Специјални пропусници за жителите на УЗ Стар град

Согласно Решението на Градоначалникот на Општина Охрид број 09-10170/1 од 12. 07. 2018 година за утврдување на режим на сообраќај во централното подрачје на град Охрид ЈП билјанини Извори ја известува јавноста дека од утре ќе започне со издавање на специјални пропусници за граѓаните на УЗ Стар Град како и на институциите кои се лоцирани во тој дел од градот.

 |   | 

Исто така специјални пропусници ќе се издаваат и на транспортни компании кои имаат решение од Општина Охрид за вршење на дотур и транспорт на тој дел од градот. Специјалните пропусници ќе се издаваат од утре 18 јули од 08 – 15 часот во дирекцијата на ЈП Билјанини Извори Спортска сала Билјанини Извори.

Специјалните пропусниците содржат електронски чип кој ќе се наплаќа 150 денари еднократно и за нивно издавање сите заинтересирани корисници ќе треба да достават лична карта и сообраќајна дозвола со место на живеење.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top