Снежна идила во Маврово и Попова Шапка

На Попова Шапка и во Маврово падна снежна прекривка. На крајот од ноември имаме вистинска зимска идила таму.

 |   | 

Очекувањата на метеоролозите се остварија утрово.

Имено, снег има речиси на сите повисоки планини во земјава, а според видео камерите на „skimacedonia.mk“, јасно се гледа формирана снежна покривка и на најпознатите ски центри во нашата земја.

Утрово снег има во Маврово, Попова Шапка, како и во Пониква.

Од фотографиите и видео камерите може да се забележи дека најмногу снег паѓа на Попова Шапка каде речиси се е бело.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top