Oдржана комеморативна седница во ФТУ по повод смртта на градоначалникот Стојаноски

Одржаната комеморативна седница во Факултетот за туризам и угостителство, каде Стојаноски беше долгогодишен професор, а еден период беше и дел од деканската управа на установата.

 |   | 

Одржаната комеморативна седница во Факултетот за туризам и угостителство, каде Стојаноски беше долгогодишен професор, а еден период беше и дел од деканската управа на установата.

Со емотивни говори пред присутните членови на неговото семејство, колеги, пријатели, претставници од локалната самоуправа, се обратија деканот на ФТУ, проф. Д-р Цветко Андреески, Ректорот на битолскиот универзитет проф. Д-р Сашо Коруновски и Проф. Д-р Климе Попоски, Претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија во осигурувањето на Република Македонија.

Во име на студентите зборуваше Елена Ќосеска, која рече дека предавањата на професорот Стојаноски секогаш се очекувале со нетрпение, бидејќи биле интересни и специфични.

Ректорот на универзитетот, проф. Д-р Сашо Коруновски потенцира дека има толку многу спомени, а малку зборови, бидејќи во вакви прилики зборовите не можат да го пренесат она што сите денес го чувствуваат.

Присутните со громогласен аплауз го наградија постигнатото на професор Јован Стојаноски, неговите успеси и придонеси за развој на Факултетот за туризам и угостителство, како што беше кажано-неговиот втор дом.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top