Денес во Охрид натпросечно топло со температура до 30 степени

Post Views: 2 Во Охрид денес сончево и натпросечно топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од југозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец (на места со брзина и над 70 км/час). Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има локален пороен дожд. Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 30. степени. Утре преку денот и во недела претпладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата особено во северните делови ќе се намали за неколку степени. Потоа продолжува стабилно време со...

Continue reading

За 483 охридски првачиња почна првиот училишен ден

Post Views: 1 Училишното звоно, утрово, за прв пат се огласи за охридските првачиња. Во училиштата се одржа свечен прием на првачињата. Градоначалникот Јован Стојаноски беше во посета на неколку школи и на почетниците им посака успешен старт. Бидете среќни и борете се да бидете уште една успешна генерација како ипретходните, да бидете гордост на нашиот град, рече Стојаноски. Градоначалникот им упати порака на наставниците и родителите од ОУ „ Христо Узунов“. „Да се борите за квалитетно образование на вашите деца, зборувам како родител, човек и професор, дека нема повредна инвестиција...

Continue reading

Сериозни обвинувања од наводна порака без да се исконтактира втората страна

Post Views: 1 Пишува: Соња Рилковска Рецензирме вест објавена на порталот In7, на 08.07.2020 под наслов „Ако не дојдете на митингот, ние ќе преземеме мерки “– шефот на Кабинетот на Мерко им се заканува на административците“. Во самиот наслов изнесени се експлицитни обвинувања на адреса на шефот на кабинетот на градоначалалникот на Струга, Дашмир Насуфи, без да се побара став од него. Во текстот објавен на порталот, непознатиот автор пишува: Секојдневно се зголемуваат пораки со уцени и разни форми на притисок за учество во партиски активности кон административците и вработени...

Continue reading

МАРКО ПЕЈЧИНОСКИ И ЈОСИФОСКИ НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Post Views: 0 Големиот спортски херој Марко Пејчиноски и таеквондистот Ацо Јосифоски, денес имаа прием кај градоначалникот Стојаноски, за нивните исклучителни спортски достигања. Дванаесетгодишниот Марко Пејчиноски, ја плени македонската и светската јавност со извонредниот спортски подвиг, препливувајќи го Охридското Езеро, од Св.Наум до Охрид. Оваа несекојдневно спортско достигнување, не остана незабележано и од повеќе фирми и организации од целата земја, кои со соодветни награди го опсипаа малиот Марко. Градоначалникот Стојаноски честитајќи му го големиот успех, истакна дека неговиот...

Continue reading

МАНИФЕСТАЦИЈАТА “ОХРИДСКА СОФРА“ ВО САБОТА ВО СКРЕБАТНО

Post Views: 5 Шестото издание на манифестацијата “Охридска софра“, ќе се одржи во сабота во Скребатно. И овој пат на посетителите ќе им биде презентирана традиционалната охридска храна, вкусното ѓомлезе и други етнолошки вредности, карактеристични за охридскиот крај. Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат, можат да се пријават во Секторот за ТЛЕР во Општина Охрид, најдоцна до 31 август. За граѓаните кои сакаат да учествуваат на манифестацијата, Општина Охрид има обезбедено превоз со автобус, кој тргнува од пред скалестата зграда на бул. Туристича на 1 септември во 9:45 час...

Continue reading

Од Охрид за првачињата

Post Views: 1 Стотина првачиња и годинава ќе добијат нов ранец со целосен прибор за среќен почеток на учебната година. Ова е само продолжување на идејата од минатата година за првачињата од социјално загрозените семејства, за да имаат среќен почеток на учебната година. Лани им помогнавме на 96 првачиња од Општина Охрид, чии што родители немаат доволно средства за да им го обезбедат потребниот училишен прибор, објаснува иницијаторот Ивана Маховска Шикалеска.  „Јас морам да испратам благодарност до градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, кој овозможи да се реализира оваа...

Continue reading

izbori

Тесна победа на HDZ

Post Views: 1 Коалицијата на ХДЗ однесе тесна победа на изборите во Хрватска. Според 90 насто од обработените резултати, коалицијата предводена од Kарамарко доби 59 места во хрватскиот Сабор, додека досегашниот социјалдемократ и премиер Милановиќ со коалицијата „Хрватска расте“, освои 56 мандати. Клучна улога ќе има независната Мост, која пред изборите се одвои од ХДЗ, и која освои 19 мандати. „Tатковинската коалиција“, предводена од хрватската демократска заедница (ХДЗ) со освоени 59 пратенички места по 99 насто преброени гласови е победник на парламентарните избори во Хрватска што...

Continue reading

Локалната се зафати за решавање на проблемот со бездомните кучиња

Post Views: 1 Локалната самоуправа започна низа активности за решавање на проблемот со бездомните кучиња кои претставуваат опасност за граѓаните, но создаваат и грда слика пред странските туристи. Деновиве, како прв чекор започната е постапка за регистрација на прифатилиште за бездомни животни, кое ќе биде лоцирано во месноста „Мауцкер“. Прифатилиштето ќе работи согласно со Законот за благосостојба на животните донесен во 2014 година и Правилникот за техничките услови за прифатилишта за бездомни животни , донесен во 2010 година. Јавното претпријатие „ Охридски комуналец“ , согласно...

Continue reading

vreme

Од утре влажен бран над Македонија

Post Views: 2 Кусиот период од два дена стабилно и топло време завршува заклучно со денешниот ден. Веќе утре попладне се очекува поголемо наоблачување кое ќе донесе дожд кој ќе се интензивира во текот на вечерта. Врнежливото време продолжува и во петок, речиси во текот на целиот ден. Станува збор за нормални врнежи, без некој особен интензитет. Четврток ќе биде посвеж од денешниот ден, но значителен пад на температурата се очекува во петок, кога дневниот максимум на температурата на воздухот во однос на денешниот ден ќе биде понизок за околу 8°С , односно дијапазонот на максималната...

Continue reading

Охрид домаќин на средба на пациенти, семејства и експерти за Алпортов синдром

Post Views: 11 Пациенти, семејства и експерти за Алпортов синдром на средба споделуваа сознанија и животни искуства за оваа ретка болест на бубрезите. Охрид е домаќин на првата средба на Балканот за Алпортов синдром со цел сензибилизација на јавноста за оваа ретка болест. Станува збор за сериозна наследна болест која предизвикува прекин на функцијата на бубрезите, информира Проф. д-р Велибор Тасиќ од Детската Клиника, оддел за нефрологија. „ Болеста се открива во детството и во тинајџерската возраст. Прв симптом е мокрење на крв пропратено со респираторни инфекции и влошување на слухот...

Continue reading

josip broz tito

Легло на расни кучиња на само неколку метри од училиште во Струга

Post Views: 23 Стружанец одгледува кучиња во непосредна близина на О.У.„Јосип Броз Тито“.  Раководните структури на училиштето реагираат, а воедно упатуваат апел до надлежните институции, до кои биле испратени дописи за состојбата со која се соочуваат и да преземат мерки за безбедноста на учениците. Револтирани се и родителите на децата кои посетуваат настава во ова училиште. Денеска забележавме како голем дел од родителите ги чекаат своите деца, загрижени за нивната безбедност.Пошироката јавност и надлежните институции мора да бидат запознати со проблемот со кој се соочуваме околу...

Continue reading

На охридското крајбрежје се сумираат туристичките резултати за оваа летна сезона

Post Views: 2 Хотелиерите ги сумираат туристичките остварувања од летната сезона 2018. Задоволни се од резултатите бидејќи расположливите хотелски капацитети во изминатите месеци биле исполнети и до 90 проценти. Во шпицот на сезоната туристите барале и легло повеќе. Крсте Блажески, претседателот на Хотам напоменува дека подолго се во ситуација кога не можат да ги исполнат барањата на туроператорите во поглед на сместувачките капацитети. „Нема доволен број на легла и покрај тоа што на крајбрежјето се изградија неколку нови хотели во изминативе две – три години. Бројот не е задоволителен...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top