Протест на струшките издавачи на педалиники против забраната на овие реквизити

Одлуката за забраната на употреба на педалинките на струшките плажи во прашање ја доведува егзистенцијата на 20 семејства, реагираа сопствениците на педалинките на денешниот протесен совбир. Тие бараат преиспитување на одлуката на советниците, собираат потписи против оваа одлука и велат дека истата ќе ја обжалат до Уставен суд.

 |  Билјана Николоска  | 

Одлуката за забраната на употреба на педалинките на струшките плажи во прашање ја доведува егзистенцијата на 20 семејства, реагираа сопствениците на педалинките на денешниот протесен совбир. Тие бараат преиспитување на одлуката на советниците, собираат потписи против оваа одлука и велат дека истата ќе ја обжалат до Уставен суд.

Протест на издавачите на педалинки во Струга. Тие денес го кренаа гласот против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој на последната седница на Совет со одлука ја забрани употребата на педалинките. Велат дека оваа одлука им дошла како гром од ведро небо и во најмала рака сметаат дека градоначалникот Мерко требало да направи состанок со сопствениците на педалинките, со цел низ дебата и разговор да најдат некакво решение.

„Ние овде доаѓаме за егизстенција има луѓе кои чекаат да дојде сезоната за да ја поминат зимата. Мора да има превентивни мерки или друг начин за да не се укинат педалинките“–  Бојан Блажески – издавач на педалинка
 
„Јас сум ќерка од рибар и имам 57 години од време памтам дека овде постоеле кајчиња и педалинки. Во претходниот мандат кога Мерко беше градоначалник исто така имаше забрана, кога дојде другиот градоначалник имавме дозвола за работа колку толку истававме по едно парче леб и сме задоволни. Јас не го оговарам господинот Мерко туку го поздравувам и му упатувам апел да преземе мерки и да не остави да работиме“ -Мимоза Мојсоска – издавач на педалинка.

„Ние како сопственици на педалинки, ги замолуваме советниците уште еднаш да ја разгледаат оваа одлука и да донесат позитивен одговор во наша полза. Ние имаме отоврено јавна петиција кој ја поддржуват добар дел од грѓаните и туристите и имаме намера да се жалиме до Уставен суд“-Ненад Гучески – издавач на педалинка.

Сопствениците на педалинките добија поддршка од дел на граѓаните на Струга. Тие сметаат дека педалинките треба да работат.
 
 „Сите кога доаѓаме тука се возиме со внуците, значи сакаме да работат педалинките. Во другите градови има и Струга не треба да се двои од другите езерски градови“ -Христо Китаноски.

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко е дециден, и вели дека нема да ја менува одлуката. Инаку од Капетанија на пристаништата на Македонија појаснуваат дека педалинките се водат како реквизити за забава на вода, односно урбана опрема, тие немаат законски третман и затоа општината може да донесува акт со кои се уредува поставувањето на ваков вид урбана опрема.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top