Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид упатија сериозни обвинувања на адреса на градоначалникот

Од ОК на Вмро Дпмне Охрид упатија сериозни обвинувања на адреса на градоначалникот и директорите на ЈП.  Градоначалникот Стојаноски наместо да ги решава секојдневните проблеми на граѓаните, тој го промовира капитулантскиот договор на Заев и нивните активности поврзани со претстојниот референду, обвинија на прес конференција ОК на ВМРО ДПМНЕ. 

 |  Валентина Неловска  | 

Злоупотребите за рекламирање европски вредности од страна на СДСМ и градоначалникот Стојаноски се видливи пред охриѓани, на прес конференција упати обвинување Сашо Донев претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ.

„Градоначалникот Стојаноски заедно со директорите на Јавните претпријатија се испратени во неуспешна мисија од својот ментор Зоран Заев да нудат лажна надеж. Наместо да бидат на своите работни места тие водат гола дневна политика под превезот на промоција на референдумската кампања, се обидуваат да го подобрат нивниот личен рејтинг кој е никаков и резултат на неработењето и неспособноста. Оваа кампања нема да Ви донесе повисок рејтинг и нема да ја скриете вашата неспособност, затоа фатете се за работа“, порача од говорницата Донев.

За каква европска иднина зборува Стојаноски кога во Охрид нема реализирано ниту еден капитален проект? Оваа власт нема ништо европско и никакви европски вредности, напротив води политики кои не носат раст и напредок и не работат за интересите на граѓаните, критикуваше Донев.

„Европски принципи се кога ќе има инфраструктурни проекти, а не низ целиот град дупки, раскопани и неасфалтирани улици.Не е европска вредност на секој чекор да се создаваат депонии и кучиња скитници да шетаат низ целиот град. Европска вредност е модерен туризам, а не недостапни јавни тоалети и санитарни контејнери“, обвини Донев.

ОД ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Општина Охрид досега има најниско реализиран буџет. Порачаа, „наместо промоција на капитулантскиот договор да се зафатите со работа и реализација на ветените проекти. За влез во ЕУ се потребни суштински реформи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top