Георгиески : Носечки проект ќе биде „Урбана култура“ во Охрид

„Урбана култура“ е еден од носечките проекти на кој посветено ќе работиме во текот на наредниот период. Целта е градот да добие функционално решение за централното подрачје, истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески.

 |   | 

Низа инфраструктурни зафати, чија цел е градот да добие функционално решение за централното подрачје, најави кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Константин Георгиески. Тој кажа дека станува збор за проект “Урбана култура“ како еден од носечките проекти на кој посветено ќе работат во претстојниот период, доколку ја добијат довербата на охриѓани.

Почетна точка за реализација на проектот е реконструкција на плоштадот „Чинар“ заедно со пешачката улица „Гоце Делчев“ кои наскоро ќе добијат комплетно нов и современ лик.Реконструкцијата предвидува замена на постојниот плочник со нови гранитни плочки, замена на постојната фонтана, уредување на просторот околу „Чинарoт,нова урбана опрема и осветлување. Во моментот се чекаКонзерваторско одобрение од Управата за заштита на културно наследство, кое беше аплицирано на 15-ти јули оваа година – објасни Георгиески.

Георгиески најави и план за враќање на сјајот и автентичниот изглед на Охридската чаршија. Планот предвидува чаршијата по целата нејзина должина од „Чинарот“ до Градскиот плоштад да биде поплочена со гранитни плочки и унифицирање на излозите и рекламните паноа на деловните објекти.

Како најважен сегмент од проектот „Урбана култура“ е реконструкција на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, согласно сите предвидени мерки за заштита и чување на препознатливите визури на градот. Ќе се изврши обнова на целата негова површина, ќе биде поставена автентична урбана опрема, осветлување и ќе биде извршено современо хортикултурно уредување – кажа Георгиески.

Во согласност со препораките на УНЕСКО, како дел од проектот „Урбана култура“ Георгиески најави и мерки за замена на бехатон плочките со природни материјали, согласно староградската архитектура од сите локации во заштитениот дел на градот,.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top