. Рецензираме пост на Фејсбук во кој што се тврди дека американската Агенција...

Continue reading

Промовирана химната “Сите сме исти“ за лицата со ретки болести

Post Views: 5 Промовирана химната „ Сите сме исти“ со која се одбележа Денот на ретки болести. Музика и аранжман за оваа песна напишаа охридските музичари Димче Китрозоски и Јовица Карајлиевски на текст од Сашо Митаноски.Музичката нумера ја испејаа неколку млади охридски финалисти од музичкото шоу „Суперталент„. Тие преку песна упатија порака до јавноста за постоењето и потребите на луѓето со ретки болести. Димче Китрозоски кој го направи аранжманот за песната напомена дека проектот започнал пред два месеци. Кажа дека во песната е вложена голема енергија и емоции,а пораката треба...

Continue reading

Излезе од печат монографијата „Епиграфски споменици од Плаошник-Охрид“

Post Views: 0 Излезе од печат монографијата „Епиграфски споменици од Плаошник-Охрид“ од авторките Славица Бабамова и Калина Кузман – Додевска, во издание на НУ Завод и Музеј – Охрид. Во оваа богато илустрирана публикација се обработени вкупно 128 епиграфски споменици кои се откриени со долгогодишните археолошки истражувања на локалитетот Плаошник, а дополнителни 13 споменици кои се откриени на други локации во Охрид (Горна порта, Самуилова тврдина и тн.) се вклучени во монографијата за да се добие целосната слика за епиграфските споменици од античкиот Лихнид.

Continue reading

Во Охрид се одбележа Светскиот ден на ретки болести

Post Views: 1 Со марш низ улиците на Охрид на кој учествуваа ученици од основните и средните училишта во Охрид им се даде подршка на заболени од ретки болести и воедно се одбележа Денот на ретките болести кој секогаш е на крајот на февруари. Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот на неговото одбележување во 2008 година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана вистински глобален феномен, со учество од 94 земји од целиот...

Continue reading

Охрид член на меѓународната мрежа на цивинет

Post Views: 4 Општина Охрид стана членка на меѓународната мрежа ЦИВИНЕТ Словенија-Хрватска-Југоисточна Европа. Тоа е мрежа на градови и други субјекти кои на подрачјето на Словенија, Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Србија се бави со одржливо планирање и управување на мобилноста (сообраќајот) во градовите. Целта на мрежата е пренос на знаења и добра практика и осмислување на заеднички проекти со кои ќе се финансираат идните активности за одржлив сообраќај и подобра мобилност. Претставници на Општина Охрид присуствуваа на 5-тото Собрание на мрежата...

Continue reading

Избран е човекот кој ќе го извлекува Volкswagen од проблемите

Post Views: 0 Најголемиот светски производител на автомобили го избра новиот директор на групацијата, шефот на Porcshe, Matthias Mueller, кој вети дека ќе ја расчисти аферата со дизел моторите и најави опоравување на потполно разнишаната компанија. Како што се предвидуваше, 20 членови на надзорниот одбор на состанокот во Волфсбург во седиштето на Volswagen го именуваа Mueller(62), кој е на чело на Porsche од 2010 година за наследник на Martin Winterkorn. По повеќе часовниот состанок, шефот на надзорниот одбор Berthold Huber аферата ја нарече “морална и политичка невоља” на компанијата...

Continue reading

Охрид во овие студени зимски денови нема прифатен центар за бездомници

Post Views: 3 Во Охрид ноќните температури  на воздухот се спуштаат под нулата.Од министерството за труд и социјална политика има препорака до сите центри за социјална работа да ги згрижуваат бездомните лица во прифатилишта. Дали во нашиот град постојат услови за згрижување на лица без кров на главата или кои живеат во домови под нормални стандарди за живеење се обративме во охридскиот центар за социјални работи. Директорот на центарот не информираше дека во Охрид имаат евидентирано само едно бездомно лице. Кажаа дека нивниот центар не располага со објект каде што би го сместиле ова...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top