Намалена е побарувачката за продажба на куќи во стариот дел на Охрид

Намалена е побарувачката за продажба на куќи во стариот дел  на Охрид. Мала е понудата и на локации за изградба на куќи во градот. При продажбата на недвижнини има бројни  проблеми. Долги се бирократските процедури за добивање градежни дозвили за реновирање на стрите куќи во Стар град, се доцни со  легализацијата на  објектите , а нема урбанистички планови за источното крајбржје, напоменуваат агентите со недвижнини.

 |  Валентина Неловска  | 

Побарувачката за купување куќи во стариот дел на Охрид е намалена. Најактуелни за купување се куќите со поглед на езеро во делот на Света Софија, Канео и Месокастро но најчесто тоа се стари објекти кои имаат потреба од реновирање. Но бирократските процедури за вадење градежни дозволи се многу долги па купопроджбата се одвива многу тешко. Врз продажбата на недвижностите во голем мера покрај долгите бирократски процедури за вадење градежни дозволи за реновирање на куќите влијае и долгата постапка за легализација, вели Александар Трајковски од Агенцијата за недвижности Енхелеја.

„ Голем процент од луѓето немаат чист имотен лист доградиле, изградиле и немаат завршена легализација. Да има легализација продажбата ќе оди побрзо. Незнам кај е проблемот дали во локалната самоуправа или во законската регулатива, но легализацијата за 1 до година и пол требаше да биде завршена. Ова е премногу долг период да чекате 2 до две и по години за да се реализира проджбата“, напоменува Трајкоски за состојбите на пазарот со недвижности.

Побарувачка на плацеви за изградба на куќи има за населбите на источното крајбрежје но тие се без урбанистички планови, додава Трајкоски и за понудата и побарувачката на локации за градење. Голем процент на луѓе бараат плацеви во Велестово и Горно Коњско , но нема урбанизирани места, кажува Трајкоски.

„Доколку ја погледнете целата интернет понуда за Охрид ќе видите дека бројот на урбанизираните плацеви се сведува на 3 до 4. Тие се релативно скапи и не нудат нешто добро и јас би рекол е лошо. Како ќе е во иднина ќе покаже времето. Се надевам нешто ќе се урбанизира и побрзо ќе се решат локациите и сообраќајните решенија за да инвестираат луѓето во нешто добро“,кажува Трајкоски.

Со донесување на урбанистички планови за делови од источното охридското крајбржје ќе се градат и туристички населби за кои инвеститорите во моментов имаат голем интерес , напоменува Трајкоски. Но , без чисти локации тие не ризикуваат вложување на капитални средства онаму каде што нема патишта, канализација, струја и вода. Се додека не се донесат урбанистички планови не може да се размислува за изградба на современи туристички населби.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top