Успешна акција на граничната полиција на Ќафасан

Post Views: 6 На 11-ти ноември оваа година, околу 19 часот, на зелениот граничен појас во близина на граничниот премин Ќафасан, граничната полиција Регионален центар Запад, пронајде и одзеде две торби со 46 пакувања опојна дрога Марихуана, со вкупна тежина од 50 килограми. На местото каде се пронајдени двете торби, извршен е увид по што, истите се подигнати а опојната дрога е предадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.Се преземаат мерки за целосно документирање и расветлување на настанот.

Continue reading

Новата облека може да биде отровна

Post Views: 14 Многу е важно пред носење новата облека да се испере, а тоа се однесува и на постелнината, пешкирите и се друго што доаѓа во допир со кожата, а може да се испере. Дерматолозите велат дека е уште подобро облеката да се испере два пати бидејќи многу е веројатно таа да содржи формалдехид. Производителите ја употребуваат оваа опасна хемикалија, која инаку се употребува и за чување на мртовци или делови од нивните тела, за да се спречи туткање на материјалот и појава на мувла. Иако количината на формалдехидот не смее да преминува некои законски граници, на пазарот сепак...

Continue reading

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ НА ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ВО ЦРКВАТА СВЕТА СОФИЈА

Post Views: 3 Градоначалникот Јован Стојаноски  го проследи концертот на  светски познатите уметници од Русија, Артем Науменко- флејта и Александар Синчук- пијано што синоќа се одржа во катедралната црква Св. Софија во Охрид. Организатор на настанот беше фестивалот Охридско Лето и истиот има хуманитарен карактер . Собраните средства ќе бидат наменети за охриѓанката Сара Настеска која веќе замина  на лекување во Германија.

Continue reading

ekipaz

„Wizz Air“ бара стјуардеси и стјуарди

Post Views: 3 Бараме кандидати за стјуарди/стјуардеси што 6и сакале да му се приклучат на тимот во нашата база во Скопје! Аплицирајте веднаш на crew.macedonia@wizzair.com, испратете ни свое CV со портрет – фотографија и фотографија од целата фигура и станете дел од тимот на WizzAir! Kerkojme kandidate per stjuarde/stjuardesa te diet do te deshirojne ti bashkangjiten ekipit ne bazen tone ne Shkup! Aplikoni menjëherë në crew.macedonia@wizzair.com, dërgoni CV tuaj me një foto portret dhe fotografi të figurës së piotë dhe bëhuni pjesë e ekipit të WizzAir-it! We are looking for candidates...

Continue reading

ОДБЕЛЕЖЕНА 30 ГОДИШНИНАТА ОД ПОСТОЕЊЕТО НА ЗДРУЖЕНИЕТО „МОБИЛНОСТ“

Post Views: 2 Со традиционална средба на инвалидизираните лица, денес, беше одбележана 30 годишната работа на Здружението на лица со телесен инвалидитет од Охрид и Дебрца „Мобилност Охрид 1988“. Присутните во име на градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски, ги поздрави претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска. Ме радува фактот што едно охридско здружение цели 30 години посветено работи на поддршка и остварувања на правата инвалидизираните лица, кои се исклучително важни за нашето општество. Во рамки на добрите практики, големиот ентузијазам, долгогодишните напори...

Continue reading

jablanica

Во Вевчани ќе се гради ски центар

Post Views: 1 Вевчани ќе добие современ ски центар. Истиот предвидено е да се изгради на планината Јабланица во месноста Јанков Камен, кое се наоѓа над Вевчани. Според најавите на градоначалникот Цветомир Угриноски, во тек е изработка на проект за овој ски центар и истиот ќе се гради по пат на јавно приватно партнерство. „Овде веќе престојуваа екипи ги разгледаа терените на кои што треба да се изградат ски центрите, хотелите и викенд населбите. Во текот на месецов ќе биде објавен и тендер и нормално по законските прописи ќе трае 45 дена после што ќе се знае и изведувачот на проектор....

Continue reading

СЕ АСФАЛТИРА ВО „ДОЛНО ЛАКОЧЕРЕЈ“ И НА УЛИЦА „ПРИЛЕПСКА“

Post Views: 1 Согласно годишниот план за работа на Фондот за комунален развој  сообраќај и улици , општина Охрид започна со асфалтирање на улици  и краци низ целата територија на Охрид. Денеска се асфалтира уличка во с. Долно Лакочереј и крак од улицата “Прилепска“. Наредниве денови ќе биде асфалтиран и крак од улица „Српница“. Паралелно со оваа активност тече и проектот за пополнување ударни дупки и прекопи, во моментов се пополнуваат ударни дупки на улица „Богомилска“.

Continue reading

Охридската полиција даруваше лампиони на учесниците во сообраќајот

Post Views: 5 Традиционално охридската полиција им посака среќни празнични денови на гостите и охриѓани со симболично дарување на новогодишни лампиони. Овој превентивен проект СВР Охрид го реализира 13-та година по ред во соработка со Интернационалната полициска асоцијација. Целта е да им посакаме среќна Нова година на туристите кои доаѓаат во Охрид, но и на охриѓани, да ги потсетиме во празничните денови да внимаваат на личната и јавната безбедност, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Воедно да им укажеме на почитување на одредбите од Законот за јавен ред и мир, да...

Continue reading

Светски компании присутни на СРЦ Билјанини извори со Тим билдинг настани

Post Views: 1 СРЦ Билјанини извори е избор за одржување на тренинзи за професионалните спортисти , но се поатрактивен станува и за спортистите рекреативци. Познати светски компании го избираат охридскиот спортски центар за организирање Тим билдинг настани за своите вработени. Така од крајот на август до ноември оваа година на терените на СРЦ Билјанини извори спортувале околу 2000 рекреативци кои оствариле 5000 ноќевања во охридските хотели, информира Гордана Јованоска, директор на спортскиот центар. Во изминативе месеци , надвор од туристичката сезона, на нашите терени престојуваа...

Continue reading

ДИК

Утврден редоследот на кандидатите на гласачкото ливче

Post Views: 1 Државната изборна комисија денеска на седница со жрепка го утврди распоредот на кандидатите на гласачкото ливче за избори за градоначалници и членови на советите на општините и на Град Скопје. Три кандидатури за градоначалник и единаесет советнички листи со вкупно 253 кандидати се во трка за една градоначалничка фотелја и 23 советнички места во охридскиот општински совет. Три советнички листи се независни, исто толку поднесени од коалиции и пет од политички партии. Кандидати за градоначалник: – Гоце Цветкоски од Трајно Македонско Радикално Обединување -ТМРО – реден...

Continue reading

СВИКАНА ОСУМНАЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИ

Post Views: 6 Свикана осумнаесеттата седница на Советот на општина Охрид на ден 15.11.2018 година (четврток ) со почеток во 11.00 часот.            Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.            За седницата го предлагам следниот: Д Н Е В Е Н   Р Е Д Усвојување на Записникот од 17.  седница 1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени за вршење на хортикултурни услуги на јавни зелени површини и одржување  јавна чистота. 2. Предлог-измени на програмата за заштита на животната средина и природата за 2018 година. 3. Предлог-измени на развојната...

Continue reading

Охридската касарна во сопственост на Општина Охрид

Post Views: 0 Се оствари еднодецениската заложба на охридската локална самоуправа, дел од поранешната касарна „Михајло Апостолски“ да биде препуштена  на  користење на град Охрид. На вчерашната свеченост по повод одбележувањето на денот на ослободувањето на Охрид, градоналникот, Јован Стојаноски истакна дека Охрид конечно го доби делот од поранешната касарна и најави дека просотриите на касарната ќе прераснат во  вистински образовен комплекс. „Со низа проекти ќе се бориме да  ги вратиме младите во Охрид  и ќе го стопираме нивното иселување. Изминатиов период работевме на подобрување ...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top