Изгаснат пожарот во Светскиот трговски центар во Хонг Конг, најмалку 13 повредени

Голем пожар денеска изби во Светскиот трговски центар во Хонг Конг, а околу 300 луѓе беа заробени на кровот од зградата.

 |   | 

Голем пожар денеска изби во Светскиот трговски центар во Хонг Конг, а околу 300 луѓе беа заробени на кровот од зградата.

Пожарот бил пријавен нешто по пладне по локално време и за само половина час бил карактеризиран како инцидент од трет степен, пренесува „South China Morning Post“.

Исто така, медиумите наведуваат дека најмалку 13 лица се повредени во зградата која има дури 38 ката. Властите соопштија дека околу 1 250 луѓе биле евакуирани, вклучително и лица задржани на покривот каде што избегале од пожарот.

Властите соопштија дека успеале да изгаснат поголем дел од пожарот. Еден од работниците кој работел на реновирање на објектот, изјавил дека „внатре е како да си во лавиринт“.

Полицијата соопшти дека 60-годишна жена е хоспитализирана во полусвесна состојба бидејќи вдишала чад, а уште две лица не се чувствуваат добро.

Според медиумите, пожарот избувнал во просторијата со осигурувачите.

Менаџерката на ресторанот на 12 кат, за тамошните медиуми опишала како успеала да побегне откако избувнал пожарот. Според нејзиното сведочење, во моментот на пожарот се служеле 80 оброци.

Околу 12.45 часот (по локално време) забележавме како чад се спушта по скалите. Ги повикавме менаџерите, но не добивме одговор. Набрзо собравме клиенти, зедовме крпи и се евакуиравме. Моравме да се наведнеме бидејќи чадот се акумулира на скалите – раскажала таа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top