Post Views: 1
Побарувачката за купување куќи во стариот дел на Охрид е намалена. Најактуелни за купување се куќите со поглед на езеро во делот на Света Софија, Канео и Месокастро но најчесто тоа се стари објекти кои имаат потреба од реновирање. Но бирократските процедури за вадење градежни дозволи се многу долги па купопроджбата се одвива многу тешко. Врз продажбата на недвижностите во голем мера покрај долгите бирократски процедури за вадење градежни дозволи за реновирање на куќите влијае и долгата постапка за легализација, вели Александар Трајковски од Агенцијата за недвижности...
Post Views: 0
Близначките Елена и Емилија Лазороски се талентирани седумнаесет годишни средношколки со исклучителен сликарски талент. Сликаат пејзажи и портрети во различни техники. Употребуваат дрвени бојци, пастел, акрилни бои и маслени бои. Од неодамна успешно експериментираат и со портрети.
„ Најчесто сега цртаме портрети со пастел. Иначе пред две години цртавме оптичка илузија, нешто што не одмараше и требаше да внесеме повеќе труд и детали. Сега сме повеќе посветивме на портрети и пореално од она што го гледаме од животот“, вели Емилија.
Близначките Лазароски сликаат од својата...
Post Views: 2
Наместо впишување лозинки, MasterCard Identity check технологијата овозможува потврда за плаќање на интернет по пат на селфи или допир со прст на екранот на телефонот.
Иако бројот на корисници на интернет и мобилното банкарство и трговија е сѐ поголем, кај голем број луѓе и понатаму преовладува стравот од измами, односно страв дека хакерите би можеле да дојдат до нивните лозинки и пинови и на тој начин да им бидат украдени парите.
Во MasterCard развиле технологија која би требало да ги спречи овие измами и која ќе им овозможи на корисниците безбедност на интернет продавниците...
Post Views: 2
Близначките Елена и Емилија Лазороски се талентирани седумнаесет годишни средношколки со исклучителен сликарски талент. Сликаат пејзажи и портрети во различни техники. Употребуваат дрвени бојци, пастел, акрилни бои и маслени бои. Од неодамна успешно експериментираат и со портрети.
„ Најчесто сега цртаме портрети со пастел. Иначе пред две години цртавме оптичка илузија, нешто што не одмараше и требаше да внесеме повеќе труд и детали. Сега сме повеќе посветивме на портрети и пореално од она што го гледаме од животот“, вели Емилија.
Близначките Лазароски сликаат од својата...
Post Views: 7
Охрид ова лето нема да наликува на панаѓур, ветуваат од Локалната самоуправа. Велат дека ќе се направи ред во поставувањето урбана опрема и останати реквизити за забава како граѓаните и туристите не би биле незадоволни од изгледот на најголемиот туристички центар во државава.
Интенција на Локалната е да нема таков изглед. Во моментов не дозволуваме да бидат поставувани тезги барем не на јавна површина и на градежно неизградено земјиште што е во сопственост на РМ и Општина Охрид, вели градоначалникот Јован Стојаноски.
Градоначалникот кажува дека до нив стигнале повеќе...
Post Views: 1
Царинската управа одржа свеченост по повод својот празник – 14 април, на која беа презентирани нејзините активности во изминатата 2013 година.
За време на свеченоста особено внимание се посвети на примената на концептот на Овластен економски оператор и досега постигнатите резултати од имплементацијата на Новиот компјутеризиран транзитен систем.
Прикажан беше и краток спот во кој ќе бидат презентирани активностите, што како општествено одговорна институција, ги превзема Царинската управа во борбата против трговијата со наркотици.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Обновен Мостот на желбите. На задоволство на гостите , но и на охриѓани поправен е мостот кој преставува најкраткиот пат до едно од најатрактивните места на охридското крајбрежје, Канео. На мостот поставени се нови дрвени штици и останува уште да се направи ограда која ќе биде заштита за минувачите по него. Според информациите кои ги добивме тој од утре ќе биде ставен целосно во функција што значи дека за Велигденските празници сите кои сакаат ќе можат да уживаат на плажата Потпеш и населбата Канео и да ја посетат една од најубавите цркви посветена на Св. Јован Богослов....
Post Views: 3
Вевчанскиот хумор бесмртен како и карневалот. Цели 14 векови традиција, од година во година се помасовен, се попосетен, се поенергичен. Вевчанскиот василичарски карневал уште еднаш успеа на едно место, во держава Вевчани, да собере илјадници луѓе, од целата држава, па и од целиот свет.
Со право ви треба посебен пасош за да влезете во ова историско место каде магијата оживува пред вашите очи. Ѓаволи, вештерки, султани, комити, зетот од Горна маала, Златниот човек… На Вевчанскиот карневал, се е возможно и остварливо. Од традиционални маски, па се до иронични претстави...
Post Views: 3
Почна празничната еуфорија. Пред маркетите во градов и на касите ред се чека за да се плати за купените артикли. Таква беше атмосферата и во маркетот „Миса“. Граѓаните забрзано ги прават последните подготовки за најголемиот христијански празник- Велигден. За некого скапо за некого не, но сите одвоиле дел од својот буџет за да ја запазат традицијата.
Велигденските празници секако не можат да поминат ако на трпезата нема јагнешко месо. Во охридските месарници цената на јагнешкото се движи од 280 до 300 денари, а тежината на јагнињата е од 8 до 12 килограми. Во Миса јагнешкото...
Post Views: 0
Времето денеска во Охрид променливо облачно со максимална температура до 9 степени.
Од утре попладне до сабота ќе преовладува сончево време со повисоки дневни температури. Од недела облачноста ќе се зголеми, а локални врнежи од дожд се очекуваат во понеделник попладне и во вторник, кога ќе има и заладување, најавуваат од УХМР.
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Поварадрието на места засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во земјава ќе биде во интервал од 9 до 14 степени.
Post Views: 0
По завршувањето на тендерската постапка и вчерашното потпишување на договорот со фирмата- изведувач, денеска започна санирањето на ударните дупки на охридските улици. Се санираа ударните дупки на улиците „ 7.Ноември“ , „ Јане Сандански“ , „ Димитар Влахов“ , „ Македонски просветители“ , „ Партизанска“ , „ АСНОМ“ и кеј „Македонија“ .Санирањето на ударните дупки на другите сообраќајници ќе продолжи по велигденските празници.
Post Views: 4
Од НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид ја информираат јавноста дека театарската претстава „КРИК ЗА ЉУБОВ” – Жозиен Баласко во режија Љупчо Ѓоргиевски закажана за петок 10.09.2021 година се одложува, поради прогласена тридневна жалост во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот ковид центар во Тетово.
Претставата се презакажува за во ЧЕТВРТОК 16.09.2021 година, картите ќе важат или истите може да се заменат на билетара.