Новогодоишна ноќ без сериозни инциденти и сообраќајни незгоди во Охрид

Утрово од СВР Охрид информираа дека во Охрид за време на новогодишната ноќ, регистрирано е само едно нарушување на јавниот ред и мир.

 |   | 

Утрово од СВР Охрид информираа дека во Охрид за време на новогодишната ноќ, регистрирано е само едно нарушување на јавниот ред и мир.

Станува збор за инцидент кој се случил во 4.30 часот пред казино на улицата „Партизанска“, во кое учествувале седум лица. Во тепачката две лица се здобиле со повреди, по што им била укажана лекарска помош.

Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид информира дека екипа на СВР веднаш интервенирала на местото на настанот, при што учесниците во инцидентот се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Димижоски додадва дека во Охрид, како и на целото останато подрачје кое СВР Охрид го покрива, во изминатото деноноќие не се случиле сообраќајни незгоди.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top