Post Views: 1
Во општина Охрид и на териториите на Струга, Вевчани и Дебрца кој ги покрива СВР Охрид полциските службенници работеле ефективно. Портпаролот Стефан Димовски на Денот на полицијата ги сподели полициските аналитички податоци според кој во периодот меѓу двата празника во СВР Охрид има зголемена откривачка функција на полициските служебници од 40 проценти во споредба со претходниот период кој изнесувал 36 посто. При нарушувања на јавниот ред и мир полициските службеници постапиле во 51 случај, а за споредба во истиот период минатата година имало 58 нарушувања. Исто така...
Post Views: 1
На 18 јануари се слави празникот Водокрст. Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот.
Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ.
Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.
Ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.
За православните христијани е строг пост.
Post Views: 4
На 13 мај, на големо задоволство на публиката, во рамки на големата балканска турнеја премиерно и во Охрид, најновото стендап шоу на македонскиот актер и стендап комичар Никола Тодороски. “ ARTIFICIAL INTELLIGENCE NATURAL STUPIDITY”, или како што вели Тодороски, за тие што бегале од часовите по англиски “ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПРИРОДНА ГЛУПОСТ“, е насловена 75 минутната пеколна комедија која ја исмева човечката глупост. Пред точно седум години Битола беше градот во кој Никола го направи својот прв стендап настап. Сега по точно седум години од Битола Никола со своето...
Post Views: 12
Македонија низ очите , перото и четката на Едвард Лир (17-24 септември 1848), е насловена изложбара на репродукции и слики на Едвард Лир, поставена во Куќата на Робевци.
Изложбата на репродукции на цртежи и слики на Лир од неговото пропатување низ нашата земја и неколкудневниот престој во Битола и Охрид, ќе биде отворена во Куќата на Робевци, во петок, 24 септември во 19:00 часот.
Едвард Лир бил англиски уметник, илустратор и поет, познат по литературниот нон-сенс во поезијата и прозата. Ги поминува годините од младоста како цртач во Зоолошкото Друштво, а потоа како...
Post Views: 9
Во охридскиот регион силното невреме пропратено со град и ветер вчера попладен направи голема штета врз раноградинарски, градинарските и овошни култури. Невремето со дожд и град било краткотрајно, но било пропратено со силен ветар, кажуваат земјоделците и овоштарите кои претрпеа големи штети. Градот најсилно удрил на потегот од селата Орман, Горно и Долно Лакочереј, Косел , Ливоишта, Дебело поле каде што се јавува за уништен род на нивите, бавчите и овоштарниците.
„ Апсолутно е направена штета на сите овошки. Меѓу нив најосетлива е црешата и 90 посто од плодовите се...
Post Views: 1
Општинската администрација заедно со јавните претпријатија викендов чистеше на делови од подрачјето на општина Охрид. Се чистеше плажата од Горица III до Детското одморалиште, магистралниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот до населбата Св. Стефан, скалите и Спомен паркот на револуцијата, како и поширокиот потег на улицата „Јордан Мијалков“, потегот од улица „Никола Карев“ до Булевар „Туристичка“, како и делот од реката Грашница до хотел „Мизо“ и целиот простор околу ОУ „Св. Климент Охридски“.
Во пресрет на главната туристичка сезона, Охрид ќе се чисти и наредниов период.Во...
Post Views: 0
Несреќите се случуваат секојдневно и насекаде: во домот, на улица, на училиште, на работно место, на игралиште, во природа и каде ли уште не. Во таквите ситуации правилното укажување прва помош значи спасување човечки живот. Во рамките на своите активности во делот на првата помош Црвен крст- Охрид го организира традиционалниот, 47ми по ред, Општински натпревар. На натпреварот, стекнатите знаења и техники за укажување на прва помош ги покажаа повеќе од 250 ученици-натпреварувачи од сите основни и средни училишта од Охрид и Дебарца, организирани во екипи во категорија...
Post Views: 0
Минатата недела на Apple му е одобрен патентот за уредот под името iRing кој ќе може да фотографира, да праќа пораки и да функционира како часовник.
Прстенот ќе биде со прилично мали димензии, а наводно ќе ги подобри бројните функции кои моментално ги има iPhone.
iRing на себе ќе има екран чувствителен на допир со кој корисникот ќе пристапува до апликациите.
Паметниот прстен од Apple на себе ќе има вграден микрофон што на корисникот ќе му овозможи гласовно праќање на пораки, додека малата камера ќе може да фотографира.
Уредот ќе има биометриски сензори кои ќе го следат...
Post Views: 0
Нападнат пловен објект во водите на Охридското езеро и лишување од слобода на опасни лица. Ова беше само дел од тактичко- показната вежба која денеска на пристаништето во Охрид припадниците на Единицата за специјални задачи, Езерската полиција и Хеликоптерската единица, во склоп на одбележувањето на 7 Мај- Денот на македонската полиција, и презентираа на јавноста дел од своите професионални можности, ефикасно справувајќи се со едно сложено вежбовно сценарио во водите на Охридското езеро. Во присуство на голем број граѓани припадниците на МВР изведоа тактичко- показна...
Post Views: 2
Вработените во државата во февруари во просек заработувале по 20.941 денар, односно 340 евра. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), за една година просечната плата по вработен се зголемила за 0,1%.
Растот, пред се, е резултат на зголемените примања на вработените во три сектори. Најголем пораст на платите во изминатиот едногодишен период имало во рударството и вадењето камен, и тоа за 16,5%. Следуваат градежниците, чии сметки станале подебели за 8,7%, па административните и помошните услужни дејности, каде што е регистриран раст на просечната нето-плата...
Post Views: 0
Македонските таеквондисти повторно се закитија со медали постигнувајќи врвни резултати на Европското првенство во Талин, Естонија. Тие од таму се вратија со два бронзени медали. Во една голема конкуренција од 1200 натпреварувачи од 33 земји од Европа, нашите таеквондисти се изборија за медал кој иако е бронзен свети како злато, вели претседаделот на македонската репрезентација Маријанчо Лазарески, поранешниот светски вицешампион.
„После долги години повторно успеавме да се качиме на Европскиот пиедестал, со што го кренавме и рејтингот на нашата држава во Европската ИТФ....
Post Views: 8
Денес, во организација на Националниот Совет за родова рамноправност и Невладината отганизација „Езерка“, во Струга се оддржа трибина, поточно промоција на концептот феминистичка правда, односно родов концепт и справување со неправдите и дискриминацијата направени во транзициониот период, почнувајќи од деведесеттите до сега. Светлана Јанева од Националниот совет за родова еднаквост истакна дека време е да запрат неправдите кои се вршат врз жената. Додаде дека со реализација на иницијативата на Женскиот суд ќе се отвори простор каде ќе можат жените јавно да сведочат за...