Post Views: 4
Поради ненадејната, прерана смрт на градоначалникот Јован Стојаноски и престанок на функцијата, започната е законска постапка за избор на в.д градоначалник. Општина Охрид испратила известување до Министерството за локална самоуправа кое пак ја известило Владата за престанок на функцијата Градоначалник на Охрид согласно член 54 од законот за локална самоуправа. Во моментов во општината нема овластен потписник и администрацијата не може да прими плата. За да може локалната да функционира ќе се избира в.д градоначалник. Од општината велат дека со скратени рокови тоа ќе...
Post Views: 4
Деновиве од печат се појави романот „Љубовта е ѕвезден сјај“ од Љубица Петреска – Чифлигароска, а во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.
„Ковид пандемијата ги ограничи сите наши движења , па и настаните од културата се проретчија или се одржуваат со далеку помал број посетители и строги протоколи. Наместо промоција во живо во нашата Прличева одаја денеска, на денот на 62 роденден на авторката, таа и официјално заминува во пензија и ја напушта дружбата со учениците и професијата – одделенски наставник објавуваме и споделуваме интервју со неа.“-велат од...
Post Views: 6
Со цел елиминирање на нелегалната трговија со пиротехнички средста и спречување на несаканите последици од нејзино користење во текот на претстојните празници, СВР Охрид започна со интензивни мерки и контроли врз физички и правни лица кои нелегално вршат продажба на петарди, огномети и други пиротехнички средства. Се контролираат правните субјекти, како тезгите за новогодишни реквизити, на пазарите, продавниците и другите јавни места во Охрид и на целото останато подрачје, се прават контроли и во сообраќајот, односно се контролираат патничките и другите моторни возила.
„Полициските...
Post Views: 2
Во Музеј да се сместат вредните археолошки наоди и реплики на златните маски од Требеништа е планот на ЛС на Дебрца. Општината има намера јавно да ги презентира на едно место сите вредни артефакти пронајдени на археолошките локалитети во Дебрца. За таа цел ќе се адаптира сега руинираниот задружен дом во селото Требеништа, најавува градоначалникот Зоран Ногачески како идна заложба. Додава дека средства за таа намена ќе се користат од пред пристапните фондови на ЕУ.
„ Сакаме да го пренамениме во Музеј во дом на археолошките вредности на општина Дебрца. Тука да се изложени...
Post Views: 3
Поради постоење основи на сомнение за вкупно сторени 13 казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Т.(30) од Охрид.
Тој, казнените дела ги сторил во периодот јули-ноември оваа година во повеќе деловни објекти и куќи во Охрид употребувајќи физичка сила и подесен алат. По насилното отворање на вратите, вршел пребарување по што одземал пари, колонијални производи, златни и други вредни предмети. Со извршувањето на казнените дела, пријавениот Б.Т. се стекнал со противправна имотна корист од 369 121,оо денари.
Post Views: 3
Во експлозијата која се случила минатата ноќ на аеродромот Sabiha Gocken во Истанбул настрадале две лица задолжени за чистење на авионот на Pegasus, но причината за експлозија засега не е позната, соопштила авио-компанијата.
Авиопревозникот соопшти дека експлозијата се случила околу два часот по полноќ, кога во близина немало никој и се случила во делот за оддржување на авионот повредувајќи притоа два члена на одделот задолжен за чистење на авионите.
Полицијата опремена со заштитни прслуци и пушки воспостави безбедносни мерки на влезовите на аеродромот и истовремено...
Post Views: 14
Граѓаните кои се немоќни, болни или хендикепирани, а имаат потреба од анализи кои се прават во Центарот за јавно здравје, оваа услуга можат да ја добијат во домашни услови. Стручни екипи oд центарот доаѓаат кај пациентите на кои треба да им се земе брис од нос, грло, уринокултура или треба да им се направат други микробиолошки испитувања. Со оваа акција опфатени се и трудниците кои имаат ризична бременост или некоја друга причина па не се во можност да го посетат Центарот за јавно здравје.
Корисно е во овај временски период кога навистина е студено, кога има снег и...
Post Views: 17
Министерството за транспорт и врски утре (1 октомври 2014 година) ќе објави оглас за одобрување на возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници.
Аплицирањето, обработката на податоците како и целокупната постапка за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии се врши преку електронски систем достапен на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски www.liniskiprevoz.gov.mk
Право да учествуваат на огласот имаат сите заинтересирани...
Post Views: 2
Пријавувањето за учество на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ ќе започне од понеделник (24 декември), а не од среда (18 декември), како што беше најавено.
Пролонгирањето е поради прераната и неочекуваната смрт на нашиот подржувач број еден градоначалникот Јован Стојаноски. Третото издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ ќе се одржи на 2 јуни низ градските улици. Заинтересираните ќе можат да се пријават на трката 5 и 10 километри или тим билдинг трката на 5 километри.
Post Views: 1
Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 12 решенија против 12 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2, и 4, и член 207 став 1 точки 1, 8, и 15 од Колективниот договор на МВР.
Притоа, на девет вработени им е изречена мерка “парична казна“ на двајца вработени мерка – “запирање на постапката“, на еден вработен му е изречена мерка – “отказ , а се работи за:
На Р.Л. полицаец во ПС ОН Струга, изречена му е мерка– “парична казна“ (се оглушил на наредбата...
Post Views: 5
Семејството на прерано починатиот градоначалник на Охрид Јован Стојаноски, до сите граѓани на Охрид, упати зборови на благодарност за искажаната нивна поддршка и почит кон својот градоначалник.
Почитувани,
Во најтешките моменти за нашето семејство, сакаме да Ви упатиме ОГРОМНА благодарност до сите вас добри и прекрасни луѓе, кои ги надминавте сите партиски, човечки и секакви други препреки и со дела, убав збор, стисната рака во знак на поддршка или само човечки поглед, ни помогате да го изминеме и ова најголемо премрежје.
Зборови немаме, солзите не запираат, за нас остана...
Post Views: 1
Корисниците на колекторски услуги во најбрз можен рок да ги подмират своите обврски затоа што ќе следуваат тужби, најавуваат од Колекторски систем.
Од ЈП Колекторски систем ги известуваат сите корисници на услуги од Општините Охрид и Струга кои ги немаат измирено своите обврски за колекторски услуги заклучно со 2021 година, дека согласно Законот за Облигациони односи поради застарување на долговите, должни се да отпочнат со правна постапка односно оптужување на сите корисници кои ги немаат измирено своите обврски без разлика на висината во законскиот предвиден рок,...