ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ПО ПОВОД 8 СЕПТЕМВРИ

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, градоначалникот Константин Георгиески упати честитка до граѓаните на Охрид.

 |   | 

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, градоначалникот Константин Георгиески упати честитка до граѓаните на Охрид.

Денес се заокружуваат 30 години, кога сонот на многу генерации Македонци стана реалност, со прогласувањето на независноста на нашата Татковина. Период кој беше исполнет со многу искушенија, тешкотии и закани, но исто така и период во кој недвосмислено ја потврдивме нашата цврста определба да изградиме, демократска и просперитна Македонија. Ден кој не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале и на вечниот стремеж за подобра Македонија. Денес Република Северна Македонија е етаблирана како стабилна држава, со постојано надградување на демократските капацитети, а уверен сум дека граѓаните на Охрид како столб на македонската историја и култура, ќе го дадат својот несебичен придонес за просперитетна иднина на сите граѓани. Да ни е среќен и вековит празникот  – стои во честитката на градоначалникот Георгиески.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top