Post Views: 4
Закажаниот мирен протест на здружението на граѓани Совест за реконструкцијата на Али Пашината џамија, кој првично беше најавен за утре,19ти март, се одложува на неопределено време, информираат од здружението.
Ваквиот развој на настаните се должи на реакцијата на институциите и нивно конечно прифаќање на одговорноста. Во таа насока е закажаната средба на претставници на ЗГ „Совест“ со премиерот Зоран Заев, за 20 март во Скопје. Се надеваме дека она за што искрено се залагавме во изминативе две и пол години – почитување на законите и зачувување на вредностите на Охрид, ...
Post Views: 0
Од најавите пред девет години до денес, Волво отствари голем напредок и претстави бројни безбедносни опции во своите автомобили, а во следните неколку години ќе продолжи со развојот и со имплементација на новите опции до 2020 година кога во продажба ќе имаат автомобили со напредни автономни можности со кои ризикот од несреќи ќе биде сведен на минимум.
Ова се некои од технологиите кои денес делумно се применуваат и од кои може да се очекува да бидат имплементирани во возилата на Волво.
Сензори за воочување на пешаци – сензорите во автомобилите ќе препознаваат пешаци...
Post Views: 1
Општина Струга е една од општините која е презадолжена и години наназад функционира со потешкотии. Долгот изнесува 262 203 073 ден. Владата на РМ неодамна донесе Закон за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа со кој 51% од долгот на секоја општина доспеан заклучно со септември минатата година ќе им биде покриен. Но, додека останатите општини мака мачат како да се справат со долговите и стегаат ремен, задолженоста на општина Стуга многу не го загрижува градоначалникот Рамиз Мерко. Неодамна општината купи службено возило марка Ауди за кое од буџетот...
Post Views: 10
Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, ген. дир. на Адора Инженеринг ја доби Наградата за индивидуален филантроп за 2013-та година во Македонија од Центарот за институционален развој ЦИРа, што синоќа во Скопје ги додели традиционалните награди за филантропија и општествена одговорност, со кои им се оддава признание и благодарност на поединци и претпријатија за добрите дела за општестевото и се слави хуманоста и човекољубието.
За проф. д-р Ванчо Чифлиганец, наградата за филантроп на годината претставува сатисфакција, вистинска потврда и мотив за неговите долгогодишни ангажирања...
Post Views: 0
Општина Охрид и НУ Библиотека „ Григор Прличев“ организираа одбележување на двоен јубилеј -185 години од раѓањето и 110 години од смртта на Кузман Шапкарев. Шапкарев е роден во Охрид во 1834 година,а умира во Софија на 18 март, 1909 година. За новите факти за животот и делото на познатиот македонски преродбеник, охриѓанецот Кузман Шапкарев, зборуваа професорката Татјана Дурнева и проф. д-р Томе Груевски. Професорката Дурнева истакна дека првите запишани македонски народни умотворби датираат од 14 век. 19 век е периодот на романтизмот и културната преродба во Македонија...
Post Views: 1
Денес во Струга во црквата „Свети Георгиј“ со почеток во 16 часот ќе се одржи вечерна богослужба и литија со светите мошти на Свети великомаченик Георгиј Победоносец и со неговата чудотворна икона.
Станува збор за една многу стара духовна традиција која ја практикуваат православните христијани во Струга. Со литијата не само што се слави светецот, но се осветува и целата природа во градот и околината.
„Литијата е многу стара традиција.Имаме потврда дека постои стотици години уназад, односно околу петстотини години. Во ваква организација, со носењето на моштите на Свети...
Post Views: 0
Службите на МЈП Проаква заедно со комуналните инспектори од Локалната самоуправа откриваат нелегани приклучоци на вода. Диви приклучоци на градскиот водовод има во разни делови од градот. Несовесни граѓани избегнуваат легално да се приклучат на системот за водоснабдување и вршат кражба на водата од градската водоводна мрежа, информираат од МЈП Проаква. Досега се поднесени 10 тужби за кои се води постапка пред надлежниот Основен суд.
„Жално е што сеуште има гараѓни кои на своја рака си направиле диви приклучоци и не се евидентирани кај нас. Но службите за контрола и присилна...
Post Views: 9
Медиумите јавуваат дека бранот ледени бури се протега од сојузната држава Ново Мексико, во југозападниот дел на САД, до Вермонт на североисток од земјата.
Гувернерите на сојузните држави апелираа до граѓаните да избегнуваат движење по автопатиштата, а на училиштата и универзитетите им наложија да ја прекинат наставата.
Во Мичиген се очекуваат околу 30 сантиметри снег, а надлежните служби издадоа предупредување да не се патува.
Се приближува многу студен и непријатен систем што ќе го отежне патувањето – изјави Марти Рауш, метеоролог од Националната метеоролошка...
Post Views: 3
Со традиционална свеченост, ТАВ Македонија ги пречека 118-те патници што пристигнаа од Малме, шестиот најголем град во Скандинавија, на охридскиот аеродром, денеска, 18-ти март, во 11:25 часот, со Ербас A 320 на Визер. Половина час подоцна, во 11:55 часот, воздухопловот полета од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид назад кон Малме со 60 патници.
Утре, 19-ти март, во 17:25 часот, охридскиот аеродром ќе ги пречека првите патници кои ќе пристигнат со првиот лет на Визер од Милано, италијанскиот град познат како еден од главните градови во светот на модата и дизајнот. Новите...
Post Views: 11
Низа инфраструктурни зафати, чија цел е градот да добие функционално решение за централното подрачје, најави кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески. Тој кажа дека станува збор за проект “Урбана култура“ како еден од носечките проекти на кој посветено ќе работат во претстојниот период, доколку ја добијат довербата на охриѓани.
Почетна точка за реализација на проектот е реконструкција на плоштадот „Чинар“ заедно со пешачката улица „Гоце Делчев“ кои наскоро ќе добијат комплетно нов и современ лик.Реконструкцијата...
Post Views: 21
Најпоставуваниот современ шпански текст “Метод” (El mètode Grönholm) од Жорди Галсеран, повторно на репертоарот на Народен Театар Охрид.
Претстава зборува за последносто интервју на финалните четири кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот.
Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на “големата слика” и го поставува прашањето колку голема е всушност “големата...
Post Views: 7
Оперативните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец“ деновиве спроведуваат акции за расчистување и подигнување на расфрлан ситен и кабаст отпад од јавните површини.
Во текот на вчерашниот ден се расчисти тревната површина во близина на Ј.З.У.„Општа болница„-Охрид по ул.„Марко Цепенков„ каде несовесни поединци расфрлале најразновиден градежен отпад од уредување на домовите, пластични амбалажа и други видови отпад.
Денеска акцијата се реализира на ул.„Ристо Чадо“ на потегот од кружниот тек кај ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ до „Стобекс“.