Post Views: 11
Одржаната комеморативна седница во Факултетот за туризам и угостителство, каде Стојаноски беше долгогодишен професор, а еден период беше и дел од деканската управа на установата.
Со емотивни говори пред присутните членови на неговото семејство, колеги, пријатели, претставници од локалната самоуправа, се обратија деканот на ФТУ, проф. Д-р Цветко Андреески, Ректорот на битолскиот универзитет проф. Д-р Сашо Коруновски и Проф. Д-р Климе Попоски, Претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија во осигурувањето на Република Македонија.
Во име на студентите...
Post Views: 0
Вкупно 1.383.434 лица, 431.573 домаќинства и 595.754 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.
Денеска е 20-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште шест дена пописни активности.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 195.477 лица.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.
Post Views: 0
Големата сала на Општина Охрид беше претесна да ги прими сите кои се собраа да му оддадат последна почит на прерано починатитот градоначалник Јован Стојаноски. Пред потесното семејството на градоначалникот, министри на владиниот кабинет, претставници на дипломатскиот кор и бројни пријатели и граѓани на Охрид прв од Јован се прости премиерот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.„Јован беше колега, пријател и голем професионалец. Како градоначалник беше посветен на својата визија Охрид да биде вистинска европска, културна и туристичка престолнина. Беше препознаван...
Post Views: 1
Неговите најблиски, претставници на државниот врв, политичките партии, голем број граѓани, роднини и пријатели, на градските гробишта во Охрид, попладнево го испратија во вечното почивалиште прерано починатиот градоначалник, проф. д-р Јован Стојаноски.
Последна реч во името на сите за, проф. д-р Јован Стојаноски, имаше неговиот пријател и колега, проф. д-р Софронија Миладиноски.
Проф. д-р Јован Стојаноски, во колективната меморија на oхриѓани ќе остане запомнат по неговата широка насмевка, едноставност, ненаметливост и пријателски однос. Секогаш вреднувајќи ги потенцијалните...
Post Views: 0
Собранието на Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца, викендов ја одржа 9-та редовна седница, во проширен состав со Извршниот и Надзорниот одбор и Комисијата за Статут и правни прашања.
На почетокот од седницата со едноминутно молчење му беше дадена почит на ненадејно починатиот градоначалник на Охрид, професор- доктор Јован Стојаноски,изразувајќи жалење за неговиот млад живот, голем и добар пријател и соработник на раководството на ЗП Охрид и Дебрца,и сите пензионери од охридското здружение,бидејќи во неколкуте непосредни средби со него, имаше големо разбирање и...
Post Views: 0
Бројот на бегалци и имигранти кои по копно или море пристигнале во ЕУ премина еден милион, а 3.600 на тој пат загинале или исчезнале, објави агенцијата за бегалци на Обединетите нации (UNHCR) и Меѓународната организација за миграции (IOM).
Половина се Сиријци кои бегаат од војната, 20% се Авганистанци, а 7% Ирачани, соопштиле двете агенции во заедничкото соопштение.
Од 1.005.504 доаѓања во Грција, Бугарија, Италија, Шпанија, Малта и Кипар до 21 декември, големото мнозинство од 816.752 пристигнале по морски пат во Грција, се вели во соопштението.
“Знаеме дека миграциите...
Post Views: 5
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 17. Декември (понеделник) 2018 година во манастирот Св. Наум Охридски – Охрид, со почеток во 17:00 часот, ќе се служи вечерна богослужба по повод празникот „Преп. Нектариј Битолски“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
18. декември (вторник) 2018 година со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство...
Post Views: 8
Утре истекува последниот рок за аплицирање на Јавниот повик кој го објави Министерството за труд и социјална политика за користење на бесплатни курсеви наменети за деца без родители и родителска грижа и за лица кои до осумнаесет годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа.
Инаку со овој проект преку курсевите по анлиски јазик планирано е да бидат опфатени 400 деца без родители и родителска грижа и лица кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа, а ист број деца од оваа катаегорија ќе бидат опфатени со курсевите...
Post Views: 0
Под мотото „Биди sвезда не фрлај петарди“, СВР Охрид ги отпочна едукативните предавања „Ризици од употреба на пиротехнички средства“.
Во рамките на кампањата, полициски службеници од оделенијата за превенција во соработка со Црвениот крст, ги посетуваат основните училишта во општините Охрид, Струга, Кичево и Дебар и на најмладите им укажуваат на опасностите од пиротехничките средства што можат да се предизвикаат поради користење нелегална пиротехника, незнаење и невнимание при употребата што може да има фатални последици. „Од ваквите повреди нема заштита, опасност од...
Post Views: 7
Македонија за развој на стручното образование ќе користи искуства од Словенија. Денес во петтата приватна гимназија во Струга, директорите на Центарот за стручно образование од Македонија и Словенија, пред учениците, родителите и наставниот кадар на образовните институции од охридско струшкиот регион држеа предавање за тоа кои се бенефитите од гимназиското и стручното образовнаие. Директорот на Петтата приватна гимназија Ает Кариманоски, вели дека тоа во многу ќе помогне во определбата на родителите за тоа какво образование сакаат за своите деца.
„Родителите и децата...
Post Views: 0
По повод прераната смрт на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, до неговото семејство и до Општина Охрид, постојано пристигнуваат телеграми со сочувство, од државниот врв, политичките партии, од академскта заедница и меѓународните претставници во Република Македонија и бројни граѓани и пријатели.
Телеграма со сочуство од Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов за смртта на градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски
Почитувани,
Со голема тага ја примив веста за ненадејната смрт на вашиот градоначалник проф. д-р Јован Стојаноски. Иако не постојат...
Post Views: 1
Здраво машко дете е првото новороденче во 2022 година во Општина Охрид.
Бебето е тешко 3 килограми и 70 грама и долго 52 сантиметри. Породувањето било со царски рез во 09 и 45 минути. Бебето и мајката се во добра состојба.
Денес ги посетив и во името на граѓаните на Охрид и во мое лично име им честитав на семејството Миткоски за нивната принова и им посакав новороденчето да израсне во здрав, среќен и успешен човек. Голема благодарност упатувам до лекарскиот тим кој го изврши породувањето доктор Катерина Попоска, доктор Владо Устијаноски, анестезиологот доктор Јован...