Денес во Охрид натпросечно топло со температура до 30 степени

Во Охрид денес сончево и натпросечно топло време со мала до умерена локална облачност.

 |   | 

Во Охрид денес сончево и натпросечно топло време со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува умерен ветер од југозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец (на места со брзина и над 70 км/час). Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има локален пороен дожд.

Mаксималната температура во Охрид ќе се искачи до 30. степени.

Утре преку денот и во недела претпладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата особено во северните делови ќе се намали за неколку степени. Потоа продолжува стабилно време со нешто пониски дневни температури, информираат од УХМР. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top