Post Views: 5
Утрово од СВР Охрид информираа дека во Охрид за време на новогодишната ноќ, регистрирано е само едно нарушување на јавниот ред и мир.
Станува збор за инцидент кој се случил во 4.30 часот пред казино на улицата „Партизанска“, во кое учествувале седум лица. Во тепачката две лица се здобиле со повреди, по што им била укажана лекарска помош.
Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид информира дека екипа на СВР веднаш интервенирала на местото на настанот, при што учесниците во инцидентот се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Димижоски додадва дека во...
Post Views: 3
На стадионот „Билјанини извори“ во Охрид утре ќе се одигра натпреварот ФК Воска-ФК Велешта во рамки на петтото коло од Втората македонска фудбалска лига-Запад.
Натпреварот е со почеток во 15 часот.
Инаку, Воска во моментов се наоѓа на четвртата позиција на табелата, со вкупно 6 бодови.
Во продолжение сите натпревари од 5-то коло во ВМФЛ:
ФК Тетекс 1953-ФК СИЛЕКС
КФГ ГОСТИВАР-ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС
ФК КОРАБИ-ФК КАДИНО
ФК ВАРДАР-ФК БЕСА 1976
ФК ВОСКА СПОРТ-ФК ВЕЛЕШТА
Post Views: 12
Денес во ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид им беа врачени благодарници на претставниците од АД „Галеб“ – Охрид и ТАВ Македонија аеродром Св.Апостол Павле – Охрид за успешната соработка и со желби истата да биде што побогата и поуспешна наредната година.
260 деца згрижени во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“,минатата недела го пречекаа Дедо Мраз кој слета на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.Најсаканиот дедо на Светот ги дарува дечињата со пригодни подароци и им посака среќа и весело детство во новата година.Пакетчињата за најмладите ги обезбеди општина Охрид,...
Post Views: 0
Библиотеката Григор Прличев успешно ја завршува 2018 година. Во текот на изминатите месеци реализирале бројни проекти, книжевни настани и промоции на книги. Сепак она што најмногу ги радува е зголемувањето на бројот на читателите, информира Гордана Змејкоска, директор на националната установа библиотека Григор Прличев.
„Читатели имаме од ден на ден во се поголем број. Најмногу се чита белетристика. Затоа постојано набавуваме нови наслови на книги за да бидат застапени. Исто така е застапена и стручната литература. Имаме читатели од 7 до 77 годишна возраст“, вели Змејкоска.
Библиотеката...
Post Views: 0
Како и секоја година СВР Охрид и годинава на денот на дочекот на Новата Година, на сите охриѓани но и на гостите кои решиле Охрид да биде нивна дестинација за новогодишните и божиќните празници, со скромен подарок, лампион им ја честита Новата година. Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид, од името на охридската полиција им се заблагодари на туристите што го избрале Охрид да биде местото каде ќе ја поминат најлудата ноќ, а до сите охриѓани и гости упати апел.
„Сакаме да упатиме апел до сите охриѓани и гости, најдобро да ја поминат новата година, но сепак да внимаваат...
Post Views: 0
Иако само пред една година најголемите енергетски експерти и берзански играчи тврдеа дека времето за евтини енергенси е минато свршено време и дека е многу извесно дека наредните месеци и години цената на нафтата ќе се движи околу 200 долари по барел, сепак актуелната ситуација со цена од 36 долари подеднакво ја збунува јавноста и експертите.
Никој не знае каде е дното, а некои аналитичари како Jan Stuart од Credit Suiss, сметаат дека во наредниот период цената ќе остане на сегашното ниво, а не е невозможно барел нафта да падне и на 20 долари, како што стои во писмото...
Post Views: 1
„Со доволно креативност, иновативност и посветеност, сепак може да се успее“
Градежната компанија Адора инженеринг која 17 години е потврден бренд во високата градба, 2018 година ја заврши со евидентни бизнис успеси. Во услови на економска и политичка криза, забавен економски развој и значителен пад на учеството на градежниот сектор во националната економија, оваа компанија остана предводник на високата градба, бележејќи значителен скок во успешноста, искачувајќи се на 23-тото место меѓу најуспешните компании во Република Македонија.
Успеси кои ја одбележаа 2018 во Адора...
Post Views: 1
Министерство за труд и социјална политика ги повикува сите заинтересирани лица, кои имаат деца кои се со пречки во телесниот развој на возраст од 6-26 години и се корисници на правото на посебен додаток, да се пријават за користење на бесплатна услуга за рекреација и рехабилитација на деца со пречки во развојот во ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“-Струмица.
Oваа услуга може да ја користат деца со церебрална парализа и децата кои имаат пречки во телесниот развој или комбинирани пречки (со примарен телесен инвалидитет), на возраст од 6 до 26 години...
Post Views: 0
По барање на правното лице кое стопанисува со просторот на поранешниот полигон за мали спортови и истиот простор го користи како паркинг-простор, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ го расчистија истиот од расфрлан ситен комунален отпад и лисја.
Се спроведе и акција за чистење на речното корито на р.Сушица од расфрлан комунален отпад и градежен шут до пресекот со ул.„Железничка“.
Post Views: 0
Утре (Четврток), во 13.03.2014, со почеток во 12 часот, Градоначалникот на Општина Струга, Зиадин Села, ќе оствари средба со Амбасадорот Ралф Брет од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Амбасадорот на Швајцарија, Стефано Лазарато.
Целта на средбата е потпишување на Меморандум за Соработка помеѓу Општина Струга и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, за проектот “Медијација за промена”.
Оваа активност ќе се оддржи во просториите на СОУ “Нико Нестор”, во Центарот за Медијација.
{loadposition content9}
Post Views: 11
Почитувани сограѓани,
Во новата 2019 година, влегуваме со цврста определба и верба дека сите заедно ќе работиме за подобар живот и подобро утре за Охрид. Во годинава што е зад нас, го изгубивме својот градоначалник, но не ја изгубивме неговата визија и неговите соништа за европски, модерен и развиен Охрид. Ветуваме дека со упорна и посветена работа Охрид ќе го направиме убаво место за живеење, развиен културен и економски центар и светски позната туристичка дестинација.
Во 2018 година е интензивиран процесот за финансиска консолидација на Општина Охрид и со помош на...
Post Views: 0
Русија денеска пријави повеќе од 124.000 инфекции на коронавирус, што претставува највисокиот дневен биланс од почетокот на пандемијата во услови на континуиран наплив на заболени од екстремно заразната варијанта на омикрон.
Руските здравствени власти додадоа дека во изминатите 24 часа се регистрирани 621 смртен случај. Официјално, руската работна група за Ковид-19 забележа нешто повеќе од 329.000 смртни случаи како последица на болеста од почетокот на пандемијата, но бројот на починати кои се пријавени од државната статистичка служба е двојно поголем.