Post Views: 1
Mеѓународна конференција на тема „Културно наследство, историја, традиција“ ги седна на иста маса научниците од повеќе Балкански држави. Професор Рубин Земон од Институот Евро Балкан напоменува дека продолжуваат со конференциски излагања научници од Македонија, Турција, Албанија, Косово и Бугарија. Со презентација на најновите истражувања во однос на културното наследство, се развиваат релациите и се разменуваат културите, дополнува Земон.
„Нашите релации со Турција се од Отоманската империја и перидот од пост Отоманската империја. По Балканските војни има голема миграција...
Post Views: 2
Поради одржување на Меѓународната вежба NATO EADRCC (Евроатлански центар за координација на одговор при катастрофи), која ќе се реализира Охрид, во периодот од 20-ти до 25-ти септември, од денеска до 24-ти септември ќе биде целосно затворена за сообраќај улицата „Кленоец“ во делот кој поминува низ Касарната.
Од локалната самоуправа со апел до сите учесници во сообраќајот да го одбегнуваат овој дел од улицата со што би се избегнале застои во сообраќајот на околните улици.
Соочувањето на државата со можно сценарио на катастрофален земјотрес што би го зафатил Охридско-струшкиот...
Post Views: 2
Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид во есенскиот циклус, започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.
Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники...
Post Views: 1
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ги известува читателите и корисниците на нејзините услуги дека одделението за издавање книги од први септември повторно е отворено секој работен ден од 8:30 до 18:30часот.
Библиотеката постојано го обновува и збогатува книжниот фонд. Забрзано се работи и на набавкатана новите лектирни изданија за основно образование. Тоа е причина повеќе за зачленување на нови членови.
Post Views: 7
Злоупотребите за рекламирање европски вредности од страна на СДСМ и градоначалникот Стојаноски се видливи пред охриѓани, на прес конференција упати обвинување Сашо Донев претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ.
„Градоначалникот Стојаноски заедно со директорите на Јавните претпријатија се испратени во неуспешна мисија од својот ментор Зоран Заев да нудат лажна надеж. Наместо да бидат на своите работни места тие водат гола дневна политика под превезот на промоција на референдумската кампања, се обидуваат да го подобрат нивниот личен рејтинг кој е никаков и резултат на неработењето...
Post Views: 18
Стрептокока ги испразни групите со деца згрижени во градинката Лихнида, јавуваат загрижени родители чии деца го посетуваат овој објект. Тврдат дека околу 80 деца од сите групи во градинката Лихнида имале позитивен наод на задолжителениот брис од грло и нос кој треба да го направат за да бидат згрижени во градинка. Стравуваат за здравјето на своите деца и јавно прашуваат дали градинките се безбедни. За одговор на ова прашање, ТВМ ја контактираше Мери Рилкова, директор на ЈГДУ „Јасна Ристеска“. Рилкова информира дека само една третина од децата кај кои е констатирано...
Post Views: 1
Сите барем еднаш во животот изрекле некоја лага, а лажењето е начин на кој се сака да се избегне одредена санкција, било да се работи за работа или пак во врска со партнерот, фамилијата и пријателите. Но, со говорот на телото и однесувањето лесно може да открие кога некој лаже.
–Говор на телото – Говорот на телото е најчест показател за лага. Лицето кое не ја зборува вистината избегнува контакт со очите и често за време на разговорот го трга погледот настрана. Многу чест говор на тело се и прекрстените раце што симболизира одбранбен став, а истото важи и за нервозното...
Post Views: 5
Јавното претпријатие „ Билјанини извори“ во изминатите две недели во рамките на своите можности се посвети кон подобрување на условите кои ги нуди спортската сала „ Билјанини Извори“, се со цел да овозможат достоинствени услови за тренинг, натпреварување и рекреација за сите клубови, федерации и рекреативци.
Санацијата на паркетот, новата записничка маса, новите мрежи за головите за ракомет и мал фудбал, освежувањето на боите на паркетот и sидовите покрај теренот се само дел од активностите кои беа реализирани.
Post Views: 8
Вкупно седум нови амбасадори во четврток и петок ќе стапат на должност во Македонија, по предавањето на акредитивните писма на претседателот Ѓорге Иванов, прво во неговиот втор мандат.
Нови амбасадори во земјава испраќаат Полска, Велика Британија, Кина, Албанија, Финска, Латвија и Република Ирска. На местото на досегашниот британски амбасадор Кристофер Ивон, кој воедно беше и доајен на дипломатскиот кор во земјава, доаѓа Чарлс Едмонд Гарет, кој во британската дипломатија работи од 1987 година, а зад себе има искуство во британските претставништва во Хонг Конг, Никозија,...
Post Views: 1
Несоодветното депонирање на градежениот шут, кабастиот и зелениот отпад, проблем за хигиената во Охрид. Не е поштеден ни националниот парк „Галичица“, а улицата „Јордан Мијалков“ наликува на нов Мауцкер. Директорот на јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ Љупчо Грданоски, вели дека забраната за депонирање на градежен шут на депонијата Мауцкер дополнително ја усложнило ситуацијата, а смета дека интензивирањето на активностите на инспекциските служби е она што може да биде решение на овој долгогодишен проблем.
„Овој проблем станува се поголем од отприлика две години,...
Post Views: 1
Несреќен случај се случи вчера попладне, околу 19 часот, во близина на Ташмаруништа, во водите на реката Црн Дрим. Излетници од Струга пловеле со чамец по течението на реката Црн Дрим кога настрадале четворица стружани, а двајца од нив се здобиле со потешки повреди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
„ До несреќата дошло кога во чамец, во кој се наоѓале 10 лица, пловел под далновод по течението на Црн Дрим кон правец на Глобочичкото езеро кога едно од лицата при механички допир со жиците од далноводот предизвикало струен удар“.Останатите шестмина...
Post Views: 0
Министерството за култура на Р.Македонија назначи 22-ца нови директори на национални установи во областа на културата во Македонија. Во Охрид и Струга назначени се нови директори на следниве институции:
– На НУ Фестивал „Охридско лето“ – повторно директор од Скопје. Со оваа престижна институција ќе раководи Наташа Поповиќ, професор по пијано, која живее и работи во Скопје.
– На манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“ е назначен Тодорче Тасевски.
– Со Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга ќе раководи Николина Велкоска Глигороска.
–...