Post Views: 0
Oхрид по 57 пат е домаќин на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Љубителите на народниот фолклор ќе имаат можност во текот на одржувањето на фестивалот да уживаат во настапите на фолклористи од регионот. По традиционалното дефиле на учесниците низ градот, играорците и посетителите на отворањето ги поздрави градоначалникот Јован Стојаноски. Учесниците на Балканскиот фестивал на народни песни и игри и бројната домашна публика, но и посетителите од сите страни на светот, овие неколку дена, ќе го почувствуваат духот на древниот Охрид, градот на светлината, градот...
Post Views: 0
Во Србија се крена паника откако студентка во понеделникот се самоуби скокајќи од прозорец на Филозовскиот факултет во Белград.
Сведоштвата на колегите се дека мртвото тело на девојката е пронајдено со црн конец во раката, симбол на најозогласената секта на Балканот „Црна Ружа“.
Студентите сметаат дека има голема можност таа да била член на оваа секта, анализирајќи го нејзиното однесување и постојаната напнатост. Таа постојано зборела за тешката состојба во која живеат, како ситуацијата е непоправлива.За девојката нејзините колеги велат дека била воспитана, културна...
Post Views: 1
ЈП Градски гробишта кое изминативе години пливаше во долгови, полека застанува на нозе, тврди в.д. директорот Ванчо Костоски. Од почетокот на годината, до сега, вратени се над 50.000 евра или над 3 милиони денари стар долг од периодот 2016 и 2017 година, а за наплата пристигале долгови и од 2012 година, посочува Костоски за моменталните состојби во ова јавно градско претпријатие. Појаснува дека се враќаат старите долгови, а се сервисираат тековните.
„Некаде над 50 посто од долгот е исплатен, а напластуван 6-7 години. Сега за само 6 месеци со вакво темпо на работа се...
Post Views: 0
Реализацијата на проектот „Изградба на музеј на вода“, во Струга ќе почека. Музејот на вода беше предвидено да се подигне на истекот од реката Црн Дрим од Охридското езеро. Како што е добро познато министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска на почетокот на јули месец минатата година најави дека на тоа место било предвидено да се возобнови наколната населба по примерот на онаа од Заливот на коските во Охрид, како и за археолошкиот локалитет Врбник кои датираат од железното време и во кои според направените истражувања биле пронајдени голем број артефакти. Но...
Post Views: 1
Охрид е на самиот врв по дивоградби во земјава. Втора година по ред е на врвот на листата според бројот на бесправно изградени објекти. Минатата година статистичките податоци на Државниот завод за статистика покажале дека биле регистрирани 68 дивоградби. Општина Охрид признава дека има сериозен проблем со нелегалените градби, а тоа се случува заради пропаѓањето на тендерите за избор на фирма која ќе ги руши бесправно изградените објекти. Со години наназад никој не сака да се пријави за да ги одстрани дивоградбите, подвлекува охридскиот градоначалник Јован Стојаноски.
„Не...
Post Views: 0
На 27.02.2022 година, при сообраќајни контроли извршени од 13 до 18 часот, полициски службеници во Охрид затекнале 22 возачи кои управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената (14-надвор од населено место и 08-во населено место).
При извршените контроли во Кичево, 19 возачи биле сопрени и санкционирани поради надминување на дозволената брзина во населено место – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 1
Во организација на Националната установа, Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид, од денес до 7-ми јули 2018 година ќе се одржи 57-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, најстарата фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.Програмата и оваа година е на високо ниво и е подржана од Собранието на Република Македонија и Министерство закултура на Република Македонија и пријателите на фестивалот. Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде...
Post Views: 4
Времето денеска во Охрид сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец.
Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 28. степени.
До петок ќе се задржи стабилно и топло време. Во сабота ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од недела температурите ќе бидат во постепено опаѓање – информираат од УХМР.
Post Views: 1
Музејот Куќата на Робевци по подолга пауза повторно ширум ќе ги отвори вратите за посетителите. По завршената конзервација на горните делови од музејот ќе биде отворена етнолошка поставка покрај археолошката збирка. Туристите ќе имаат можност да ги видат етнолошките предмети од минатото на Охрид. Очекуваме во текот на летото да се докомплетира целиот објект, информира Елеонора Новаковска директор на НУ „ Завод и Музеј“.
„ Етнолошката поставка ќе е отворена ги чекаме витрините. Согласно договорот за еден месец треба да бидат испорачани, а дел од археолошката поставка...
Post Views: 8
Од денеска и официјално започна наплата со смс пораки на јавните паркинг простори во Охрид. Од ЈП Билјанини извори сметаат дека граѓаните брзо ќе се навикнат на новиот начин на наплата.
Tреба да се следат упатствата на информативните табли. Да се испрати смс порака на телефонскиот број 144 644 со наведена зона , празно место и бројот на регистарската таблица на возилото. Се чека повратна смс порака по што започнува времето на услугата. При напуштање на паркинг местото треба да се испрати смс порака со содржина „S“ за стопирање на паркинг услугата. Наплаќањето ќе...
Post Views: 16
Eколошкото друштво Грашница организира промоција на охридски цреши, мед и пчелни производи, како и лековити билки заедно со здружението Охридска черешна, Охридското Пчелрско здружение и собирачите на лековити растенија. Во охридската чаршија посетителите имаа можност да вкусат и купат здрави еколошки производи. Охридско-преспанскиот регион пред неколку години беше прогласен за биосферен резерват кој покрај брендот за географско потекло на охридската цреша треба да го трасира патот и пристапот кон европскиот пазар и купувачи, напоменува Борис Стојаноски од ЕД Грашница.
„...
Post Views: 9
Со доаѓање на зимата и сè пониските температури , по правило, вашиот автомобил ќе почне да троши повеќе гориво во однос на летните месеци. Но, температурата на воздухот не е единствена причина поради која автомобилот троши повеќе гориво од вообичаеното.
За да се сведе автомобилот на минимална потрошувачка во зимски услови корисно е да се придржуваме на следните совети:
–Проверка на капакот од резервоарот – Поради неисправен капак на резервоарот или лошо затворен би можела одредена количина на гориво да испари.
–Паркирање во гаража – Гаражата го штити автомобилот...