Post Views: 0
На осум тезги, 16 локални занаетчии на Сараиште ќе ги презентираат своите ракотворби. Од вечерва па се до недела ќе бидат презентирани уникатни сувенири изработени од вредните раце на охридските занаетчии. Тие пак покажале голем интерес за учество на базарот. Овој пилот проект е на НУ Завод за заштита на спомениците и Музеј – Охрид со поддршка на Локалната самоупрва , информира Елеонора Новакоска, директор на установата.
„ Ние имаме дозвола за поставување на повеќе тезги, но годинава ќе одиме со скратена верзија на проектот. Имаше голем интерес па на една тезга...
Post Views: 8
Во текот на последните 24 часа се направени 3.885 тестирања, при што се регистрирани 557 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
По градови:
• Скопје 268• Куманово 39• Велес 29• Кавадарци, Кичево и Струмица по 19• Тетово и Штип по 17• Прилеп 16• Радовиш 15• Кочани 12• Битола и Охрид по 10• Кратово 8• Свети Николе 7• Гевгелија, Гостивар и Ресен по 6• Валандово и Неготино по 5• Делчево, Крива Паланка и Струга по 4• Виница и Пробиштип по 3• Македонски Брод 2• Дебар Македонска Каменица, Пехчево и Берово по 1
Пријавени...
Post Views: 1
Муслиманските верници денеска го прославуваат големиот исламски празник Курбан бајрам. На првиот ден од четиридневното празнување се принесува жртва – курбан и се карактеризира со тоа што побогатите им помагаат на сиромасите. Наши сограѓани, денеска по посетата на џамииите на бајрамската молитва традиционално го организираа обичајот на принесување на курбанот со што започна славењето на големиот празник.
“По повод празникот, на денешниот обичај како курбан беа принесени петнаесет глави крупен и ситен добиток, од кој беа приготвени пакети со месо со тежина од 5 до 8 килограми,...
Post Views: 6
Искршена рампата кај Горна Порта. Во еден месец ова се случува по втор пат, непознат сторител да го уништува јавното добро. После полноќ, со тврд предмет или удар искршен е читачот на картички, отстранет алуминиумскиот дел од рампата и фрлен, информира Гордана Јованоска , директор на јавното претпријатие „Билјанини извори“.
„ Локалната самоуправа е решена да успее овој систем во Стар град. Повторно ќе се сервисира рампата и ќе се пушти во употреба“ , вели Јованоска.
Јованоска напоменува дека ова е вандалско дело на опортунисти кои не сакаат новини и средување на сообраќајниот...
Post Views: 18
Повторно ставен во функција компјутерскиот томограф на Одделот за радиологија при Општа болница Охрид. Апаратот една година не работеше откако откажа еден од главните делови, рендгенската цевка. Проблемот кој ги примора охриѓани и пациенти од регионот скапо да плаќаат во приватните клиники или со месеци да чекаат слободен термин за снимка во болницата „Св. Еразмо“ е надминат откако менаџментот на болницата успеа да обезбеди средства во висина од 6 милиони денари за промена на рендгенската цевка.
„Со помош на Министерството за здравство се обнови томографот. Снимени...
Post Views: 1
Милионер близок на рускиот претседател Владимир Путин пронајден е мртов во хотел во Вашингтон, извести ABC News, повикувајќи се на американски и руски официјални лица.
Поранешниот руски министер за комуникации Михаил Лесин, кој опозицијата го обвинуваше дека ги замолчува медиумите, пронајден е мртов во хотелот The Dupont Circle.
Американските власти ја известиле за ова руската амбасада во Вашингтон и властите на двете земји се обидуваат да ги расчистат околностите во кои Лесин умрел. Полицијата во Вашингтон известила само за смртниот случај во хотелот не сакајќи да открива...
Post Views: 0
Отакако СДСМ го презеде здравствениот систем тој е последно рангиран и најлош здравствен систем во Европа. Ниту се реновираат болници, ниту се градат нови. Медицинските апарати не се поправаат и не се набавува современа медицинска опрема, обвини Кирил Пецаков член на Извршниот комитет од партиската говорница на ОК ВМРО ДПМНЕ. Медицинскиот персонал никогаш повеќе не бил деградиран и понижен. Секојдневно јавноста ја тресе некој нов скандал во здравството, рече Пецаков.
„ Во ЈЗУ „Општа болница“ од 31 кандидат рангиран според успех, за медицинска сестра не е примен најдобриот...
Post Views: 0
Политиката на државни субвенции за развој на авиосообраќајот дава резултати, но за да биде уште подобро треба да се формира национална авиокомпанија која ќе лета под национални ознаки , пишува „Дојче Веле“.
Македонија е зрела за национален авиопревозник, но има ли капацитети за конечна реализација на овој “вечен проект“. Пет години откако беше приземјен и последниот авион кој леташе под македонско знаме, македонските аеродроми стануваат важна регионална крстосница преку која директно се лета кон повеќе метрополи. Визер, Туркиш ерлајнс, Кроација, Адрија, Ал Италија, Аустриа,...
Post Views: 0
Од локалната самоуправа ги повикуваат граѓаните (физички и правни лица) кои сметаат дека невремето проследено со врнежи од дожд, град и ветер кое го зафати подрачјето на Општина Охрид во петокот, 17ти август, им има нанесено материјална штета на нивните имоти ( угостителски објекти, станбени објекти, земјоделски објекти, деловни простори и друго.) , истата да ја пријават во просториите на општина Охрид. Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 8 до 16 часот во Општински услужен центар, во архива на Општина Охрид, или на телефонскиот број 046/262-492....
Post Views: 1
Струга е град кој што самиот знае да си го зачува мирот, велат од НВО „Езерка од Струга. Оваа организација и годинава во својата програма има зацртано низа активности, главно концентрирани на зачувување на соживотот во Струга, како една сензибилна мултиетничка средина. Претседателот, Драгица Павлеска Попеска задоволна е од нивните залагања во таа насока и потенцира дека годинава со уште поголем елан ќе работат кон остварување на зацртаните цели, нормално во соработка и поддршка со релевантните институции.
„Годинава најповеќе ќе ставиме акцент на асоцијалното однесување...
Post Views: 6
Над 200 деца на возраст од 7 до 12 години неколку дена ќе играат фудбал на охридскиот СРЦ „ Билјанини извори. 90 проценти од охриѓанчињата кои се вклучија во проектот досега не тренирале никаков спорт, информира Јоне Станкоски еден од носителите на спортскиот проект „ Cross cultures“. Една од целите на проектот е преку дружење децата да градат здрави животни навики, но и да добијат стимулс за понатамошно спортување.
„ Да ги поттикнеме кога ќе заминат од овде среќни и задоволни да се спортски поактивни. Имаме проблеми со здравјето на детската популација и начинот на живот....
Post Views: 0
Тестот за детекција на коронавирусот не е назална вакцина и со него не се врши присилна вакцинација. Всушност, вакцините не функционираат на таков начин и нема никаква теоретска можност да се вакцинирате преку брис од нос и грло.Тестирањето, пак, игра клучна улога при справувањето со пандемијата бидејќи заразените лица кои навремено ќе се тестираат и самоизолираат не го шират вирусот на други луѓе.
Фејсбук објава тврди дека универзитетот „Џон Хопкинс“ развил технологија со која луѓето се вакцинираат со помош на ПЦР тестови. Ова не е точно. Станува збор за погрешно толкување...