Apple повторно руши рекорди

Post Views: 0 Минатата година Apple за време на првите три продажни дена продаде 10 милиони iPhone, а дел од аналитичарите се прашуваа дали може компанијата и Cook повторно да ги надмине овие бројки со новите модели на iPhone. Иако оваа година редиците пред некои продавници на Apple не беа толку долги, сепак од петок до недела Apple продаде 13 милиони iPhone 6S и 6S Plus, а се очекува дека големата побарувачка за овие телефони ќе продолжи и до крајот на годината така што Tim Cook и екипата можат да очекуваат голема заработка во последниот квартал од оваа година. Во однос на 2014 година,...

Continue reading

Куварите од охридското угостителско училиште подготвија традиционални специјалитети

Post Views: 5 Осум млади кувари од трета година при СУД „ Ванчо Питошески“ ги покажаа своите вештини и знаења во подготвување на традиционални специјалитети. Во училишната кујна вредно подготвија по сопствен избор вкусна храна. На тој начин ги потврдија своите вештини и знаења стекнати за време на школувањето. „Сите јадења кои се подготвени овде се наша замисла. Наш избор. Подготвивме велешка пастрмајлија, охридски чомлек,охридски комад, раванија, селско месо, питулици“, вели Кристијан Китанов од Градско. Мирсада Фејзулоска љубовта кон готварството ја стекнала од својот дом. Таа го...

Continue reading

Охриѓани имаат можност да научат проверени техники кои водат до подобар живот

Post Views: 7 Охриѓани кои сакаат лични промени имаат можност да научат како да го постигнат тоа. На дводневен настан на кој ќе се одржува работилница и семинар дел од проектот Отвори врата ќе се споделуваат техники како да го подобрат својот живот. Тренерите за животни промени Ристана Николоска, Надица Исаиловиќ и Елизабета Гошева ќе ги споделуваат долгогодишните стекнати знаења и искуствата за емоционално енергетско и духовно прочистување. Целта е да ги поттикнеме луѓето да створат позитивна енергија, а нивно хоби да биде работата на себе, вели Ристана Николоска тренер за животни...

Continue reading

tabela

Зголемен е бројот на починати доенчиња во државата

Post Views: 11 Во Македонија минатата година починале 229 доенчиња, со што е надминат бројот на умрени доенчиња во однос на претходната година кога државата се најде на врвот на ТОП листата на Еуростат со 212 починати бебиња. Според најновиот извештај на Државниот завод за статистика стапката на умрени новороденчиња се искачи на 9,9 на 1000 жители, а просекот во Европа изнесува шест починати на 1000 жители. Со ова Македонија може повторно да биде рекордер по бројот на умрени доенчиња во Европа. Само во последното тромесечје од минатата година починале 72 доенчиња. Во третото тромесечје...

Continue reading

Продолжување на рокот на договорот за закуп бараат концесионерите на плажите

Post Views: 3 Досегашните и идните концесионери на охридските плажи денес одржаа средба со градоначалникот Јован Стојаноски. Нивната оценка за средбата беше позитивна и очекуваат решавање на проблемите со кои се соочувале во изминатите години. Дел од нив укажаа, дека иако плажите на концесија се добиваат на 5 години, тие во рок од 10 години пет пати излегувале на јавни наддавања кои биле организирани од централната и од локалната власт. „Нашето главно барање е продолжување на концесиите на подолг период како и тоа да се има во предвид сите досегашни инвестиции за луѓето кои го направиле...

Continue reading

precista

„Наша Струга“, ја продолжува традицијата

Post Views: 14 Денеска православните верници го одбележаа верскиот празник Пречиста Богородица. Стружани масовно собрани пред малата црквичка  посветена на оваа светица,  уште еднаш покажаа дека верата, а посебно големите христијански празници може на едно место, во голем број да ги соединат и младите и старите без оглед на која политичка опција припаѓаат. Тие во своите домови за здравје и ксмет однесоа крстена вода, а после богослужбата каснаа по малку нафора и пченица. Денешниот ден е посветен на Воведение на Пресвета Богородица и масовно се слави во Струга и струшко. На многу фамилии...

Continue reading

ЕЛЕМ: Нивото на водата во Охридското Езеро е под контрола

Post Views: 0 Нивото на Охридското Езеро и реките кои се вливаат во него се следи и се преземаат потребните мерки во случај да продолжат ваквите временски услови, кажа Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски Тој денеска оствари средба со раководните структури на АД ЕЛЕМ. „Нашата поголема будност се однесува на реките и каналите што се влеваат во Охридското Езеро. За жал, ние немавме тендер минатата година, и не беа исчистени каналите онака како што треба, но ние цело време ја следиме состојбата, среќа што досега немавме поголеми поплави беа преземени мали зафати на Коселска река,...

Continue reading

Одбележување 30 години независност на Македонија

Post Views: 0 Здравствени работници, спортисти, пожарникари, полицајци и војници, рудари, земјоделци, волонтери на Црвен крст, извидници, како и националните ансабли и културно-уметничките друштва денеска ќе продефилираат во центарот на главниот град по повод 30 години независност на државата. Централната прослава ќе биде на отворено пред Собранието на Македонија со почеток во 17:30 часот, а ќе започне со изведба на делото „Симфонија за филхармонија” од композиторот Живоин Глишиќ по што следи дефилето. Според протоколот, официјалниот дел ќе почне во 18:30 часот со интонирање на химната...

Continue reading

Донација ОД ФФМ за ЈП „Билјанини извори“

Post Views: 7 ЈП Билјанини Извори во текот на вчерашниот ден прими донација од Фудбалска федерација на Македонија и на таков начин ги продолжи активностите за реконструкција и обнова на инфраструктурата на Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“. Станува збор за донација на 1700 нови столчиња кои се наменети за замена на искршените и стари столчиња на трибината на Градскиот стадион „Билјанини Извори“. Со реконструкцијата на сооблекувалните и сега со обезбедувањето на нови столчиња ЈП „Билјанини Извори“ продолжува да се ангажира во насока на подобрување на условите за спортските...

Continue reading

Новинарски текст не смее да наликува на партиско соопштение

Post Views: 9 Пишува: Жаклина Цветковска Рецензираме текст со наслов „(ФОТО) Да стапнеше некогаш во Истокот, немаше да ветуваш веќе изградени експресни патишта?!“, објавен на порталот gragjanskizbor.mk, на 29.06.2020 година. Текстот е објавен во рубриката „Гласот на јавноста“ каде се објавуваат ставови на јавни личности, најчесто преземени од социјалните мрежи. Но, во овој случај не е јасно дали се работи за нечиј став или за став на порталот. Во текстот не е посочен извор на информацијата, не е искористен цитат и не е разграничено дали станува збор за личен став или став на порталот,...

Continue reading

Водата во селските водоводи во охридско небезбедна за пиење

Post Views: 0 При повторената контрола и анализа на квалитетот на водата за пиење од селските водоводи во општина Охрид извршена на 14 и 15.03.2018 од страна на Центар за јавно здравје Охрид констатирано е дека во селата Свиништа, Завој, Куратица, Опеница и Косел водата за пиење од системот за водоснабдување сеуште е без дезинфекционо средство и со матност поголема од законски пропишаната вредност. Првичните микробиолошки анализи на овие води покажаа и присуство на патогени бактерии.  Според тоа и согласно законските прописи, водата за пиење од системот за водоснабдување во горенаведените...

Continue reading

Црвен крст-Охрид ќе го одбележи Денот на крводарителството

Post Views: 0 Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, посветено и совесно ја спроведува. „Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година, се задоволуваат  потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град. Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи“– велат од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top