СВР Охрид со апел до охриѓани и гостите

СВР Охрид, пред самиот дочек на најлудата ноќ, со симболични подароци на своите граѓани, како и на туристите кои ќе го посетат Охрид им ја честита новата година. Упатуваат апел за зголемено внимание во сообраќајот, охриѓани гостите да не конзумираат алкохол доколку управуваат со моторни возила и да го почитуваат јавниот ред и мир.

 |   | 

Како и секоја година СВР Охрид и годинава на денот на дочекот на Новата Година, на сите охриѓани но и на гостите кои решиле Охрид да биде нивна дестинација за новогодишните и божиќните празници, со скромен подарок, лампион им ја честита Новата година. Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид, од името на охридската полиција им се заблагодари на туристите што го избрале Охрид да биде местото каде ќе ја поминат најлудата ноќ, а до сите охриѓани и гости упати апел.

„Сакаме да упатиме апел до сите охриѓани и гости, најдобро да ја поминат новата година, но сепак да внимаваат пред се во сообраќајот, да не управуваат моторни и други возила под дејство на алкохол и да внимаваат пред се во прославувањето на новогодишните празници во делот на јавниот ред и мир. Да се почитуваат пред се во угостителските објекти и онаму каде прославуваат, да внимаваат на личната и на безбедноста на останатите гости“, порача Стефан Димоски – портпарол СВР Охрид.

Некои од граѓаните велат дека ќе бидат совесни. А доколку конзумираат алкохол, тука се такси компаниите, кои ќе им помогнат безгрижно да ја поминат најлудата ноќ.

„Ќе ги користиме сите услуги. Од такси служби, доколку пиеме алкохол, ќе викнеме такси служба, нема да возиме наше возило“.

Од СВР потенцираат и дека, полицискте службеници ќе продолжат со контроли на тезгите за новогодишни реквизити, на пазарите, продавниците и другите јавни места во Охрид и на целото останато подрачје, а оваа недела уште повеќе ќе ги интезивираат теренските активности, што значи дека ќе вршат контроли и во сообраќајот, односно ќе ги контролираат патничките и другите моторни возила, се со цел да се сузбие нелегалната трговија со пиротехнички средства.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top