Уред со кој Apple ќе го смени светот

Компанијата Apple спрема нов уред-паметен прстен

 |  инфодеск  | 

Минатата недела на Apple му е одобрен патентот за уредот под името iRing кој ќе може да фотографира, да праќа пораки и да функционира како часовник.

Прстенот ќе биде со прилично мали димензии, а наводно ќе ги подобри бројните функции кои моментално ги има iPhone.

iRing на себе ќе има екран чувствителен на допир со кој корисникот ќе пристапува до апликациите.

Паметниот прстен од Apple на себе ќе има вграден микрофон што на корисникот ќе му овозможи гласовно праќање на пораки, додека малата камера ќе може да фотографира.

Уредот ќе има биометриски сензори кои ќе го следат работењето на срцето, температурата и хидратацијата.

Патентот кој е одобрен наговестува и можност овој прстен во себе да има вграден сензор за следење на движењата што ќе овозможи дигитално чување на сѐ она што корисникот со пенкало ќе го напише на хартија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top