Post Views: 3
Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти, синоќа го одбележа својот патронен празник. Со богата програма подготвена од учениците и од нивните ментори им го задржаа вниманието на посетителите кои ја наполнија салата во Центарот за култура „Григор Прличев“. Директорот на училиштето Ѓоко Чингоски пред присутните изрази огромно задоволство и чест што е прв човек на ова училиште кое едно од најстарите во државава. Тој кажа дека неговото континуирано постоење е проследено со постојан раст и развој и подобрување на условите за работа и учење.
Имаше реконструкција на училиштето...
Post Views: 4
Анастазија Жупан својата дарба за сликање ја претстави на изложба. Во бистро Корнер таа изложи десетината слики со мотиви на цвеќиња. На тој начин се вклучи во одбележување на денот на лицата со Даунов синдром. Изложбата ја посветува на својата неодамна почината баба Здравка Жупан. Преку веселите бои на своите цртежи таа открива колку го сака животот. Изложбата има хуманитарен карактер и собраните средства сака да ги донира во НВО „Порака Нова“ и да ги израдува децата кои се дел од оваа организација. Анастазија се радува на пролетта, а сака да учи сликарство.„ Ги сакам...
Post Views: 1
Во последните десет години светот на социјалните мрежи се промени драстично – Facebook неодамна надмина една милијарда корисници па Zuckerberg воведе бројни новитети на мрежата, Instagram започна како апликација за уредување и споделување на фотографии кои се наменети само за корисниците на iPhone, а денес 400 милиони корисници ги споделуваат фотографиите и видеозаписите, а сѐ попопуларни стануваат Snapchat, Vine и други.
Една од работите кои за време на овие десет години не се смени е ограничувањето на бројот на карактери на Twitter и ден денес изнесува 140, исто како...
Post Views: 16
„Напиши стих – купи кафе“ . Под ова мото денес во Тераса Аквариус љубителите на пишаниот збор го одбележаа Светскиот ден на позеијата. Организаторот Дамјана Видическа вели дека оваа иницијатива е резултат на следење на светските примери каде што ваквите настани се одржуваат години наназад.
„Одлучивме да ги натераме граѓаните на Охрид да бидат креативни и да им се приклучиме на ваквите настани и да го одбележиме Светскиот ден на поезијата. Многу сум среќна што дојдоа студентите и повозрасни граѓани и очекуваме и повеќе“
Еден од иницијаторите на денешната активност...
Post Views: 5
Со цел да не се заборави класичната уметност и современата литература, денес во Охрид беше одбележан Светскиот ден на поезијата. Роднокрајните поетеси во НУ Библиотека „Григор Прличев“, денес презентираа дел од своите творби. Познатиот охридски писател Тоде Илиески истакна дека годинава денешниов ден е троен празник, што е ден на поезијата, е и ден на екологијата и пролетта.
„За да направиме врска со светската поезија ќе биде претставен Шеј Маскини, ирскиот поет нобеловец од 1995 година кој е познат и на македонската публика бидејќи беше учесник на Струшките вечери на...
Post Views: 1
Банката ќе се отвори на почетокот на идната година, а ќе биде лоцирана во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. За таа намена Министерството за здравство одвои буџет од околу 5 милиони денари, пишува Вечер.
Како што велат од Министерството за здравство, мајчиното млеко е од непроценлива важност за новородените, а особено за болните и за предвреме родените бебиња, затоа со буџет од околу 5 милиони денари се планира да се реализира овој проект. Тие сметаат дека со отворањето на Банката за донирано мајчино млеко, ќе се спасат животите на многу новороденчиња.
И...
Post Views: 1
Владата на 60тата седница го прифати текстот на Анекс бр. 1 кон Договорот за изградба на патната делница Кичево-Охрид за продолжување на рокот за изградба помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и „Синохидро корпорејшн лимитид“.– Владата на Република Македонија денеска ја разгледа и ја усвои Информацијата за потребата од донесување на Закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид, и го разгледа и го прифати текстот на Анексот бр. 1 кон Договорот за изградба на...
Post Views: 2
Низ забава, игра, организирање работилници, на еден спонтан начин, полека но сигурно меѓуетничкиот дијалог застанува на нозе. Ова барем според резултатите од петмесечниот проект на Локалната агенција за развој од Струга за зајакнување на меѓукултурниот дијалог помеѓу младите. Учениците од средните општински училишта „Д-р Ибраим Темо“ и „Нико Нестор“ од Струга, кои зедоа свое учество во овој проект, не само што слушаа, туку и самите беа ставени во улога да предаваат на своите врсници.
„Стекнавме многу знаења. Сето тоа знаење потоа се потрудивме да го пренесеме на нашите...
Post Views: 3
Ј.П.„Охридски Комуналец„ симболично го одбележа првиот ден на пролетта со засадување на декоративни дрвја од видот црвена слива (prunus cerasifera).
Засадени се вкупно 50 садници на следните локации: покрај пешачката патека пред х.Палас, на влезот во Охрид кај сообраќајната клучка и покрај новоизградената патека кај каналот Студенчишта.Овие дрвја имаат атрактивен изглед и имаат средна висина на раст. Во почетокот на април создаваат крошна целосно прекриена само со цветови во розова боја, а потоа по паѓањето на цветовите се формира крошна од листови со темно црвена...
Post Views: 5
Две лица загинаа во сообраќајна несреќа која се случила рано изутринава кај Горобинци, Свети Николе, откако автомобил излетал од патот.
На 24.11.2021 околу 02.45 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на крстосница од локалниот пат за с.Горобинци, светиниколско, патничко возило „ауди“, управувано од В.С.(37) од Свети Николе, излетало од патот. Во несреќата возачот и сопатничката С.А.(21) од Свети Николе се здобиле со повреди и починале на местото на настанот. Сопатникот Д.Ј.(28) се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа Свети...
Post Views: 18
Стагнира бројот на заболени охриѓанки од рак на дојка во последните три години, покажуваат статистичките податоци од Центарот за јавно здравје. Од вкупниот број малигни заболувања кај жените 19 проценти биле жени со карцином на дојка, во 2016 година биле евидентирани 20 проценти, додека 18,4 проценти биле забележани во 2017 година, информира д-р Слободанка Коцевска од ЦЈЗ. Во последниет години ова заболување се одржува на тоа ниво. 99 посто од заболените се жени, но од карциномот на дојка не се поштедени ни мажите иако тој процент е 1 посто, напоменува д-р Коцевска.
„Од...
Post Views: 3
По повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, градоначалникот Константин Георгиески упати честитка до граѓаните на Охрид.
Денес се заокружуваат 30 години, кога сонот на многу генерации Македонци стана реалност, со прогласувањето на независноста на нашата Татковина. Период кој беше исполнет со многу искушенија, тешкотии и закани, но исто така и период во кој недвосмислено ја потврдивме нашата цврста определба да изградиме, демократска и просперитна Македонија. Ден кој не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале и на вечниот стремеж за подобра Македонија....