Post Views: 5
Општина Охрид во рамките на одбележувањето на 5-ти Јуни- Светскиот ден на животната средина, првата недела од месец јуни ја прогласи за „Недела на животната средина“ во која ќе бидат опфатени повеќе активности.
Целта на организирањето на оваа „Недела на животната средина“ е што повеќе да се укаже на проблемите од областа на екологијата и да се влијае на подигањето на јавната свест на граѓаните за заштита на животната средина.Во текот на одбележувањето на неделата на животната средина предвидени се повеќе активности.Ќе се реализира проектот „Цветни балкони –...
Post Views: 3
Истражувањето „Мислењето на граѓаните за корупцијата во Македонија“, спроведено во 33 општини од страна на професори од Факултетот за безбедност во Скопје, во периодот од 8 до 20 јануари годинава, го покажа распространетото верување меѓу граѓаните – најкорумпирани се политичарите и судиите.
Потоа на листата следуваат вработените во царината, носителите на државните функции, државните службеници, инспекциските органи, обвинителите, полицајците, лекарите и универзитетските професори.
„Резултатите покажуваат дека меѓу граѓаните се уште е високо нивото на претстава за присуството...
Post Views: 0
Одлуката за забраната на употреба на педалинките на струшките плажи во прашање ја доведува егзистенцијата на 20 семејства, реагираа сопствениците на педалинките на денешниот протесен совбир. Тие бараат преиспитување на одлуката на советниците, собираат потписи против оваа одлука и велат дека истата ќе ја обжалат до Уставен суд.
Протест на издавачите на педалинки во Струга. Тие денес го кренаа гласот против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој на последната седница на Совет со одлука ја забрани употребата на педалинките. Велат дека оваа одлука им дошла како гром од...
Post Views: 1
ОИК даде вето за заедничката советничка листа на ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ за Струга. Ваквата одлука предизвика огромен револт и незадоволство во редовите на струшките социјалдемократи, кои се официјален подносител на зеадничката листа. Претседателот на ОО на СДСМ Ристе Чушкоски, тврди дека листата на кандидати за членови на Совет навреме била поднесена, но не била прифатена од ОИК со забелешка дека за 13 членови од таа листа веќе е поднесена кандидатура за Советот. Додава дека од нивна страна им било сугерирано дека има одлука од ДИК во однос на тие 13 членови односно дека...
Post Views: 0
Градот Струга наредниве три дена ќе биде домаќин на социјални претприемачи од Југозападниот регион кои што ќе бидат дел од едукативната програма „Развој на одржливи социјални бизниси“ која што ќе се одржува во хотелот „Дрим“. Програмата, чија цел е да ги зајакне капацитетите на постоечките социјални претпријатија од овој регион на земјава, во исто време ќе укаже и на придобвиките што ги носи социјалната економија како сектор кој развива економски активности за важни општествени цели. Во исто време, ќе бидат споделени европски и светски искуства кои ја манифестираат...
Post Views: 0
Очекувањата на метеоролозите се остварија утрово.
Имено, снег има речиси на сите повисоки планини во земјава, а според видео камерите на „skimacedonia.mk“, јасно се гледа формирана снежна покривка и на најпознатите ски центри во нашата земја.
Утрово снег има во Маврово, Попова Шапка, како и во Пониква.
Од фотографиите и видео камерите може да се забележи дека најмногу снег паѓа на Попова Шапка каде речиси се е бело.
Post Views: 1
Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше средба со претставници на Здружението на фамилиите на загинатите припадници на вооружените сили на Македонија „ Херои на Македонија 2001-2015“ . На средбата на која учесвуваше и началникот на Секторот за внатрешни работи од Охрид Сашо Смилески, претставниците на здружението побараа вклучување на Локалната самоуправа во одбележувањето на ликот и делото на загинатите бранители.Заеднички беше договорено општина Охрид да организира меморијален турнир во мал фудбал кој ќе го носи името на загинатиот бранител Благојче Крстаноски...
Post Views: 3
Вчера, во Охрид започна 12-тата по ред Меѓународна конференција од областа на безбедноста, во организација на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Темата на овогoдинешната конференција е „30 години независна македонска држава“.
На свеченото отворање свое излагање имаше градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, кој посочи дека токму преку ваквите научно академски собири се трасира патот кон стабилна безбедносна иднина за државата и регионот.
Учество на конференцијата зедоа професори и истражувачи од 12 земји од регионот и Европа,...
Post Views: 1
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека ден 31.05. 2018год. (четврток) екипа на Центар за јавно здравје Охрид Ќе спроведат ларвицидна дезинсекција против комарци .
Третирањето ќе биде од земја во период од 05 до 07 часот
Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Студеничко блато, месноста Далјан и потегот од Андон Дуков до Подмолје.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се...
Post Views: 16
Се е подготвено за големата Еко акција за чистење на градот. Под мотото „Мој Охрид, чист Охрид“ во организација на Супер Радио, на 9 ти јуни ќе се чисти крајбрежниот појас од населбата Воска до хотелот Десарет во Пештани. Сашо Митаноски на денешната прес конференција истакна дека веќе биле дефинирани 8 зони односно реони каде ќе се чисти, а дел од пријавените учесници веќе биле и распределени кој каде ќе чисти.
„Основната идеја е да во пресрет на туристичката сезона градот да блесно во целата негова убавина, цело ѓубре кое се насобрало и кое го има на плажите да го...
Post Views: 5
Високиот водостој на Охридското езеро кој во моментов е 20 см над дозволената кота им прави големи штети на угостителите и на жителите на крајбрежниот појас. Подолго време трае загриженоста и на угостителите и на жителите. Угостителските објекти трпат високи штети бидејќи и при мртов бран, од осцилација на водната површина, им се поплавуваат терасите, а жителите пак стравуваат од нарушување на стабилноста на куќите, вели Михаил Мишев претседателот на угостителскиот еснаф Охрид.
„ Таков висок водостој не се памети многу долго време. Мислиме дека е резултат на несоодветно...
Post Views: 4
Како што напредува модерната технологија сѐ повеќе изумираат некои професии и е сѐ помала шансата за вработување на одредени позиции.
Спрема истражувањата на CareerCasta, поштарската работа е на врвот на листата најзагрозени, а до 2022 година се очекува дека во тој сектор ќе бидат укинати 28% од работните места.
На врвот од листата на најзагрозените професии се наоѓаат и фармерите со оглед на тоа дека технологијата на модерно одгледување на земјоделски производи бара помалку работници отколку порано.
Ова се шест професии кои се загрозени од модерната технологија: Поштар,...