Кривична пријава за осомничен за кражби

Поради постоење основи на сомнение за вкупно сторени 13 казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Т.(30) од Охрид.

 |   | 

Поради постоење основи на сомнение за вкупно сторени 13 казнени дела „тешка кражба“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Т.(30) од Охрид.

Тој, казнените дела ги сторил во периодот јули-ноември оваа година во повеќе деловни објекти и куќи во Охрид употребувајќи физичка сила и подесен алат. По насилното отворање на вратите, вршел пребарување по што одземал пари, колонијални производи, златни и други вредни предмети. Со извршувањето на казнените дела, пријавениот Б.Т. се стекнал со противправна имотна корист од 369 121,оо денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top