Промовирани охридската цреша и еколошки производи од охридскиот регион

Промовирани охридската цреша и  еколошки производи од  охридскиот регион. Производителите имаа можност да ги изложат  производите кои носат ознака бренд со географско потекло и кои се одгледуваат во Охридско преспанскиот резерват. Лошиот пласман на црешата им предизвика главоболка на овоштарите кои  не пројавија голем интерес да  учествуваат на промоцијата.

 |  Валентина Неловска  | 

Eколошкото друштво Грашница организира промоција на охридски цреши, мед и пчелни производи, како и лековити билки заедно со здружението Охридска черешна, Охридското Пчелрско здружение и собирачите на лековити растенија. Во охридската чаршија посетителите имаа можност да вкусат и купат здрави еколошки производи. Охридско-преспанскиот регион пред неколку години беше прогласен за биосферен резерват кој покрај брендот за географско потекло на охридската цреша треба да го трасира патот и пристапот кон европскиот пазар и купувачи, напоменува Борис Стојаноски од ЕД Грашница.

„ Целта е да се промовираат производи кои не се хемиски третирани, периодот на вегетација и на берба е краткотраен и налага мали третмани. Нов момент е што денес требаше да бидат присутни од Институтот за земјоделие од Скопје и да го врачат одбрениот сертификат за охридксите црешите кои мината година беа прогласени за приозводи со Географско потекло“, вели Стојаноски.

Лошиот пласман на црешата им предизвика главоболка на охридските овоштари кои не пројавија голем интерес да учествуваат на промоцијата. Врнежливите денови предизвикаа пукање на плодовите со што се рефлектира на квалитетот на овошките и на откупот на црешите. Помеѓу малубројните излагачи беше и Крсте Трајчески од село Завој производител на органска храна и добар познавач на лековитите растенија и чаеви.

„Сум дошол како ентузијаст и презентирам корени од подземни лековити растенија. На штандот имам линцура, чичок , цикорија, козјо сирење , питка линцура“, набројува Трајчески од палетата еколошки природни производи.

Од ЕД Грашница за организирање на овој проект добија поддршка од Локалната самоуправа. Иако годинава заради проблемите со откупот на црешата интересот на овоштарите за учество на манифестацијата беше мал, сепак од  Грашница се надеваат на помасовно учество и поголема презентација идната година. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top