• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Донесена Одлука за нови избори на органите и телата на здружението на пензионери на Охрид и Дебрца

Донесена Одлука за нови избори на органите и телата на здружението на пензионери на Охрид и Дебрца

Собранието на Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца, викендов ја одржа 9-та редовна седница, во проширен состав со Извршниот и Надзорниот одбор и Комисијата за Статут и правни прашања.

 |   | 

Собранието на Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца, викендов ја одржа 9-та редовна седница, во проширен состав со Извршниот и Надзорниот одбор и Комисијата за Статут и правни прашања.

На почетокот од седницата со едноминутно молчење му беше дадена почит на ненадејно починатиот градоначалник на Охрид, професор- доктор Јован Стојаноски,изразувајќи жалење за неговиот млад живот, голем и добар пријател и соработник на раководството на ЗП Охрид и Дебрца,и сите пензионери од охридското здружение,бидејќи во неколкуте непосредни средби со него, имаше големо разбирање и се залагаше за решавање на нашите прашања и проблеми, а даваше и материјална подршка.

Инаку, членовите на Собранието на ЗП Охрид и Дебрца на вчерашната седница ја прифатија Информацијата за финансиското работење во деветте месеци од оваа година,на здружението и Клубот на пензионерите, а донесоа и Програма за работа и Финансиски план за 2019 година.

На седницата беше донесена и Програма за избори на органите и телата на здружението, кои од средината на јануари треба да завршат до март наредната година.Мандатот на членовите на органите и телата на здружението се избираат за периодот од 2019 до 2023 година, за што формираа и Изборна комисија, која ќе ги спроведе изборните активности, во сите 21 Месен огранок на подрачјето на општините Охрид и Дебрца.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top