Томографот во охридската општа болница повторно во функција

Охриѓани и пациенти од регионов повторно добиваат компјутерска рендген дијагностика на Одделот за радиологија при Општа болница Охрид. Проработе томографот кој цела година беше нефункционален поради потребата од нова рендгенска цевка.

 |   | 

Повторно ставен во функција компјутерскиот томограф на Одделот за радиологија при Општа болница Охрид. Апаратот една година не работеше откако откажа еден од главните делови, рендгенската цевка. Проблемот кој ги примора охриѓани и пациенти од регионот скапо да плаќаат во приватните клиники  или со месеци да чекаат слободен термин за снимка  во болницата „Св. Еразмо“ е надминат откако менаџментот на болницата успеа да обезбеди средства во висина од 6 милиони денари за промена на  рендгенската цевка.

„Со помош на Министерството за здравство се обнови томографот. Снимени се околу 400 пациенти, за период од месец и половина“ – вели Славица Малеска Стојадиновиќ – директор на Општа болница – Охрид

Сега граѓаните во охридската општа болница повторно ќе имаат можност за да направат компјутерската рендген дијагностика која припаѓа на најпрецизните видови на истражување и овозможува брзо добивање на резултати. Иако има листа на чекање сепак надминат е хаосот кој владееше поради дефектот на томографот со препраќање на пациентите.

„Во просек одолу 4.000 пациенти поминуваат на снимање на томограф, а со новата цевка сега ставена во него би се снимиле околу 15–16.000 илјади пациенти“ – вели Малеска.

Апаратот не беше функционален од август минатата година кога рендгенската цевка му откажала поради максимална искористеност, односно поради снимање на 22.000 пациенти. Алармот за замена на цевката светнал уште кога апаратот достигнал 14.000 прегледи, но за жал не биле преземени никакви мерки од претходното раководство.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top