Post Views: 1
Партијата Демократски сили на Ромите, огранок Охрид по повод 8-ми Април Светскиот ден на Ромите и Државен празник во Република Македонија, на сите Роми им го честита празникот со желба за побрза интеграција во општествениот систем, подигнување на образовната и културна свест, намалување на сиромаштијата и севкупниот просперитет на Ромите во Р.Македонија. КРАТОК ИСТОРИЈАТ ЗА РОМИТЕ Ромите живеат во сите земји на Европа. Според проценките на современите истражувачи, нивнито број во Европа се движи помеѓу 12 – 15 милиони. Од нив околу 70% жиеват во земјите...
Post Views: 38
Како дел од континуираната соработка со СВИСС – ИМЕ програмата во областа на стратегиски развој на Охрид како туристичка дестинација, градоначалникот Јован Стојаноски имаше работна средба со представниците на СВИСС – ИМЕ програмата како и со експерт од Светскиот совет за одржлив туризам – Global Sustainable Tourism Council (GSTC), Др. Михи Кан.
Светскиот совет за одржлив туризам ги поставува и управува со глобалните стандарди за одржлив туризам, познати како критериуми за GSTC. Разговорите се водеа во контекст на подготовка на Стратегија за одржлив развој на ...
Post Views: 13
Две возила за итна медицинска помош пристигнаа во Струга и чекаат на повик. Тие се дел од програмата на Министерството за здравство со која се обезбедија 69 возила за потребите на Здравствените домови во државава. Тригодишното лобирање за овие возила на првиот човек на струшкиот Здравствен дом д-р Вера Попоска, конечно вродија со резултати, стружани да добијат квалитетна услуга доколку се наложи потреба од тоа.
„Тоа е нешто врвно кое што е неопходно во денешно време да функционира и ние сме многу среќни. Возилата располагаат со се и сешто и замислени се да делуваат...
Post Views: 1
Депониите по коритата на реките завршија во езерото. Околу 40 метри кубни разновиден отпад, трска, шишиња, најлони, за само два дена е подигнат на потегот од Градското пристаниште до холандскиот парк. Количината на отпадот кој се најде на градскиот кеј е резултат на изливање односно високиот водостој на реките и речните корита, поради обилните врнежи на дожд и топењето на снегот од планините, вели Стефан Маслов раководителот на јавна хигиена во ЈП „Охридски Комуналец“.
„Не се работи за отпад кој бил наталожен на дното од езерото и сега е исфрлен на самото крајбрежје,...
Post Views: 0
Жените ги надминуваат стереотипите за некои професии кои порано се сметаа за исклучиво машки. АРМ е вистинска платформа за професионален развој на една амбициозна, храбра, издржлива, дисциплинирана, со еден збор жена која навистина го сака тоа што го работи односно вистински ја сака оваа за многумина повеќе „машка“ професија. Таков е примерот со Мишела Маркоска и Елисавета Димитриеска, вработени во Армијата на Р. Македонија во Центарот за обука на вода во Охрид. Мишела е старешина, а Елисавета работи во администрацијата, двете фамилијарни жени, мајки на две деца. Мишела...
Post Views: 0
Еколозите од четиринаесет Невладини организации во земјава под капа на Движењето на екологисти во земјава денес поднесе петиција да не се градат висококатници во селото Велестово и околните села во НП Галичица. Иницијативата доаѓа од жителите на селото Велестово, каде како што велат последниве години забележителен е бројот на дивоградби и висококатници.
Да престане урбанизацијата во заштитеното подрачје на градот и да се почитуваат препораките на Унеско.
Бараме да се почитуваат препораките на Унеско, значи да нема високи градби односно 50% од вкупната површина од земјиштето...
Post Views: 5
Министерот без ресор Зоран Шапуриќ, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, за време на работната посета на Југозпадна Макеоднија посети и неколку охридски компании. На домашните бизнисмени им ги презентира владините мерки за поддршка на производството и нивните развојни планови. Шапуриќ при тоа ги запозна стопанствениците со мерките наменети за изедначување и поттик на досега запоставените домашни компании. Во мерките за олеснување на бизнисот кажа дека не се предвидени и нема да има ослободување од придонеси за вработување...
Post Views: 0
Со премиерата на претставата „Крик за љубов“ од Жозиен Баласко, во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид и Народниот театар Охрид ја започнуваат новата сезона.
Претставата ќе се игра во петок, на 10-ти септември 2021 година, со почеток во 20:00 часот во Големата сала при Центарот за култура.
Играат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Горан Стојаноски.
Билетите по цена од 200 денари се веќе пуштени во продажба на билетарата при НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид. Телефон за резервации 046/261-063 и 075/283-066.
Претставата...
Post Views: 1
Надојдената река Сушица поплави триесетина домови на улица Железничка. Под вода се куќи, дворови, земјоделска обработлива површина и домашни животни. Жителите стравуваат дека со најавите за утрешните врнежи и од топењето на снегот реката ќе носи поголеми количини вода. Се жалат дека и покрај досегашните барања до надлежните институции речното корито не било исчистено во последните 30 години.
Жителите од овој дел на градот велат дека домовите им се поплавуваат и заради инфраструктурни пропусти. Кажуваат дека со поплавите почесто се соочуваат по изградбата на улицата...
Post Views: 2
Екипи на„ Охридски Комуналец“ од рано утрово интензивно работат на расчистување на езерскиот кеј од отпадот и трската што ги фрлаат езерските бранови. Ваквата активност најверојатно ќе се реализира и наредниве денови по најавите на метеролозите дека ќе дува јужен ветер со посилен интензитет.
Post Views: 5
Проектот Белград на вода ќе доведе до раст на БДП, раст на вработувањето, а главниот град на Србија за десет години ќе биде попосетен туристички центар од Будимпешта, порача премиерот на Србија, Александар Вучиќ на полагањето на камен темелникот на проектот.
Српскиот премиер рекол дека многумина се потсмевале на проектот, но тој “има почитување и за тој дел од јавноста бидејќи во Србија секогаш било полесно да се биде против отколку за”.
Претставникот на компанијата “Eagle Hills”, Mohamed Allabar рекол дека Белград на вода е права скапоценост и дека тој и Вучиќ имаат...
Post Views: 2
Расте бројот на деца кои имаат говорен јазичен проблем, а недостасуваат логопеди во општина Охрид. Зорица Шикоска која работи како логопед во детскта градинка „Јасна Ристеска“, укажува дека било какво отстапување од некоја просечна рамка на појавување на говор може да претставува причина, родителот да се советува со логопед.
„Јас сум логопед во оваа градинка и го пратам говорниот развој на дечињата од 0 до 6 годишна возраст. Најголем акцент ставам на дечињата од 4 до 6 годишна возраст, поточно на средните и големите групи бидејќи тие деца ги подготвуваме за во училиште“
Шикоска...