Post Views: 3
Сеуште не е отпочната изградбата на Дом за стари лица. Во моментов единствено место каде што се згрижуваат овие лица е одделението на Геријатрија при Општа болница- Охрид кое располага со 30- тината легла, кое пак ни одблизу не ги задоволува потребите на жителите на Охрид и Дебрца. Условите се исти како што беа и порано, капацитетот ни е навистина мал, очекуваме во иднина нешто ад се подобри бидејќи има голем интерес кај нас да бидат згрижени пациентите, а имаме и многу пациенти кои се заедно во една соба, затоа мора условите да се подобрат и да се во помала бројка и...
Post Views: 6
Охрид и регионот се поинтересни за туристите од соседна Албанија. Албанските туроператори и туристички агенции се подготвени да го нудат Охрид како нова дестинација во нивните аранжмани , покажаа последните средби на меѓународниот туристички саем што се одржа во Тирана, информира Илкер Мустафа од Тлер.
„ Охрид е дестинација која се бара и ќе се бара на албанскиот пазар. Од остварените средби интересот е голем. Се бара нова труистичак понуда и аранжамни и во иднина ќе има гоелм инетерс на тој пазар за Охрид“, вели Мустафа.
На меѓународниот саем што се одржа од 6...
Post Views: 1
Samsung е на раб на скандал кој многу потсетува на аферата со софтверот за фалсификување на податоци на Volkswagen.
Спрема пишувањето на Guardian, независна лабораторија утврдила дека вистинската потрошувачка на електрична енергија на телевизорите на Samsung кои се продаваат во Европа е поголема од вредностите отстварени во официјалните мерења. Официјалните утврдени податоци служат за доделување на енергетски стандарди, а тие на крајот влијаат на цената. Имено, поштедливите уреди се поскапи.
До сознанијата за поголема потрошувачка на енергијата дошла истражувачката група...
Post Views: 0
Атлетски Клуб “Охрид” заедно со Атлетската Федерација на Македонија на 28.04.2018 година со почеток во 13,00 часот за прв пат годинава ќе организира Меѓународен Меморијален Атлетски Митинг “Влатко Димитров” во чест на Проф. Влатко Димитров долгогодишен тренер на Атлетски Клуб “Охрид” и секако еден од најзаслужните за сите успеси на клубот а и општо на Македонската атлетика.
„Идејата за организација на ваков митинг е уште од минатата година а оваа година од скоро е официјално во календарот на натпревари на АФМ и понатака ќе биде традиционален во последната Сабота на...
Post Views: 1
Охрид сеуште нема сообраќајна студија. Тоа е причина за сообраќајниот хаос кој што посебно во летниот период е евидентен низ охридските улици. Актуелниот градоначалник Јован Стојаноски потсети дека минатата локална власт четири години ветувала дека ќе ја изработи оваастудија, но овај важен проект за градов не беше реализиран. Објаснувањето тогаш беше дека за отпочнување на таа студија се потребни минимум 200 000 евра, пари кои општината ги немаше. Стојаноски се согласува дека овој проект е скап, но вели дека е еден од неговите приоритетите и веќе сериозно се работи да...
Post Views: 2
Националното здружение на граѓани со Хемофилија –„Хемолог“ како и секоја одина така и оваа ќе го прослави Светскиот ден на Хемофилија на 17ти Април.
Ова ќе биде 16та прослава на Светскиот ден во Македонија организирана од „Хемолог“ во соработка со Светската федерација за хемофилија, Европскиот Конзорциум за Хемофилија и НВО Млади за Љубов. Секоја година прославта се одржува во различна општина со цел едукација и прифаќање на лицата со Хемофилија . Овогодинешната прослава ќе се одрижи во Кичево под мотото “Зборувај гласно, направи промена“.Со симболично пуштање на црвени...
Post Views: 0
До 1 ви мај ќе се знае која софтверска куќа ќе го вовде СМС паркирањето во Охрид . Во моментов сеуште тече тендерската постапка за пријавување на апликанти, која ја спроведува Бирото за јавни набавки. Директорката на ЈП „Билјанини Извори“ Гордана Јованоска вели дека голем бил интересот за овој тендер, така што досега биле подигнати 12 тендерски документации. Таа открива кога ќе биде во функција новиот начин на наплата на паркнг.
„До 1 мај најдоцна ќе се знае преку која софтверска куќа ќе оди СМС паркирањето, но монтирањето на информативни табли и обуките кои теба да...
Post Views: 27
Неколку улици во Струга деновиве останаа без улично осветлување. Не станува збор само за улиците каде сеуште се врши замена на старото улично осветлување со ново, туку темно е и на влезот од градот и на неколку фрекфентни улици, каде веќе се поставени новите штедливи светилки. Првиот човек на градот Рамиз Мерко, признава дека постои проблем, но исто така вети дека за кратко време истиот ќе биде надминат.
„Тоа не е по вина на приватниот партнер туку да речеме во наводници кажано вината е во општината бидејќи на неколку места треба да се отстранат старите бандери и да...
Post Views: 4
Градоначалникот Јован Стојаноски, по повод големиот христијански празник, Христовото Воскресение – Велигден, до граѓаните од православна вероисповед испрати честитка во која им посакува да го прослават со среќа во срцата и во пријатна атмосфера. – Со особена радост и задоволство во пресрет на празнувањето на најголемиот христијански празник, Христовото Воскресение – ВЕЛИГДЕН, дозволете ми да Ви го честитам ВЕЛИГДЕН и да Ви посакам здравје, благодет, Христова љубов и спокој во секој дом и во сечие срце. Велигден, е возвишен ден, зошто е празник во кој преовладува...
Post Views: 2
По врнежите од снег на повисоките места, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ веднаш излегоа на терен.
Се расчистува потегот према Велестово и Рамне, па екипите продолжуваат нас. Коњско, нас. Исток и с. Елшани. Истиот терен се посипува со ризла и сол – информираат од Јавното претпријатие.
Post Views: 2
Викенд акција за вдомување на миленичиња. Денес на градскиот плоштад во Охрид љубители на животните, организираа акција за вдомување на кучиња. Анастазија Димзовска, граѓански активист за заштита на правата на животните, вели дека со акцијата имааат за цел да им обезбедат дом на што е можно повеќе кучиња, кои во моментов се наоѓаат на улица.
Очекуваме денеска бидејќи е продолжен викенд да има луѓе па да можиме на сите кученца да им најдиме дом. Имаме и поголеми кучиња кои чекаат да бидат вдомени па доколку некој сака може да си вдоми и такво куче, објаснува Анастазија...
Post Views: 10
До Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој пристигнале 198 апликации за ИПАРД 2 програмата од мерката 7„ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“. Со помош на средства од ИПАРД 2 програмата, физичките и правните лица имаат можност да ги модернизираат постојните или да отвораат нови микро и мали претпријатија кои ќе помогнат домашните земјоделски производи да добијат додадена вредност. Преку оваа мерка има можност да се развива и руралниот туризам. Македонските земјоделци најмногу интерес покажале за реализација на проекти од...