Утврден редоследот на кандидатите на гласачкото ливче

Државната изборна комисија денеска на седница со жрепка го утврди распоредот на кандидатите на гласачкото ливче за избори за градоначалници и членови на советите на општините и на Град Скопје.

 |   | 
ДИК

Државната изборна комисија денеска на седница со жрепка го утврди распоредот на кандидатите на гласачкото ливче за избори за градоначалници и членови на советите на општините и на Град Скопје.

Три кандидатури за градоначалник и единаесет советнички листи со вкупно 253 кандидати се во трка за една градоначалничка фотелја и 23 советнички места во охридскиот општински совет.

Три советнички листи се независни, исто толку поднесени од коалиции и пет од политички партии.

Кандидати за градоначалник:

– Гоце Цветкоски од Трајно Македонско Радикално Обединување -ТМРО – реден број 26

– Константин Георгиески од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ – реден број 12 и

– Кирил Пецаков од коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ – реден број 7.

Независни советнички листи:

– Група избирачи Димитар Велјаноски – реден број 122

– Група избирачи Антонио Наумоски – реден број 98

– Група избирачи Стевче Стевоски – реден број 38

Советнички листи од партиите:

– „Левица“ – носител Виолета Аврамова – реден број 15

– ДУИ – носител Нефи Усеини – реден број 3

– „Единствена Македонија“ – носител Владимир Суклоски – реден број 19

– Движење БЕСА – носител Џемал Мена 16

– ТМРО –Трајно Македонско Радикално Обединување – носител Магдалена Наумоска – реден број 26

Советнички листи на предлог на коалиции:

– ВМРО-ДПМНЕ и коалиција „Обнова на Македонија“ носител Сашо Донев – реден број 7

– ДОМ и ЛДП „Одлучно за промени“, носител Александар Станкоски – реден број 2 и

– Коалиција „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ со носител Науме Јованоски – реден број 12.

Изборната кампања за првиот круг од локалните избори официјално започнува на 27-ми септември и ќе трае до 15-ти октомври на полноќ. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top