Post Views: 4
Согласно Решението на Градоначалникот на Општина Охрид број 09-10170/1 од 12. 07. 2018 година за утврдување на режим на сообраќај во централното подрачје на град Охрид ЈП билјанини Извори ја известува јавноста дека од утре ќе започне со издавање на специјални пропусници за граѓаните на УЗ Стар Град како и на институциите кои се лоцирани во тој дел од градот.
Исто така специјални пропусници ќе се издаваат и на транспортни компании кои имаат решение од Општина Охрид за вршење на дотур и транспорт на тој дел од градот. Специјалните пропусници ќе се издаваат од утре 18 јули...
Post Views: 1
Општина Охрид постави современи информативни табли со QR код на 100 објекти од културно значење, како дел од Проектот за дигитализација и промоција на културното наследство „Интеррегионално управување со културно наследство, Е-Системи-„ИРЦ -ХЕРМЕС“.
Туристите и жителите на градот ќе можат преку скенирање на кодот да добијат информации кои се значајни за објектот од културно наследство. Ваков вид на информативни табли за прв пат се поставени на културни објекти во нашата држава, а со имплементација на овој проект Охрид е пионер во дигитализација на културното наследство.
Проектот...
Post Views: 1
Граѓаните на Охрид како и многубројните туристи ќе можат да пристапат до градскиот плоштад и споменикот на патронот на градот Св.Климент Охридски движејќи се по „цветен тунел„ . Во соработка со локалната самоуправа и Ј.П.„Охридски Комуналец„ поставени се метални конструкции со сезонско цвеќе со впечатлив колорит.
„Се надеваме дека „цветниот тунел„ ќе стане препознатлива позадина на фотографиите на многубројните туристи кои го посетиле нашиот туристички бисер.“ – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Post Views: 0
Поради зголемената фреквенција на сообраќај, а со цел безбеден и проточен сообраќај, од 17 јули времено ќе биде затворена автобуската постојка на бул.“Туристичка“ кај зградата Печијаре. Патниците ќе можат да ја користат автобуската постојката на истиот булевар, кај “Тим Маркет“.
Post Views: 0
Јана Милкоска и Стефан Цветкоски се севкупни победници на 39тиот Илиндески пливачки маратон . Два и пол километарската патека од Х. Парк до градското пристаниште Милкоска ја мина во време од 33 минути и 35 секунди, додека Цветкоски за 34 минути и 17 секунди.Прв на целта на пристаниште пристигна Симеон Кралевски кој победи во возрасната категорија над 16 години. На 24 годишниот скопјанец ова му е 3то учество на Илинденскиот маратон.
„ Додека пливав многу мисли ми поминуваа низ глава, тешко беше, но сепак издржав до крај. Пресреќен сум. Изненаден сум од победата“–...
Post Views: 10
Рускиот авиопревозник вели дека е невозможно да се работи за техничка или пилотска грешка што предизвикало преполовување на авионот, јавува Sky News.
Портпаролката на Kogalymavia, компанијата која раководи со летот на Metrojet рекла дека само “некаков удар” можел да предизвика авионот да започне да се распаѓа за време на прелетот над Египет.
Екипажот на авионот не јавил за никакви проблеми за време на 23 минутниот лет пред да исчезне од радарите. Во несреќата загинаа 244 лица.
Фамилиите на жртвите во Египет ќе започнат со идентификација на своите блиски во понеделник...
Post Views: 9
Охриѓани го чествуваа 2 август Денот на македонската државотворност. Се одбележаа датумите на двата Илиндени 115 години од почетокот на Илинденското востание и 74 години од оджувањето на Првото заседание на АСНОМ. Историчарот, проф. Ристо Николески направи историски осврт на развитокот на државата на македонскиот народ.
„Државата на македонскиот народ е плод на тешки и долготрајни борби. Иако историјата на македонската нација и македонската државност има многу сличности по својот развоен пат, со многу неисториски народи од некои од словенски држави и народи, но има специфики...
Post Views: 1
Со аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во средата во Ватикан, претседателот Ѓорге Иванов и македонска државна и црковна делегација ги почнаа активностите во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил”.
На средбата, Иванов и папата Франциск разговараа за состојбите во христијанството, релациите на Македонија и Ватикан, кои годинава одбележуваат 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи, како и за прашања од историјата, филозофијата и секојдневието, пренесува МИА.
Со папата Франциск, посочил Иванов, се...
Post Views: 9
Во комплексот „Village Вања Камчев“ од денес започна со работа новиот ресторан „Бистро Вилиџ“. Ова бистро е новина во нашиот град и нешто што му недостасуваше на туристички центар како што е Охрид.
Бистрото има интересно мени со високо квалитетни оброци. Во понудата има свежи салати, супи, чорби и готвени јадења, а за љубителите на слаткото има и убави десерти. Цените се навистина достапни за сечиј џеб, па за сума од околу 100 денари може да се добие супер оброк. За првите посетители на денешното отварање на бистрото следуваше дополнителен попуст од 50% на целата храна,...
Post Views: 8
Здравјето велат доаѓа преку устата. Оттука консумирањето на безбедна храна со соодветни прехрамбени својства е еден од начините за заштита на здравјето на потрошувачот. Токму ова е причината поради која Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со Организацијата на потрошувачи на Македонија, денес организираа еден едукативен караван во Струга. Тие на потрошувачите им делеа летоци и брошури за најлесните методи за читање и разбирање на ознаките на производите и препознавање на потенцијално небезбедните состојки во тие производи.
„Би сакала да нагласам дека потрошувачот...
Post Views: 1
Новата автобуска станица е проект на ВМРО-ДПМНЕ кој отпочна изминативе години и на кој особено сме горди како партија, бидејќи охриѓани го заслужуваат и упатуваме честитки до граѓаните. Но кога се отпочнуваше проектот СДСМ и Зоран Заев бесмислено го напаѓаа и критикуваа. Денес се тука горди што ќе сечат лента, ова беше кажано на денешната пресс конференција на ВМРО ДПМНЕ која се одржа порасди свеченото пуштање во употреба на новата автобуска станица во Охрид. Не сме сигурни и ги прашуваме господата од СДСМ, кога повеќе им беше срам, тогаш кога критикуваа дека ќе се прави...
Post Views: 0
Голем пожар денеска изби во Светскиот трговски центар во Хонг Конг, а околу 300 луѓе беа заробени на кровот од зградата.
Пожарот бил пријавен нешто по пладне по локално време и за само половина час бил карактеризиран како инцидент од трет степен, пренесува „South China Morning Post“.
Исто така, медиумите наведуваат дека најмалку 13 лица се повредени во зградата која има дури 38 ката. Властите соопштија дека околу 1 250 луѓе биле евакуирани, вклучително и лица задржани на покривот каде што избегале од пожарот.
Властите соопштија дека успеале да изгаснат поголем дел од...